Култура и туризам

Жетварски обичаи од село Лешко, Горноџумајско

zetva2-180

zetva2-180Жетвата започнува една седмица пред или по Петровден. Обично сакаат да зажнејат на новина (нова месечина) и тоа во понеделник, зашто понеделникот е долг ден, торнико и саботата се кратки (куси) дни. Пред „изгрев с’лнце“ највештиот (највештата) оди на нивата, застанува свртен кон исток, ги зема својот срп и српот од другиот во десната рака, ги фрла преку десното рамо откако ќе го праша другиот „срп ле искаш или крст“. Тој се наведнува ги зема срповите од земјата одговарајќи: „Срп искам, крст неќу“. Тоа се повторува до три пати. Тоа го вели за да не го боли крстот (половината) за време на жетвата. На третиот пат си го зема српот се прекрстува до три пати и вели: „Ајде Боже, поможе! Си добри часове, тове најдобар, сите на куси магариња, ние на брзи атове“. Потоа со српот одрежува десет класови, кои ги фрла во насока на неожнеаното жито велејќи: „Како тие класје што летаат, така жетвата да врви брже“, потоа додава: „Леко  лето, Боже помагај и до година сос здраве“, почнува редовно со жетвата откако ќе повторат и другите жетвари: „и до година сос здраве да сме живи“. Новоприсутниот на жетвата е должен да им честита со зборовите: Аирлија, жетфа“, жетварите му одговараат: „Амин, да си жиф“.

На тој што зажнева, ако го види трудна жена, му отекува десната (односно левата) рака, тогаш велат: дека го фатила болеста „церма“ која може да се излекува од близна жена, ако ја настапи до три пати пред да изгрее сонцето и уште додека не пуштила вода.

При свршувањето на жетвата на последната нива секој си полни една „раколка“ (колку што му збира раката кога жнее) и вели: „П’на рака, п’н амбар“. Последниот откако ќе си ја наполни раколката остава непожнеани десетина класа, кои заедно ги врзува со црвен конец, велејќи: „И до година с’с здраве, ето и на деда Бога брада“. Какво значење има Божјата брада и зашто се остава населението не знае. Едни велат дека ја оставаат да ги чува Бог сеидбите од разни несреќи, но дали е така?

Христо П. Стоилов 1899 година.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top