Коментари

Лунарната Нова година во македонската поезија на Марија Емилија Кукубајска

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska

Лунарната Нова година во македонската поезија на Марија Емилија Кукубајска, претставувана со перформанси на универзитети и во галерии во Калифорнија, 1991-1992, и во Република Македонија, 2016 

1mar5         1mar56

Весниците Los Angeles Times и Nguoi Viet, за поезијата на Марија Кукубајска и уметничката соработка со американското и виетнамското сликарство, музика и култура. Дијаспората од САД   

Донесуваме импресии од македонската поетеса Марија Емилија Кукубајска, со податоци од нејзината Скица за библиографија со монографски сегменти (Изд. Универзитетска библиотека Гоце Делчев Штип, 2020). 

„Во 1991-2 година, бев дел од дијаспората на Република Македонија во Јужна Калифорнија; живеев во Северен Холивуд, Лос Ангелес, оддалечен околу 30 километри од Монтереј Парк, градот кој годинава доживеа крвава пресметка на старите против новите идеи за напредок и светски поредок. Временската и културолошката дистанца се релевантен фактор за споредба на урбаната антропологија и современата култура, и пост-култура денес. Тогаш, во последната декада од 20ти век, американското општество беше сеуште побезбедно, иако го делеа само две децении од други нереди: марксистичка хипи револуција, војна против комунизмот во Виетнам, и месеци од расните судири во Лос Ангелес, 1992 година, меѓу афро-американски, азиски и латино американски граѓани. Тоа и лично го доживеав. Преку американското мобилно и динамично образование со светски стандарди, уште во 1975-6 година, на California State University Chico, проучував англо-американска култура и литература и ја споредував со идентитетските наследства на други народи: македонски, европски, руски, афро-американски, латинско американски, јапонски, арапски, ирански, индиски, африкански… 

Мојот ентузијазам за компаративно запознавање со американската и светската литература, произлезе и од тие магистерските студии со Фулбрајтова стипендија во САД, но и од моите индивидуални и професионални ангажмани за образовен развој. Подоцна, во1990те, кога бев уметнички директор на виетнамската галерија Viet Nguen Studiо Gallery, во Бурбанк, се посветив на проучување на 4.000 год. старата виетнамска историја на културата и јазикот, имајќи претходни искуства со преводи од друга далечно азиска литература, јапонската хаику (со Казуо Танака, Македонска комисија за меѓународна соработка, изд. Македонска ревија, Скопје).

Посебно ме интересираше космогонијата и рационалното во Лунарната нова година. Со мои мини есеи и слики на виетнамско-американскиот сликар Виет Нгуен, соработувавме и настапувавме во национални установи спонсорирани од федерални фондации: National Endowments for the Arts, Indochina arts project: Pacific Asia Museum, Pasadena. Организиравме перформанси на теми: Традиција и напредок, новото како продолжена генерација на старото, новите години како деца на минатите времиња. Со Виет Нгуен соработувавме на Арт-По, сликарско-поетски прослави на мирот и слободата, како дел од македонската и виетнамската дијаспора во северна Америка. Американската академска и социо-култура тогаш беа извонредно инклузивни, овозможуваше бројни подиуми за суштински креативни и иновативни идеи. Моја поезија напоредно со сликарските дела  претставував на англиски и македонски јазик во Калифорнија, на 1. Loyola Marymount University – Laband Art Gallery; 2. Whitney Museum – Chapman University College; 3. Wignal Museum Gallery – Chaffey College; 4. Irvine Fine Arts Center. Инспирациите од најмоќната, американската нација од сите нации, ги изразувавме и во креативната соработка – Сајгон-Лос Ангелес, со сликарот Лам Триет, универзитетски професор од Сајгон. Мојот македонскиот ентузијазам носеше пораки за светла иднина на човекот и човештвото како дел од светот кој и Гоце Делчев и Александар Македонски го разбираа како поле за културен натпревар меѓу народите. За споредба, денес прославите на животот и времињата таму се покажуваат смртоносни.

Тогаш, во САД, во поезијата го применував мојот концепт „Екологија на душата“ – за чистење на моралниот слој од контаминација со омраза, нетолеранција, пороци. Таа свест за потребата од мир и слобода и за здрава соработка меѓу народите, беше зајакната по тогашното распаѓањето на Југославија. Напредокот на Македонија во нејзината ново стекната сувереност како независна држава, со национален идентитет и континуирано културно значење низ милениуми, беше моја егзалтирана љубов кон татковината и ентузијазам од неа, иако далеку од Македонија. Веќе вродениот интерес за проучување на духовната и материјалната историја на мојата сакана родна земја, беше засилен со нејзиното осамостојување од Југословенската федерација. А тоа го потенцираше моето разбирање и почит кон културите на народите, расите и верите со нивните цели за самостоен развој.

Истражувањата за Далечниот исток ги продолжив и во Република Македонија, на Универзитетот Гоце Делчев, Филозофски Факултет, Штип каде постанав дел од основачкиот кадар, 2007. И тогаш ја претставив Лунарната нова година, организирав мултимедијална претстава со кинески студенти на УГД, се проектираше поетски, визуелен и музички Календар „Мир и напредок“, со двојазични мини-есеи, на македонски и англиски јазик, и со учество на кинеските студенти со нивни восхитени импресии за Македонија.   https://eprints.ugd.edu.mk/15529/2/Kukubajska.pdf  

Aзиските американци (22 милиони во САД), на 22 јануари 2023 година го доживеаја спротивното од желбите за радосен, долг и успешен и живот во оваа Лунарна нова година. Во Монтереј Парк, 40 километри од Дизниленд, светскиот град на забавата, се случи масакрирање во градското Студио за танц. Тоа личеше на перформанс на смртта, со 10 мртви и уште толку повредени. По две години од пандемиското одбегнување на прослави, годинава населението од таму и од неколку околни градови, веќе се крие од својата околина и се плаши од експанзијата на масовни убиства низ САД.     

Повеќе од 2 милијарди луѓе на планетата слават Лунарна нова година, настан воспоставен веќе 3.500 години од династијата Шанг. За Кинезите, Виетнамците и други азиски народи тоа е најсветол празник кој трае 15 дена, меѓу млада и полна месечина. Гувернерот на Калифорнија, во септември 2022, ја прогласи Лунарната нова година за државен празник. За Виетнамците 2023 е година на мачката, а за Кинезите, година на зајакот. Од 22-ри јануари до 5-ти февруари 2023 година е период за свето празнично славење на преродбата на природата, пролетта, цвеќето, убавината, љубовта кон добрината, традиционалните фамилијарни доблести, вредности сеуште споделувани кај повеќето народи во светот. Тогаш се здружуваат благослови и се разменуваат подароци со црвени писменца, со пари и желби за духовен и материјален напредок. Се изведуваат игри на змејот и лавот, симболи на телесна и умствена сила која се проектира во славениците. Се посетуваат храмови, за утеха и обнова на животот, се чистат домовите и долговите, за чист почеток во иднината, со молитви за чистење на минатото од непријателски сили.

http://www.mn.mk/komentari/19412-Novo-izdanie-ZA-DELATA-NA-PISATELOT-MARIJA-EMILIJA-KUKUBAJSKA

http://www.mn.mk/aktuelno/19390-Skica-za-BIBLIOGRAFIJA-I-MONOGRAFIJA-za-prof-d-r–MARIJA-EMILIJA-KUKUBAJSKA

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top