Култура и туризам

Вториот научен труд за геоглифот во Овче Поле

geoglif1

По првиот научен труд со прелиминарните резултати од архео-акустичните неинвазивни мерења со мултидисциплинарни методи во Овче Поле, деновиве и официјално на Четвртата Виртуелна Меѓународна Конференција за Напредни Истражувања во Научните ОбластиARSA 2014 во Словачка е објавен и вториот научен текст кој известува за специфичните феномени кои што беа регистрирани под големиот геоглиф. Овие научни трудови претставуваат ретка прилика за директно осознавање на резултатите кои што беа измерени од интернационалниот научен тим, предводен од професорот Паоло Дебертолис од Универзитетот во Трст, Италија. Останатите автори се Домагој Николиќ, Горан Марјановиќ, Нина Еарл, Хеики Саволаинен и Никола Ристевски. Официјалните архео-акустични мерења, поддржани од Министерството за Култура, Управата за заштита на културното наследство и локалната самоуправа беа извршени во март и јули минатата година. Деновиве се одржува научната конференција во Словачка, а од SB Research Group велат дека текстот бил оценет на високо ниво заради методологијата, содржаните информации и начинот на кој што е составен.

geoglif1

geoglif2

Геоглифот се однесува како антенски засилувач

geoglif3

Се надеваме дека одговорните институции во Македонија ќе дозволат употреба на софистициран гео-радар за понатамошни истражувања, со што би се избегнале секакви шпекулации, а и би се пристапило кон отворањето на подземните комори со голема прецизност и стручност. За помалку од две години, преку овие научни трудови голем дел од балканската, но и европската и светска научна јавност дозна за мистичниот геоглиф во Овче Поле, а ова е ретка прилика за заинтересираните да можат да имаат увид во првите неинвазивни архео-акустични истражувања на територијата на Република Македонија, како и резултатите од истите. Тргнувајќи од хипотезата дека би било можно овде да е гробот на Александар Македонски или некој од неговите најблиски, научниците потврдуваат постоење на подземна комора под геоглифот, која делува како резонатор и ја рефлектира чистата енергија од околината. Ако се потсетиме дека и самиот симбол на геоглифот кореспондира како огледало со соѕвездието Касиопеја во определен период од годината, мистичното рефлектирање предизвикува многу размисли за што навистина има под овој геоглиф.

geoglif4

Археоакустичното и Електромагнетното истражување на древните локалитети веќе станува официјална научна дисциплина. SB Research Group (SBRG) во последните пет години има развиено нова методологија, користејќи го практичниот археоакустичен стандард (SBSA), кој помага за објаснување на одредени феномени кои се среќаваат на светите места. Анализата на звуците и различните видови на зрачења од под земјата, овозможува подобро разбирање на она што постои под тлото кое што го гледаме. Претходниот научен текст ги демонстрираше доказите за различните физички феномени кои што се присутни на геоглифот, како и вештачкото потекло на ова ридче, кое од сега па натаму треба да се ословува како тумулус, тумула. Според добиените податоци од софистицираните напредни апарати за мерење на различни зрачења, се потврдува постоењето на подземна комора, до која што е возможно да водат помали простории или ходници. Доказите за ова може да ги прочитате во научниот труд, ексклузивно на ЛОЗА.

geoglif5

geoglif6

geoglif7

Прочитајте го научниот текст – Archaeoacoustic analysis of Kanda Hill in Macedonia. Study of the peculiar EM phenomena and audio frequency vibrations (клик)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top