Коментари

Ламбе Арнаудов: ИСЦЕЛИТЕЛНАТА МОЌ И УНИВЕРЗАЛНОСТА НА ПОРАКИТЕ НА МОШТИТЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Пред петнаесетина денови, односно, токму на денот на прославата и чествувањето по повод раѓањето но и смртта на прославениот охридски ГЕМИЏИЈА МАРКО БОШНАКОВ бев за среќа и голема радост во Охрид.

За величественоста на неговото дело, фанатичната преданост во борбата за ослободување на МАКЕДОНИЈА и фасцинантната духовна градба на ГЕМИЏИЈАТА, сé е познато и заради сето тоа јас пред неговиот лик и дело длабоко се поклонувам и клечам.

Но, во сиот овој раскош на патриотизам, верба, истрајност, непоколебливост и одбивност од скршнување на тој зацртан пат со однапред познат епилог, трагичен во моментот, но со блескава светлост во вечноста, ме вчудоневиде еден навидум помалу значаен чин.

ЧИНОТ на донесување на главата на ГЕМИЏИЈАТА дури од далечната пустинска Либија ископана со голи раце од неговите соборци ГЕМИЏИИ ШАТЕВ и БОГДАНОВ.

Од една страна, длабоката традиционална сочувствителност кон семејството, христијански, човечки и морално етички искажана чест.

Од друга страна, да навлеземе во суштината и пораките од ваквата ангажираност, и големината на човечкиот ум опседнат и посветен на својот македонски род и татковина МАКЕДОНИЈА.

Генијалноста на овој чин трае, се потврдува и разнесува низ просторот и времето, благодарејќи на нивната убеденост дека жртвата ГЕМИЏИЈАТА МАРКО не е залудна, е непотрошлива и непресушен извор на инспирација за идните поколенија, извира и се разлева насекаде до каде живеат МАКЕДОНЦИ.

Главата на МАРКО ГЕМИЏИЈАТА сега вградена, сродена и изедначена со македонската напатена оросена со патриотска крв земја во која почива, испраќа повеќедимензионални пораки за тоа што треба и на каков начин се сака татковината.

Исцелителната моќ на овој револуционер духовно нé лечи и целосно нé оздравува во моменти на депресија, безнадежност и очај што не инфицирале, разнишана самодоверба, но и нова снага и патоказ за кога ќе се исправиме и уште посилни ќе зачекориме еруптивно силно да го надополниме загубеното во времето на заболеноста и мрзливоста и силни бодри да го прегазиме несаканото, а да го поканиме НАШЕТО, СВЕТОТО.

Секако тука во прв ред ги ставаме исцелителната моќ и високо интригантите универзални пораки на нашиот најголем син МАКЕДОНСКИ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и ДРУГИТЕ.

Затоа, драги мои почитувани ВМРОВЦИ во време на заболеност и пројавена слабост на отпадници од ВМРО-ДПМНЕ: СЕТЕТЕ СЕ:

И ОДГОВОРЕТЕ ИМ.

Ние членовите, симпатизерите, гласачите и почитувачите на ВМРО-ДПМНЕ имаме со што да се гордееме и чесно и гордо да стоиме исправени пред својот народ.

Создадовме суверена, независна, самостојна и демократска Република МАКЕДОНИЈА меѓународно призната со што го остваривме сонот на многу, многу генерации пред нас.

Живеејќи и дејствувајќи не ретко во нарушени демократски процеси извојувавме рекорден број на победи на парламентарни, локални, претседателски избори и референдумски изјаснувања.

Дадовме двајца претседатели на држава и еден потпретседател, двајца премиери, многу скоро ќе го добиеме третиот премиер г-дин Христијан Мицкоски кој сигурно ќе ја спаси Македонија и еден технички премиер, неколку стотина пратеници и сто толку, ако не и повеќе градоначалници од кои повеќе пати наш градоначалник на Скопје, неколку илјади локални советници, државни секретари, директори, дипломати, амбасадори, конзули, стотици министри, директори на агенции и владини претпријатија и многу други локални и државни службеници и речиси никаде не сме се посрамотиле.

Чесно, поштено, со љубов кон својот народ и МАКЕДОНИЈА како наследени ГЕНИ но и со постојано сеќавање на исцелителната моќ на нашиот дух, да ги препознаеме и прифатиме универзалните патриотски, слободарски и демократски пораки МИРОТОЧИВИ од моштите на МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ И РЕВОЛУЦИОНЕРИ.

Градевме, градиме и ќе градиме, го зголемуваме стандардот на граѓаните, отворавме работни места, инвестиравме во патната и електрична инфраструктура, го јакневме демократскиот амбиент, вложувавме во култура, спорт, најмногу во образование, земјоделците никогаш не биле посигурни за својот производ, наградени без грижа за пласман и цена.

Ги релаксиравме меѓунационалните односи како никогаш до сега давајќи еднаква стартна позиција на сите. Така ќе биде и понатака.

Да си ВМРОВЕЦ е тешко. Одговорноста од дадениот збор и верноста кон својот народ е голема.

Затоа и тешко се живее како ВМРОВЕЦ. Но, тој кој не е ТОА, тој и воопшто не ни живее.

НИЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ.

На крај, за душегрижниците измамници, и МАКЕДОНЦИ и АЛБАНЦИ, една моја порака, ако нешто ви значи.

НЕ Е СРЕЌА ЛАВОВИТЕ И ОРЛИТЕ ДА ЖИВЕАТ ЗАЕДНО ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА.

СРЕЌА Е ДА ЖИВЕАТ ЗАЕДНО ВО СЛОБОДНА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top