Култура и туризам

Hram „Sveti Petar i Pavle“ – Тресонче

sv-petar-tresonce

sv-petar-tresonce

Местоположбата на оваа црква е сред село, а тоа наведува на заклучок дека е главен православен храм во Тресонче. Таа претставува пример на типична селска црква која со својата големина (најголем црковен објект во селото) ги задоволувала потребите на верниците. Соѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика и ги содржи следниве елементи:

  • Трем – како издвоен дел пред објектот лоциран на западната страна
  • Централен дел – наос
  • Олтарна апсида со ниши за проскомидија и ѓаконикон, која е одвоена од наосот со иконостас.

Западниот дел од храмот содржи и хорска галерија до која се доаѓа преку внатрешни дрвени скали построени во наосот, односно сместени во левиот агол на западниот дел од наосот. До оваа галерија има и директен пристап од надвор преку камени (бигорски) полокружни скали.

Во обликувањето на ентериерот на црквата значајно место зазема иконостасот. Од ѕидното или фреско-сликарство има сосема мали остатоци кои покажуваат вредности на непознати месни мајстори, но за жал фреските се многу оштетени. Рамниот плафон на црквата (која нема купола) е изведен од штици над кои се поставени профилирани летви со димензии 2×5 см во двата правци и под прав агол. Со ваков третман се добиени квадратни полиња од 20×20 см со што е постигната извесна декоративност и разиграност на големите рамни површини.

Храмот е граден исклучиво во камен со дебелнина на ѕидовите од 80 см, освен западниот ѕид кој изнесува 50 см. Завршетокот на северниот и јужниот ѕид е изведен со конзолни камени сегменти (бигор) кои ја прифаќаат стреата, а истовремено формираат и завршен венец на ѕидот, додека прозорските отвори се обликувани со камени блокови бигор со лачен облик во горниот дел од прозорскиот отвор.

Впечатливи се и симболите кои градителот ги вдлабнал во два камени блока од северниот ѕид. Првиот симбол претставува змија и се наоѓа на левиот аголна ѕидот во горниот дел. Вториот симбол е една птица, а таа се наоѓа во десниот агол на ѕидот во долниот дел.

Што се однесува до подот на храмот, тој е изведен од мермерни плочи на подлога од набиена земја со декоративно поставување во вид на шара во средишниот дел. Подот на хорската галерија е изведен со широки дебели штици заковани директно за градите од меѓукатната конструкција.

Првичната покривна конструкција на храмот била изведена со камени плочи (носени од Брзовец) поставени на подлога од кал и оплата од штици. Во поново време кровот беше заменет со салонитни табли, но и тие се отстранети и на нивно место е поставен пластифициран ребрест лим.

Во состав на храмот “Свети Петар и Павле” се наоѓа и камбанерија. Построена е на јужната страна блиску до влезот што води кон хорската галерија. Обликувањето на кровниот покривач на камбанеријата е изведено со оловни плочи, што одговара на шпицестата закривеност на самиот облик на кровот.

Двориштето на храмот е заградено со камена ограда висока околу 2 метра, а покрај камбанaријата изградена е и камена чешма.                

(Најголемиот дел од записите се дело на Љупчо Филиповски и Владимир Бошковски и претставуваат дел од каталогот “Православен храм Свети Апостоли Петар и Павле”, село Тресонче, во издание на Музеј на Град Скопје, јуни-јули 1995 година, н.з.).

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top