Култура и туризам

Мултимедијален перформанс на Марија Емилија Кукубајска

vangel-krstinovski

Овогодишниот добитник на 8 Ноемвриската награда на град Штип, писателката и професор на Филолошкиот факултет, д-р Марија Емилија Кукубајска, презентираше уште едно свое иновативно и инспиративно остварување насловено „ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ (?)“. Во едночасовен перформанс на седмата меѓународна конференција „Знаење за можности и способности“, одржан во  Банско, Бугарија, Кукубајска го претстави првиот новогодишен календар од таков вид во Македонија. Изданието со 12 книжевни текстови во нејзино авторство и 12 уметнички илустрации од студенти на УГД Ликовната академија, и со музичката свита Пер Гинт од Едвард Григ, промовираше актуелни и ангажирачки теми.

vangel-krstinovski
Илустрација на насловната страна: Вангел Крстиновски, 1 година, УГД Ликовна Академија

„Перформансот е креиран во чест на денот на студентите како и на Св. Климент, македонскиот христијански просветител од 9 век, педагог, основач на првото сеучилиште во Македонија. Просветителот Климент во своите учења ги интегрирал тогашните широки согледувања и науки од духовни и практични десциплини, од просвета, книжевност и култура до агрикултура. Инспирирана од Климентовата моќ да ги толкува мисловните и практични промени и духовните движења, денес и јас се вклучувам во чествувањето на Климентовото дело и студентската креативност со свои согледувања и прашања за промените и движењата во светот, и човекот.

Реторичкото прашање „Птиците се слободни“ (?) укажува на недозволивоста  слободата, како и миграцијата на птиците и нивните просторно-временски промени,  да се претвори во радикален поим, бидејќи тогаш слободата самата би се поништувала себе си во анархична антитеза, безредие, хаос, како што се случи со комунистичката револуција на идеализираната Комуната на Париз 1789 година, и другите комунистички утопистички револуции кои доведоа до дистопии и катастрофи во 20 век. Овие сложени теми ги изразувам на едноставен македонски јазик на кој надежта и верувањето во слободата ги гледам како вродена позитива во човекот, и покрај деструктивните промени и движења кои ги  манипулираат слободите и правата, без да учат од минатото. Во месец бр. 5 од календарот (насловна страна), строфата се осврнува на проблемот: 

Птици, птици, убаво време или лоши вести носите? / Летоци за напади или кодоши врнат, врз црквата …

Храмови други… Лоши вести врнат против нас, а  / Градевме, да се радуваме. Од бомби сега се чуваме…

Како и во сите мои книжевни експерименти кои во седумдесеттите години се занимаваа со модерни и постмодерни промени, за подоцна да се определат за разумна синергија меѓу традиционалното и современото, и во овој календар верувам дека љубовта кон човекот и грижата за неговите здрави вредности се таа позитивна енергија која ја менува свеста на подобро, на движење кон светоста на умот и душата, во одбрана од анти-божјите мејнстрим диктати и негативни хабитати и акции. Позитивна духовна сила е таа со која „се движиме кон Бог“, како што рекол и Св. Климент“, Кукубајска го завршува својот коментар.

Истражувањата за феноменот на летањето и птиците низ антрополошки, психолошки, верски и културолошки инклузивен контекст, д-р Кукубајска ги има вклучено и во научен труд поднесен на истата конференција, под наслов „Птиците: митски симбол на миграција, убавина и бестијалност“. Истражувањата ги анализираат симболите на птицата како мир и спас (од светски митови до Стар и Нов Завет), како предисториска летечка аждаја и како адикција на агресија во анимирани дигитални игри Angry birds.

pticite-se-slobodni

Перформансот ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ (?) е дел од Арт-По концептот (уметност и поезија), основан од Марија Кукубајска во 1973 година. Од тогаш Арт-По е изведуван на бројни теми и во различни културни, образовни, уметнички, општествени и здравствени институции во САД и Европа, меѓу кои и Asia-Pacific Museum, Pasadena; Irvine Fine Arts Center; University of La Jolla Marymount; Chaffey College Wignall Museum, Rancho Cucamonga; Vietnamese New Year and Orchid Festival, Santa Ana, Los Angeles; Gallery Kubaiski, No. Hollywood; Viet Nguyen Gallery, Burbank; Branson Arts Council and U.S. Army Corps of Engineers – Earth Day Performance; University of Columbia Children’s Ward, Missouri; Crown Plaza Hotel Gallery, Branson.

Во воведот на календарот Кукубајска пишува: „Слободата има своја возвишена и зла страна. Фолклорот, фантазијата и книжевноста секогаш биле фасцинирани со птиците и нивниот феномен на летање како метафора за слобода на издигнување над приземноста, за миграција и размножување во непознати простори, за флуктуација во сезонски на-доаѓања, или како метафора за конфликти помеѓу добронамерноста и непријателството, доброто и злото. Фикција или факт, птиците одразуваат вродено двојство како позитивни, но и негативни симболи. Нивните метафори летаат од митски до современи уметнички, религиозни, книжевни и културолошки полиња, мутирајќи го своето значење на постоење, живот и смрт, но, и низ темнина – сепак издигнувајќи се, привлечено од моќта на мирот, радоста и светлината, што е суштината на се создадено од Бог.“

Издавач на календарот „ПТИЦИТЕ се СЛОБОДНИ“ (?) е ЕМАРИ Институтот, Штип, чиј ко-основач, со Емилија Кукубајска, и претседател е Марија Емилија Кукубајска.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top