Култура и туризам

Хераклеја Синтика

heraclea-sintika

heraclea-sintika

Хераклеја Синтика е древен македонски град којшто се наоѓа во југозападното подножје на ридот Кожув, крај средниот тек на реката Струма и источно од денешното село Рупите, Пиринска Македонија. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Синтика укажува дека тоа е град на Синтите. Доаѓа од називот на пајонското племе Синти, во чија земја се наоѓал градот. Основан е во последната четвртина на IV век пр.н.е. Градот го спомнуваат Тит Ливиј, Диодор, Страбон, Плиниј Постариот и Клавдиј Птоломеј. Егзистирал сè до VI век н.е. кога е разурнат при наездите на Аварите и Словените. Се среќава и со имињата „Хераклеја Стримонска“ и „Ераклија Ксантика“ (Eraclia Xantica).

Прв пат се спомнува во списание „Пирин“ (1930-1931), а го идентификувале со античкиот град Петра. Тоа гледиште е подржано од Димитар Дечев и Атанас Милчев, кој и прв организира истражувања во 1958 година. Борис Геров, Георги Михајлов и Фанула Папазоглу сметале дека тоа е друг антички град – Ортополис или Тристолос. Истражуван е делумно и во 1979-1980 година. Спорот за името на градот е решен во 2002 година кога е пронајдена мермерна стела од 308 г.н.е. со натпис на латински јазик, кој докажува дека тука е токму Хераклеја Синтика. Бргу по тоа е пронајден втор натпис кој конечно и го решава прашањето.

Прв пат градот се спомнува од Тит Ливиј како „Heraclea ex Sintis“. Предпоставува се дека е основан во последната четвртина на IV век пр. н.е. од кралот Касандар. Исто така се предпоставува дека пред тоа бил центар на Синтите. По завладувањата на Филип II Македонски, во реонот се изградени повеќе градови. Македонската колонизација е продолжена од Александар III Македонски и Касандар. Ова подрачје станува дел од македонската држава а пајонските племиња од македонскиот народ. Популарно е како „Македонската Парорбелија“, слично на денешното „Подгорје“ за северното подножје на планината Беласица. Подоцна тука ќе биде прва област на Македонија под Рим со центар Амфипол, а од 148 г.п.н.е. провинција Македонија.

Пак Тит Ливиј раскажува за убиството на Деметриј, син на Филип V Македонски. Извршено е од македонскиот управител на Пајонија – Дида, а организирано од Персеј. Филип го испратил Деметриј заедно со Дида (со заповед да го убие) во Астајон, а Персеј во Амфипол. Персеј извршил жртвување во градот Хераклеја, на кое бил повикан и Деметриј. Отпрвин бил отруен, а потоа и удушен во неговата соба додека се мачел од Тирзис от Стибера и Александар от Бероја. Досега се сметаше дека тоа е извршено во Хераклеја Врскаестис, но податоците на Ливиј укажуваат на „Хераклеја Стримонска“. Истиот управител на Пајонија е спомнат и на собранието во Китион, организирано од Персеј пред почетокот на Трета Македонска војна, каде бил командант на 3000 пеони, „траки“ и агриани од областите Парорија и Парастримонија. Се смета дека тие имиња одговараат на областа Парорбелија, спомната од Страбон (63 г.п.н.е. – 19 г.н.е.) и дури со Орбелија по Клавдиј Птоломеј. На истото собрание учествувал и Асклепиодот од Хераклеја од областа Синтика, кој раководел со 2000 „гали“.

Во 468 година, тука бил заточен узурпаторот Василиск, шура на византискиот император Лав I (Valerius Leo), по катастрофалниот поход против Вандалите.

За градот бил карактеристичен култот кон божицата Артемида. Дури се претпоставува дека постоел храм на ридината Џонков врв до село Рупите. Исто така почитувани биле и Нике, Хермес и Силен.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top