Коментари

ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка) 1946-47 г.

belev

Голем Македонски проект на млади патриоти во текот на 1947 година 

По завршувањето на втората светска војна и формирањето на колективите – задругите, по селата кога неукиот и кроток македонски  намачен народ, кој со векови  работи по своите ниви  со цел да го прехрани  големото македонско семејство, се соочува со уште една голема мака, конфискација на имотот, добиток, жито, механизација.

За овај периот не само историчарите туку и  високи функционери на тогашна СФРЈ не сакаат многу да зборуваат. Што уште немаше да им текне викаа старите луѓе по селата.

Законот  на Лазо Колишевски, забрани да се чуваат  кози, зошто козата била „штетно животно“, или пак ако сакаш пензија за учество во НОБ, најди двајца сведоци и ја добиваш веднаш, или пак уште еден „убав’ пример, ако имаш шест крави, една за тебе другите за колективот, или накодоши  некој близок во УДБА, добиваш работно место.

Гледајќи ги сите овие случувања, повеќе групи младинци, посегнуваат на мислата Македонија, протекторат на САД.

Епицентарот на случувањата е Прилеп и од таму мрежата се шири кон Битола, преку село Цер, до Кичево. Но тука сакам да додадам дека за нешто слично е осуден и Методија Андонов Ченто, силен противник на ставовите на Темпо, Видое Смилески Бато, Вера Ацева, Страхил Гигов.

Од март 1946 год, до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка).

Организацијата зема силен замав, во текот на летото 1947 година ширум цела Македонија.

Но како и сите позитивни работи кои се одвиваат  во тоа време, па и оваа е разоткриена од тогашната УДБА. Голем дел од членовите на организацијата се затворени и осудени. Најнапред би го спомнал  Г-дин Глигор Крстевски, кој е главен организатор на оваа дело, кој е осуден на 3 години  затвор во воспитно поправна установа, Благој Рампов на 1 год и 6 месеци, Благоја Мрмевски 10 години затвор, сите пресуди се донесени во „името на народот“ и со образложение дека сите се осудуваат поради соработка со терористичкото крило на ВМРО на Ванчо Михајлов, и додавката соработка со агентот  Ванчо Михајлов кој сакал да ја одцепи НРМ од ФНРЈ за некаква си Самостојна Македонија под протекторат на Америка.

Идејата за Македонија како 49-та или денес  51-ва, држава на САД, постои многу одамна.

Тука би го споменал и покојниот Вецко Стаматоски родум од село Цер, кој по наредба на органите на УДБА бил убиен во затворот во Идризово, а предходно осуден на 8 години затвор заедно со своите истомисленици.

Вецко при судењето  многу директно се изјаснил: На америнаското знаме сега има 48 ѕвезди ќе додадеме уште една – Македонија, со тоа ние не мораме да одиме таму, туку Америка ке дојде тука. Со тоа Вецко Стаматоски ја потврдува својата саможртвеност за Самостојна и обединета Македонија како протекторат на Америка.

За овој “проект” е напишано во многу малку, има пишувано до Г-дин Глигор Крстевки, и германскиот историчар-балканолог  Стефан Троебст од Универзитетот во Лаипциг Германија, кој покрај другото до детали ги објаснува работите за Македонското прашање во бугарскиот парламент, ВМРО во периодот 1924-1944, како и предлогот на Адолф Хитлер за Обединета Македонија, и Македонија Швајцарија на Балканот на Иван Ванчо Михајлов.

Денес ова тема е сеуште актуелна, голем дел од народот во Македонија има голема поврзаност и симпатии кон САД.  Многу млади луге ја гледаат својата иднина во САД, по сево ова што и се случува денес на Македонија, најдобро е да се вратиме на старата идеја, да бидеме денес 51-та ѕвезда на американското знаме?
belev

За „Македонска нација“  од  САД Ивица Белев

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top