Среда, 26 Ноември 2014   
Реисот тврди дека Македонците муслимани се измислена нација!?

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци Муслимани, Православни и Католици, така постојат и Македонци Муслимани, Православни, Католици, Евреи, Протестанти и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Затоа е потребно Реисот да им се извини на граѓаните...

Во својата колумна објавена во албанските и македонските медиуми, Реисот Сулејман Реџепи тврди дека Македонците муслимани се измислена нација од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, „структури на актуелната власт сега се во функција на создавање на заедницата „македонски муслимани“ како составен дел на нацијата на „античките“! Како што вели поглаварот на ИВЗ: „На крај, ќе проговори науката и несомнено дека овие „Антички Македонци“ ќе ги изнесе како племе на илирите, на албанските претходници. За жал, „Славомакедонците“ ќе останат национално малцинство“!

Колумната „Ин витро нација“ на верскиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), несомнено претставува голема навреда за Македонските муслимани и воопшто за македонскиот народ. Таа предизвика лавини реакции во македонската јавност, при што речиси незабележително ќе помине формирањето на новиот политички субјект кај Албанците во Македонија наречен „Беса“, кој промовира нова иницијатива. Како што велат од иницијативниот Совет, по евидентирањето како политички ентитет, тие ќе учествуваат на сите избори и ќе се залагаат Македонија да биде еднаква за сите граѓани без разлика на националноста, етичката припадност или религијата.

Но, наместо да биде гласник на обединувањето, помирувањето и љубовта, поглаварот на Исламската верска заедница излегува со колумна во јавноста, каде како загрижен политичар за својата кауза предупредува: „Имајте страв од Алах, во чие име вие ги барате заемните права и чувајте ги роднинските врски. Зашто навистина, Алах е постојано Надгледувач над вас...“

Според него, „освен јазикот, кој може да е последица на асимилирачките притисоци, што заедничко би можело да имаат припадниците на торбешката заедница со „славомакедонците“ или со „Античките Македонци“?! Многу малку се на број, дури може да се избројат на прсти, тие вистински торбеши кои би прифатиле да се нарекуваат Македонци, толку колку што би можело да се најде некој Албанец да се нарекува Арап поради муслиманизмот...“

Меѓутоа, поглаварот на ИВЗ набргу сам се негира во својата колумна кога вели: „Подобро би било проблемот да се раздроби додека е се` уште во фаза на коренско влакно“. Тоа укажува дека тој многу добро знае дека во Македонија живеат повеќе од 100.000 Македонци муслимани, кои се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ. Тие имаат исто етничко потекло, ист јазик, иста култура, исти традиции и обичаи, живеат на иста територија, имаат заедничка историја, сегашност и иднина!

Токму таа иднина на македонскиот народ го плаши верскиот поглавар на ИВЗ и неговите ментори. Изминуваат веќе времињата кога Македонските муслимани беа маргинализирани и запоставени од институциите на власта, политичките партии и граѓанските здруженија на мнозинското православно македонско население, што овозможуваше нивна тивка, често пати и агресивна асимилација врз верска основа, а чиј носител беше токму ИВЗ.

Денес Македонските муслимани кои се активни чинители во македонската политика, како на централно така и на локално ниво, без разлика на религиската припадност, се имуни на верската и политичка пропаганда за нивно однародување. Ваквата состојба, како и неодамнешната одлука на Синодот на МПЦ – ОА за воведување на албански јазик во нејзините храмови, ќе го предизвика поглаварот на ИВЗ за суров напад врз македонскиот народ и сатанизирање на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, што не доликува на еден верски водач.

Реисот Сулејман Реџепи со својата колумна за жал покажа дека нему верата ништо не му значи, но дека му се значајни партиските и политичките агенди. Исто така, во својата колумна покажа висока доза на етнички национализам, а тоа се лоши пораки кои не носат добро. Нему не му е првпат да употребува ваков фашизоиден речник, што пак го доведува во прашање неговото место на чело на ИВЗ. Меѓутоа, со оваа навреда врз Македонските муслимани кои се неделив дел од македонскиот народ, тој директно удри и врз македонскиот идентитет. Затоа се наметнува прашањето, чија агенда спроведува поглаварот на ИВЗ и кој е востинскиот ментор.

Сето тоа не` навраќа во 2012 година, на иницијативата на тогашниот лидер на ПЕИ, кој бараше создавање на нова етничка заедница торбеши. Тој се обиде преку создавање на посебен ентитет, да ги мобилизира Македонците муслимани и да го приклучи нивното гласачко тело кон опозицијата. Како и тогаш, така и сега и во овој случај се насетува непосредна спрега со Грција и радикалниот ислам

Меѓутоа, ниту тогаш, ниту пак сега, навредите, притисоците и заканите не можат да го сменат вековното чувство на Македонците муслимани за нивната припадност кон македонскиот народ, без разлика на верската определеност.

Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци Муслимани, Православни и Католици, така постојат и Македонци Муслимани, Православни, Католици, Евреи, Протестанти и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Затоа е потребно Реисот да им се извини на граѓаните...

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.