Култура и туризам

Календарите и прославувањето на Божиќ

Божиќ

Божиќ
Иако се правени  обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата  на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божиќ во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 јануари. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Во времето на Отоманската  империја цариградскиот патријарх  Еремија го одбил предлогот на папата за прифаќање на Грегоријанскиот календар и за усогласување на верските празници. Примената на Грегоријанскиот календар во православните христијански цркви почна во првите децении на 20 век, на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким.

Во 1919 година новиот календар е прифатен во Кралството на СХС, во 1923 во Грција, а потоа и во Бугарија, Романија и Турција.

Меѓутоа дел од калуѓерите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, Руската, Српската и Македонската православна црква и натаму се водат според Јулијанскиот календар, за разлика од Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот.

Стариот Јулијански календар според кои се води и Македонските православна црква, датира од 46 година п.н.е, кога римскиот император Јулиј Цезар го ангажирал александрискиот астроном и математичар Сосиген да изработи нов попрецизен календар. Тогаш во Рим се воведува календар базиран на египетскиот со 365 дена поделени во 12 месеци, наречен Јулијански според Јулиј Цезар. Во него секоја четврта година е престапна, а 366-тиот ден се додавал во февруари кој бил последен месец во годината. Со новиот Јулијански календар почетокот на новата годината, што дотогаш бил во март е префрлен на 1 јануари.

Во 325 година од нашата ера на првиот Вселенски собор  на тогаш единствената Христијанска црква во Никеја е одлучено да биде прифатен Јулијанскиот календар и по него да се сметаат значајните датуми од историјата на христијаните. На Соборот во Никеја учествувал и претставник на градот Скупи, своевремено голем регионален културен центар, врз чии ѕидини е изградено Скопје.

Подоцна е утврдено дека годината според Јулијанскиот календар е подолга за 11 минути и 14 секунди  од природната соларна година, со што  на секои 128 години се создава разлика  од еден ден. Во 16 век разликата достигнала 10 дена што предизвикувало проблеми во одредувањето на Велигден, најголемиот христијански празник што секогаш се врзува за пролетната рамноденица и првата недела по првата полна Месечина. Затоа папата Гргур 13 во 1582 година извршил ревизија на Јулијанскиот календар, со што е создаден Грегоријанскиот календар, до денес општоприфатен во светот, според кој годините се бројат од раѓањето на Исус Христос. Со була на папата Гргур 13, денот по 4 октомври не се сметал како 5-ти туку како 15 октомври, со што е “испеглана” разликата од 10 дена. Разликата во траењето меѓу Грегоријанската и природната година е надмината со тоа што не е престапна секоја четврта година. Последните години од вековите што не се делливи со 400 без остаток не се сметаат за престапни. На пример, 1900 за разлика од 2000 година не е престапна бидејќи не е деллива со 400.

Иако многубројна  популација луѓе времето го бележат  според свои календари кои имаат  корени во нивната етничка и религиозна историја, Грегоријанскиот календар денес е главниот временски ориентир по кој најголем дел од луѓето во светот ги одбележуваат настаните.

Клеопатра

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top