Култура и туризам

Фразеолошки речник на Вевчанскиот говор

Не посуден од никого. Невоспитан.

Си је поткина. Замина.

Голем поткорник је. Се вели за некој кој подбуцнува, наведува на кавга.

Не му удре потрага.  Не се заинтересира за него.

Фате в пошкежи. Отиде неврат.

Го прифаштавает. Му доаѓа лудило.

Нек’ си го клајт порстот на умот. Нека си размисли.

Остана со прстот в уста. Се вели за некого на кого не му се остварило очекувањето односно желбата. Извисил.

 Му даде пукач (да се напука). Јадење кое му се дава некому безволно; со клетва.

Пукнатик еден, да би не пукнал. Блага клетва која се упатува кон некој итар, снаодлив човек.

Му ја кесна пчејнцата. Го испрати пред него в гроб.

Вторбосана работа. Расипана, пропадната работа.

Не мирисат на убо работата. Претчувство дека ќе се случи нешто непожелно.

Одрезан је од работа. Капнат је од умор.

Опран је од работа. Се преработил, капнат е од работа.

Работата је за пат пари туткал. Се вели во случај кога недостасува некоја ситница за да се доврши нешто, или не се знае која е таа.

Работата је шпела. (Бошк.) Несигурна работа. (Шпела е дупка на која не и се гледа крајот. Оттука и работата (бошкалницата) е „шуплива“.)

Тиквена работа.  Грешена, расипана; тиквосана работа.

Ќора работа. Несигурна лоша работа.

Го исуше по река. Го удри по рака.

Дај со реце барај со ноѕе. Се вели кога некој е принуден сам да го бара она што некому му го позајмил, несериозен, неисполнителен обврзник.

Крена река на него. Го удри.

Крена реце од него. Го напушти, се откажа.

Му сушит рекана. Краде.

Падна во лоши реце. Има лошо друштво.

Падна во убај реце. Се наоѓа во средина на совесни луѓе, добра фамилија.

Под река. Дадено нешто кришум, под рака, тајно.

Подајна речица, покајна душица. 1. Добродушен, 2. Ако прави добро, со добро ќе му се возврати.

Поќе реце-блосвани, поќе усти-проклети. Со помош полесно се решават проблемите.

Река за река и в големата река. Двајцата се за на давење.

Рецете му се одрезани. Капнат е.

Заш’ да си горит рецене ко си имат маша. Некој друг му ги свршува работите или му помага во тоа.

Жива рана. 1. Отворена рана. 2. Душевна болка.

Ребрата му се брет. Ослабнат е.

Не го удрират од ремен. Не му обрнува внимание.

Ќа му речит чуја. Ќе му се најде кога ќе му затреба.

Чужда ерш нек не чукат. Да не бери туѓа грижа.

Дупит риби. Подбуцнува на кавга.

Барат рогој. Бара беља.

Го зеде меѓу рогој. (Бошк.) Го удри по глава.

Кој в рог, кој в кош. Се вели кога меѓу некои има неслога и секој трга на своја страна.

Преку му рогон. (Вулг.) Не му е грижа.Тие се како рогој во вреште. Има неслога меѓу нив.

Го опра ручегот. (Бошк.) Доби ручек.

Сам се сакат. Милозлив е.

Му го салдиса. (Бошк.) Го испрати.

Му се салдиса. (Бошк.) Му појхде (кај него).

Му продат салтанати. Го лаже.

По свадба топани. Се вели за нешто што е задоцнето; не е актуелно повеќе.

Си прајт свадба со умон. Се вели кога некој правио нереални планови.

Светит а не грејт. Се вели за некој што е слаб, болестен.

И виде сите светци. Го доболи од ударот (обично по глава).

Виждање веќе свитуљака. Нема да се сретнат никогаш повеќе. (Појавата на светулките е само во одредено време, но и тогаш трепкајќи се губат во мракот.)

Дуна север. Се вели кога некој предвреме го изел целото јадење од на софрата и притоа не останало ништо за другите.

Седит како здивен. Лут е.

Му паднала сеќирата в мед. Се вели за некој кого го послужила среќата.

Го посеја по цело село. Ја разнесе веста насекаде.

Му ја скина сенката. Го отепа.

Сенка го јават. 1. Маѓепсан е. 2. Има душевна мака, тежина.

Сера – посера. Кавга со погрдни (вулгарни) зборови.

Не је со сите. Не је токму. Се вели за некој што е малоумен или не се однесува нормално.

Скиват – леват. (Бошк.) Гледа-краде.

Не гледат од скивалана. (Бошк.) Не гледа од очине, всушност не му е умот тука, расеан е.

Го зеде по склопец. (Бошк). Го удри по глава.

Је скосте. Му је скосте. (Бошк.) Му ја кажа вистината, му ја откри тајната.

Се скосте. Седна.

Го наскуле. Го надуши, го подбуцна.

Слама не му форлат. Не го внимава.

Се скина од смење. Се изнасмеа.

Смортта си је виде пред очи. Се намачи.

Го сакат колку снегон лански. Воопшто не го сака.

Немат сон в очи. Не може да заспие.

Голема работа, не ќе грејт сенцето за него. Се вели за некој што не е за жалење.

Од книгата „Диференцијален речник на вевчанскиот говор“, од Анастас Ќушкоски, Вевчани 2009.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top