Коментари

Нашето неединство им користи на другите

Имаме со што да се пофалиме, нашата култура не е инфериорна во однос на другите, способни сме ,имаме добра волја и умешност достојно и самостојно да одолееме на предизвиците на иднината yважувања и нашата вистина.

Поаѓајќи од фактот дека ние, Македонците се наоѓаме во групата народи со недоволно признат статус, негирани, загрозени, нам ни се наложува потребата да настојуваме покрај вистината на другите да биде уважувана и нашата вистина. Се разбира, поткрепена со докази, аргументи, документи.

Ако сакаме да го следиме чекорот на времето, а секако сакаме, тогаш, пред се, мораме да се натпреваруваме со другите народи во градењето и создавањето на достојни дела во современи услови. Мораме да дадеме придонес во откривањето, проучувањето и толкувањето, чувањето и пласирањето на се` што е достојна творба и благородно дело на луѓето од овие наши простори. Дотолку повеќе што тие вредности високо го афирмираат творечкиот гениј на нашите предци, се извонредно значајни за иднината и квалитетот на нашето живеење, значајни се за третирањето на нашиот народ и уважувањето на нашата држава.

Во тој контекст треба да го разбереме и мислењето за историјата изнесено во цитатот на познатиот историчар, Линдон ла Руш: „Што е вистинска историја?

Историјата не е џунгла во која луѓето, мажи и жени, се едноставно уфрлени.

Историјата не е попис на успесите и неуспесите на амбициозните луѓе и нивните лични настојувања и желби.

Историјата не е хроника на она што им се случило на луѓето, народите и личностите.

Историјата е наука за тоа што човештвото си направи само на себе.

Историјата е, значи, историја на идеите на луѓето, идеи кои, во краен случај, решаваат која држава е морално погодна да води главен збор и која култура на крајот ќе покаже дека, во екстремен случај, е морално неспособна да преживее или дека е едноставно поинфериорна алтернатива која, заради општо добро, мораме да ја замениме со подобра, вистинска“.

Што можеме да заклучиме и каква поука можеме да извлечеме од наведените цитати?

Како при најприкладен одговор ни се наложува Гоцевата максима: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“, а потоа дека „за својата иднина самите сме одговорни“.

За до некаде да одговориме на прашањето: што човештвото си направи само на себе, а за нас прашањето, всушност гласи: што ние правиме и си направивме себе си?

Би ве потсетил на пристапната беседа во МАНУ на писателот со моќен израз, многу почитуваниот, сега веќе починат, Петре М. Андреевски. „Кога ги маркираме духовните вредности на народот, секогаш тргнуваме од некои култни крепости и лостови на историски континуитет. Дали тоа ќе биде свети Климент Охридски, ренесансните сликари Михајло и Ефтихиј, Цепенков или Мисирков, дали Рацин или Блаже Конески? Но, народот на кој се крепи нивната аура речиси редовно го изоставаме, зашто никогаш не сме се прашале колку сме позајмиле од него. А, со самото тоа не знаеме ни колку му должиме“.

Ова е во врска со нашата заборавност или недоволна опфатеност, насоченост кон вистинските заслужници коишто придонеле за нашиот воздиг и самовреднување, ќе каже некој. Се согласувам. Но, како да го сфатиме фактот дека секоја нова политичка гарнитура смета дека македонската историја почнува со нив, дека се тие историските меѓници, предвесници на новото… Притоа не го знаат, го забораваат, недоволно го проучуваат минатото, или не ја почитуваат историјата на сопствениот народ.

Отстапки на сопствена штета

Сме се прашале ли некогаш колку е недостојно да се распродаваат, уништуваат или кријат артефактите, показите, документите се` она што ни обезбедува достојно “место под сонцето”, ни обезбедува самопочит, континуитет, дигнитет, идентитет и слично? Со што, со кои аргументи, со какви непобитни факти ќе се бориме за нашата иднина во општиот културен натпревар на народите во светот…!?

Колку е оправдано да се прават историски прекројувања, отстапки на штета на вистината и иднината на нашиот народ во услови кога мнозинството Македонци живеат како непризнато малцинство со неостварени човекови права и слободи во соседните држави?!

Зошто, дури и во Уставот се откажуваме од грижата за нив, и уште многу зошто и многу како на кои нема соодветен одговор.

Шарл Бодлер вели: „Злото се случува без напори, природно, фатално. Доброто е секогаш продукт на некоја уметност“.

Оттука, слободно можеме да констатираме дека закономерноста на злото е во права пропорција со негрижата, неодговорноста, непочитта, недоветноста, некадарноста, себенесакањето. Не е случајна поговорката на нашиот народ “како ќе си постелеш, така ќе си легнеш”. Тука во преден план е нејзината негативна конотација дека за никого, никаде и никогаш нема место за самобендисаност.

Што значи, нужно следи апелот на посовесните граѓани:

-Доста со делбите, доста едниот паметен другиот попаметен, едниот суетен другиот повеќе, доста со полтронското однесување, доста со кодошењето. Ајде да работиме, да внимаваме да не пропуштиме ниедна пружена шанса. Дасе потрудиме да добиеме свеж капитал, туѓа инвестиција, да изградиме имиџ на просперитетно општество, крајно време е да не`красат постигнатите дела. Еднаш да сватиме дека нашето неединство им користи на другите, не нам.

Мораме да му покажеме на светот дека имаме со што да се пофалиме, дека нашата култура не е инфериорна во однос на другите, дека сме способни, имаме добра волја и умешност достојно и самостојно да одолееме на предизвиците на иднината, дека заслужуваме да преживееме. Дотолку повеќе што нашите предци, жители на овие простори, оствариле и ни оставиле во аманет извонредни дела. Дела од кои се`уште зрачи ненадмината енергија, дела кои не обврзуваат и кои мораме да ги чуваме како зеницата на своите очи.

Свесни дека историјата е учителка за спознавање на идеите и заложбите на минатите генерации, при градењето на нашата сегашност мораме да оставиме незамаглени видици, широки перспективи и можности за достојно проектирање на иднината.

Тоа е наш свет долг кон идните генерации.

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top