Култура и туризам

„Огледало“, за селаните и попот во тетовско (1816 год.)

ogledalo

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ

“…Гледам, во једни села, да чува господ! Диб грубо! Ни христијани можам да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и Велика субота јадат и пијат, у великиј пост хора играат…давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден Велик-ден причесна чекаат. А попот узел – осом села попуат, каде понапред да стасат. Трчат од село на село со мензул (поштенски курир, н.б.) носит светии тајни.

ogledalo

А једни сиромаси христијани дури ги жалим, зошто само полдне стоат и чекаат попа да му донесе причесна. И викаат: “Се забави попот, тоа му било, она му било!”. Другите пак велат: “Ајде да му се натепамо, ки (та, н.б.) уште еднаш да не се забават!” А једни чорбаџије што са, мало по зенгини (богати, н.б.) како кметинке, пак тија велат: “Не така, да го собрале вкуп – да идемо, да однесемо овен на агата или пашата, да му аливерисамо ќотек, јем да го напудимо, да земемо друго-того попа, ако е подалеку со куќата.” Пак други кмет велит за друго того попа: “ Каков флобар јест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават, ама помало земат, јем вересие пеет, чекат за паре со години. А другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш”.

Кој тако велит, кој другојаче аслиќелам  (туку, н.б.) свите хулат на попот што им јест законик, што крстил во името Свети Троици и ги венчал, и ќе ги закопат и што им је татко и поголем од родител негов. Не постат како што се постит и на попа хулат, и причесна чекаат до полдне. И ја гешниј и недостојниј  во иеромонасе Кирил што сом погрешен от сите них много и много и прекомного, и уште грех сторих што ги осудих – создание и раби божји и браќа наши осудих – јер не се поносујем со них, да не даде бог, то-ко ги жалим јер ги учим, јер се молим Богу Христу спаситељу нашему, и молим да ги поставит на пуст истиниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христијани да спасит и нас помилует, амин; – и ја грешниј…и видох така каде зборат, видох, не берендисах и им рекох: “Зошто христијани чекаме до полдне? Не ли, надробите леб и сипајте вино на лебец, да ни попа чекајте, ни пцујте, го, ни тепајте го, ни глоба дадите стоката, јадите си ја сами, зашто на забит да ја дадете глоба? Тија ми велаат: “Попот што носит велиј ден, што ни дава нам тоа не јет леб и вино, токо јест крв Христова. Затоа и чекаме до полдне, зере сме чуле од стари – без неа не може човек да биде жив? Ја им велим: “Кој ви кажуе така, дали попот?” Тој ми велит: “Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излага никогаш. Њему кажи му со нас барабар да идет на свадби, на теферич, на хора, на лов, на сехер (забава, н.б.), на потера, на алиш-вериш (зема-ње-давање, н.б.), да прекупи да препродаде, а за поучение ни мије го прашаме ни он сам ни кажует.” И ја грешен гледам од обете страни кабает: и од христијаните, зошто не прашаат попа, и од попот зошто сам не ги поучует помало, колку јест кадир, колку знает толку нека каже: гледам, касавет не му је за нуа-ријата (грижата, н.б.) што ја зел, на шија му виси.”         

Кирил Тетоец Пејчиновиќ,Книга сија зовамаја Огледало…, Будим, 1816, стр.100-104; Кирил Пејчиновиќ, Собрани текстови, прир. Б.Конески,

Скопје 1974; Крчовски-Пејчиновиќ, Избрани текстови, Скопје 1963, стр.74-75

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top