Култура и туризам

Алачкио еснаф (Памбукчијски) во Прилеп

cevlarstvo

cevlarstvo

Сума дуќани имаше во времја оно алачи во Прилеп коа не беше излегол интот. Бубаќ неработен идеше од Сер и го купуаа еснао та го работеа и го продаа на народо, го предеа и го ткаеја платно, за носење. Така и од лено ткаеја платно и носеа.

Секи мајстор имаше во дуќано по два-трима калви што му стивосуаа бубаќо, а пак мајсторо само си виткаше тулупи од бубаќо и го редеше во кошо за да го продаа. Имаше два-три дуќана што не праеја тулупи за продање ами го стивосуаа само да наврлаа алишта на аз’рџиите и друзи луѓе. И тој еснаф остана на еден-два дуќани, као за нишан во градо.

Кај што работи алачо пред него сет послани стапчиња, као тезѓаф. На него го стивосуаат бубаќо со јајо. Ќе удира со токмако на тетивата или чиришо и ќе кабариса бубаќо као пуфка. Со прачката ќе го крени бубаќо  и ќе му го клаи пред мајсторо и мајсторо ќе го витка на тулупи со витело. Има еден дебел прат, та коа го држат со раката го поднаведуаат и го поткреваат та се витка како јај. Бубаќо го предат на урката со два чатала ќе го одвиткаат тулупот и ќе го навиткаат на двата чатала на урката и ќе го предат.

Папуџискио еснаф 

Зајрето што и праат чевлите нашите папуџии- сафтијано и секакви мешини – ’и купуаат од нашите табаци.  А пак ѓоноите му идат од Солун од еден тргоец и за година на вересија.

Секој дуќан папуџиски си има и визба. Во дуќано работат чевлите и во избата ’и чуаат да не му се избајатат. Чевлите што и работат поеќето готои ошто нарачани. Најмногу се продаваат чевлите за Велигден и за Божиќ. Дури не беа излезени кондурите со чивии и граѓаните и селаните носеа чевли од папуџиите.

И од папуџиите има многу мајстори испаднати од сермија, та сторени крпачи, на многу ќошиња по чаршијата. Ендезињата што кројат му се од книги на папуџиите.

Откоа ќе се крои пушијата, ќе се вати во џидлето да се шие пушијата. Џидлелто е колку еден аршин долго, горнио крај е расцепен и дури до кај што е стапо; со стапо надолу се клава помеѓу нозе и ќе се сошие пушијата сафтијано за мешино (астаро).

Откоа ќе се сошие пушијата за ѓоно ќе се превртуа чеоло одопаку налице со силата на вастагарачо. Вастагарачо е едно дебело дрво колку еден бастун катинтуција.

Подвало ет еден ремен колку една нога од стапалото да стига до над колено. Со него ја држат пушијата коа ја шијат со астаро заедно.

Откоа ќе и превртат сите пушии, ќе и удрат на кал’п чевлите и откоа ќе се потсушат ќе ’и испердашат и ќе ’и изваат од кал’п.

Папуџиските кал’пи не сет со нумера као кондураџисќите, ами се со имиња: на пр: чивиулејак (бр. 32), каваурузгуруз (30), урузгуруз (25), зерѓанче (28) итн.

За кондураџиите нема да и опишуам чунќи се од новата мода.

Грнчаскио еснаф

Во старо време грнчарите у нас беа цели фабрики од што многу стока вадеа – зодосана (глечосана) и незодосана. А пак зодосаната стока што ја вадеа грнчарите од гр. Ресен беше прочуена по цела Маќедонија, поради убаата земја и поради напраата и шарбата. Винцќите грниња со две рачќи што ’и имавме за гостите и за по свадбите – се тамошни беа. Арно ама, полека – лека и нашите грнчари ватија и тие да праат таквие и уште поубаи.

У нас идеа и од Мегленско грнчари, потурчените Власи, и работеа само црвена стока, без зод.

Дури немаше европејсќи пјата и друзи садои полни ни беа куќите и полиците со: вагани, ваганчиња, грниња, тенџериња, бардиња, стомни, латвици, ќупои, крондирчиња за раќија, филџани за раќија и за каве, авланчиња, каделница, кршталник за вода крштаање, калесник за канење на свадби, чамчиња за пиење вода, наместо срчените чаши што ’и имаме сега,  и друзи многу садои што ни требало. Праени од наша земја и од наши мајстори.

Имињата и видот на неколку постаровременски садои.

 Во крондиро се чуа раќија, коа има некој домаќин поеќе, као на место бурилце. Има и мали крондирчиња што се потура раќија на гости и свадби, во филџани земјени. Калеснико служеше за калесник по свадбите. Калеснико е со тричетириесе рачќи една на друга, зелен како некој гуштер. За првите две рачќи се провираше една бела крпа и одеше деверо да кани сватои, полн со вино и озгора наќитен со ќисќи босилкои и џунџуле. Кршталник – во него крштаавме вода. Рачник – во рачнико си носиме манџа и друго: рачката му е и таја дод земја. Чамче – наместо чаша си пиевме вода. Авланче –  си туравме вино за пиење. Каделница – коа иди попо да крсти вода кади со него темјан. Бардаче – си пијат малите деца вода. Има секаква големина бардаци, исто и ибрици. Винцко грне – со него се пие вино, сега по селата, чунќи граѓаните исфрливме се што е наше, и сега со чаши срчени и со шишиња си пиеме вино и раќија.

Грнчарскио инструмент

Колцето од грнчарите или чарко е околу еден аршин ширина, а горното колце е околу педа и пол; го удира со нога и се врти вретеното. Топќите од земјата се наредени на тезѓао. Откоа ќе ја изврти една тутка, ја клава на штицата. Секоја тутка дури да ја напраи на некаков сад се ќе ’и топи рацете во водата што му стои во тенџере што му е пред него. Откоа ќе го напраи садо, со тел ќе го пресечи и ќе го клаи на штица за да се суши.

Од записите на Марко Цепенков

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top