Култура и туризам

Тиквешијата во минатото

staro-kavadarci-2

staro-kavadarci-2

1900 – Пречекот на Г. г. Герасим во Кавадарци

(раскажува Христо Поп Антов)

Во февруари 1898 година дојде наредба, дојде писмо од архијерејското намесништво во Струмица дека за нов назначен бугарски владика е Неговото величество г.г. Герасим.

Во 1900 година дедо Герасим првпат дојде во Кавадарци. Уште на станицата Криволак беше пречекан од специјален одбор, составен од општински советници и неколку свештеници, а ние, учителите заедно со построените ученици и граѓанството го пречекавне кај Думовица – чешма, на патот помеѓу Глишиќ и Кавадарци. Оттаму со целата толпа предводена од владиката, тргнавме пеш кон црквата во Кавадарци. Таму владиката отслужи молебен за здравјето на Неговото величество, султанот Абдул Хамид Хан и Неговото блаженство, егзархот Јосиф први и одржа говор со духовни пораки до граѓаните.

Отседна во домот на Мише Велков во Кавадарци. Ама уште утредента, не заборави нас свештениците и се здружи со кавадаречките првенци. На ручек и вечера ги канеше цивилните лица од граѓаните, свештениците ги оставаше да стојат и често бараше, кога ќе дојдеше до него свештеник, да му прави метании и да му бакнува рака, како што правеле грчките владици. Татко ми често велеше: „И ова излезе празна работа. Ние чекавме поткрепа од него, а тој почна да ја фали тиквешката ракија“. Од владиката во Тиквешко остана споменот: дека кога се пие ракија, тоа се прави со голема чаша, а не како што прават Тиквешани со мали чашки. И од него остана ракијата Грапа,  т.е, варена ракија без анасон, каква што сакал владиката.

Владиката Г.г. Герасим на ручек кај попот Поп Андов

Кога дојде во Ваташа, целото село го пречека уште кај „Желков Дол“, на патот помеѓу Кавадарци и Ваташа. Ноќта ја помина во куќата на кметот. Пречекот беше со литија – духовна процесија. Свештениците беа облечени во црковни одежди, пцалтиците со разни пеења и хорови од црквата. Беше октомври. Учителите беа во строј со учениците. Главниот учител во Ваташа, Крсто Димчев, родум од Битола одржа поздравен говор. Оттаму сите заедно отидоа во црквата, каде што владиката отслужи молебен за Неговото величество султанот и егзархот. Изутрината заедно со сите свештеници, меѓу нив и татко ми, владиката отслужи литургија. Црквата, и машкото и женското одделение, беа преполни со народ, дури и припратата беше затрупана со луѓе. Литургијата траеше долго: по евенгелието, читано од владиката, тој одржа говор и спомна бележити имиња на ваташките покојници, при што не го заборави првиот ктитор на црквата Аџи Коле, првиот основач на црквата поп Камче. Го спомна даскал Камче и славата на Ваташа, која ја криела првата печатница на Балканскиот Полуостров. Лично тој им ја раздаде нафората на верниците. На таков начин службата траеше доста долго. Направи неколку посети и за ручек беше поканет кај нас.

Тој дојде заедно со архијерејскиот намесник во Кавадарци и двајца ваташани- свештеници. Во разговорот стана збор и за брат ми Тодор дека бил учител во Солунската гимназија, при што архимандритот му велеше на татко ми дека Тодор бил многу трудољубиво и разбрано момче.

Мајка ми и снаа ми Султана уште од саботата почнаа да се подготвуваат за неделниот ручек. Дома бевме само јас и најстариот брат Михаиле. Знаејќи од кавадаречкиот пречек дека ја сака „грапата“ ние купивме таква ракија од Васил Божанкин, од Кавадарци. Ручекот беше како за мил гостин. Чорба од кокошка, кокошка со ориз, а пред тоа по чорбата пржени ќофтиња полеани со масло, бел леб – специјално подготвена погача, јанија со месо и на крајот – пита. За време на јадењето имавме и пресно вино кое прскаше во очите и режеше на јазикот – домашно производство. Софрата беше наредена во чикма одаја, масата беше послана со бела покривка и имаше наредено столови за гостите.

На софрата на чело беше владиката, од десната страна архиерејскиот намесник, а од левата со мака го натеравме да седне татко ми. До него главниот учител Крсто Димчев и другите гости, а на крајот седев јас. Жените не седнаа. Послужуваше снаа ми Султана.

Од црквата откако најпрвин направил визита кај Ризо Дубров, Мишо Ризов, поп Манчо, Јованче Костов, поп Коцо се врати кај Христо Илиев каде што беше на стан, потоа кај поп Васил од нашето маало и потоа дојде кај нас. Кога излезе од кај поп Васил, ја пресече улицата и влезе во нашата надворешна порта. Сите од нашиот двор, мажи и жени, како домаќини беа собрани во дворот, а комшиите се беа насобрале на чардакот на Глигор Грошот, кој гледа во нашиот двор и нашиот чардак. Растојанието не е многу големо. Уште кога влезе низ портата почна бакнувањето рака. Додека едниот бакнува другиот по него се турка за целивање. Тоа траеше доста долго. Мажите и жените беа облечени велигденски. Тие и без тоа беа во црква со истата облека и бидејќи знаеја дека ќе руча кај нас, иако доцна останаа празнично променети. Мајка ми беше облечена во убава црна облека со црна забратка. Султана исто беше облечена во најубавото што го има, со убаво шкепе и „ои“ – вез на шкепето. Пред ручекот Султана им полеа на владиката и другите гости да си ги измијат рацете, а Ташо Димков им ја подаваше крпата за да ги избришат рацете. Гостинот се послужи со ракија без мезе. Некои од гостите се воздржаа да пијат од почит кон владиката. Уште од вечерта ни беа на гости тетин Атанас и тетин Ефрем со тетките од Глишиќ бидејќи знаеја дека владиката ќе држи служба во Ваташа. Ги поканивме да седнат и тие на трпезата со владиката. И тие го пречекаа владиката уште во дворот и покрај другите гости се качија во чикма одајата.

По ракијата почна ручекот. Миајле го раздаде лебот, се разбира почнувајќи од  владиката. Пред да сркне од чорбата, владиката ја кажа молитвата за ручек, која секој ден ја слушав од татко ми (ја пееше два пати во денот). На крајот имаше кафе, чисто, а не мешано со јачмен. Пред стемнување го испративме до кај Ѓелков Дол, бевме собрани група луѓе и свештеници. Тој отиде за Кавадарци, а ние се вративме дома.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945)“ од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top