Коментари

„МАКЕДОНСКА НАЦИЈА” (1971—1990)-МИНХЕН, (2009-2026) МАКЕДОНИЈА

6bbb-slave

6bbb-slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Гласилото „Македонска нација” беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен.

Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари—февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ).

1Dra3

Се печатеше на македонски јазик, на триесетина страници, на формат како списание на 21 х29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драги Радински, потоа Драган Богдановски, потоа инж. Танас Ташев, Благој Шамбевски, Ване Самоилов и други.

Во воведната статија од првиот број се нагласува следното: „Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македоиија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национално чувство, да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија, нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик.

Нашите браќа и сестри под грчкото и бутарското ропство постојано се изложени на систематски денационализаторски режими кои имаат за цел да ги уништат како народ, да ги погрчи и да ги побугарчи, или пак присилно да се иселат од нивните родни огништа..,

Во сеопштиот македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емнгранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска православна црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појави ова скромно списание чие име е „Македонска нација”.

Во продолжение се вели дека целите на списанието „Македонска нација”, покрај другото, се да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, разобличувајќи ги притоа лагите и клеветите што ги шират балканските националисти и империјалисти.

17-DOOM 3

Притоа, името на списанието јасно го оцртува неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа нe e орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна во која може да соработува секој Македонец кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација.

Издавачите на „Македонска нација” сметаат дека на македонската национална кауза може да и’ служи секој чесен Македонец без разлика на негавите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Списаниего нема цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку надпартиско, една широка македонска национална трибуна, што ќе работи на постигнување македоиско единство.

Вториот број е отпечатен како двоброј за март и април 1971 годна, на ист формат, на 20 страници, и со променета боја на главата. И наредните четири броеви во 1971 година, се идентични на првиот број како по формата, техничкото решение,  така  и   по  содржината.

Во текот на 1972 година отпечатени се пет броја, од кои од бројот 8 издавач и редактор е Драган Богдановски и се печати во Минхен, Западна Германија, со годишна претплата од 20 ДМ. Од бројот тринаесет како уредник на списапието се јавува  ииж.   Танас  Ташев,   а  подоциа  повторно  Драган   Богдановски.

Од бројот 17 за септември—октомври 1973 година, списанието „Македонска нација” го мени клишето на главата, со тоа што на левата страна е поместена етничката карта на Македонија. Списанието стана орган на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, дадено и во главата каде што стои слоганот „Македонци обединети за обединета Македонија”. Од бројот 16 пак, како додаток започна да се печати прилогот „Македонска трагедија”, а од бројот 23 списанието „Македонска нација” започна да се печати во Гетеборг и тоа веднаш по смртта на членот Благој Шамбевски.

Содржината на списанието „Македонска нација” обилува со теми кои имаат изразит национален карактер, а кои се претежно од областа на историјата, културата, јазикот, литературата и друго, вклучувајќи ги притоа прашањата и проблемите за обединување на Македонија.

Во наредните дваесетина години „Македонска нација” излегуваше, за жал, со извесни осцилации и прекини, со постојано ривалство, несогласувања и расцеп меѓу лидерите на емигрантските организации. Таков е случајот, покрај другите, со печатењето на бројот 27 од 1975 година и разидувањето мeѓу Драган Богдановски и Ване Самоилов, како и со бројот 90 од 1990 година, во кој е поместено соопштението на Контролната комисија на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОМФ) во кое се коментира наводното одржување на Шестиот конгрес на НОФМ во август 1989 година во Женева, на кој учествувал „само” д-р Богољуб Андоновски (во конфликт со Драган Богдановски). Поради тоа бројот 92 од 1990 година, на „Македонска нација” се јавува како орган на НОФМ и го уредува редакциски колегаум, чиј главен уредник е Диогенес, односно д-р Богољуб Андоновски.

Инаку, Драган Богдановски  беше најинволвираниот во „Македонска нација“ и беше душата на ова гласило. Во исто време, тој беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на македонската нација и македонскиот етнички идентитет. Така, во периодот од 1958 -1977 година најголема битка водеше против „МПО“ на Ванчо Михајлов, бидејќи, по Втората светска војна МПО се обиде своето влијание да го прошири и во Европа.

Драган  Богдановски до својата смрт остана доследен на идејата за самостојна, независна и демократска Македонија. Со таа идеја се градеше како личност, со таа идеја живееше и со таа идеја почина. Иако за таа идеја страдаше и беше прогонуван, сепак, историјата е последниот судија, и денеска, благодарение на демократскиот систем во кој живееме, историјата му го обезбедува заслуженото место.

Покрај Драган Богдановски за „Македонска нација“ треба да се споменат и неговите истомисленици кои за жал не се повеќе меѓу живите, а кои цело време се бореа за самостојна Македонија, а тоа, меѓу другите се: Благоја Шамбевски – Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев – Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев – Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други

Списанието „Македонска нација”, беше едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое претставуваше голем печатен медиум на Македонците во Европа и Европската Унија. Тоа остави вечни драги во историјата на македонската емиграција и воопшто во историскиот развој и вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

1aaa-MN

Продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција е Мане Јаковлевски.

Тој во Германија беше голем поддржувач на ова македонско гласило  и контактирал со голем број политички емигранти во светот. Меѓу другото, постојано  бил во контакт со Драган Богдановски кој во тој период живеел на релација Гетеборг-Малме-Берлин.

Dragan Zadgranicen Komitet na vmro-dpmne 1991g 2

Тие двајцата како афирматори и бранители на етничка Македонија, покрај личните средби имаат и опширна писмена кореспонденција преку која може да се видат неговите погледи за иднината на организацијата и, воопшто, на македонското иселеништво во Европската Унија и во светот. 

Мане Јаковлевски е продолжувачот и основоположникот на македонската национална слободна мисла со новото електронско издание „Македонска нација”. Денес како Веб-портал „Македонска нација”-mn.mk претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија. Веб порталот http://mn.mk/ всушност продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза, за македонската вистинa во минатото, сегашноста и иднината.

Денес, електронското издание „Македонска нација” http://mn.mk/ со своите над пет илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Инаку, познатиот и признат патриот и доблесен Македонец, Мане (Маноил) Јаковлески, со своите соработници го основа  Веб-порталот „Македонска нација” меѓу кои денес е и авторот на овие редови Славе Катин, овој Веб-портал е еден од водечките во Македонија во изминатиот период. Тоа е екипа која нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја.

Покрај Мане Јаковлевски како основач на Веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, Дејан Донев, Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Јанко Томов, Емил Јакимовски и авторот на овие редови Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски.

Сите тие го прават Веб-порталот „Македонска нација” да биде македонски хроничар што ги бележи настаните и ја брани и ја чува македонската вистина и Македонија.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top