Култура и туризам

Обичаи за Водици во Зубовце под Шара

Богојавление Водиви во Зубовце

Богојавление Водиви во Зубовце
Во Јордање крештајусја Тебја Господи, Троическое јависја Поклонение.
Родителе со глас Свидетелство ваше тебје, Возљубљенога тја сина Именуја.
И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение.
Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја…

Со оваа песна се буди Зубовце и Зубовчани на ден Водици. Традиција создавана со генерации и прифатена од генерации. Овој ден е познат во с.Зубовце како ден кога се прима крстот. Кумството и Водичарските обичаи во Зубовце започнуваат со сучењето на врвкита во куќа што го има крстот- стари кумови, инаку врвката се суче на Василица. Во овој обред учествуваат сите жени и девојки од маалото на крстот. Со сучената врвка се врзува крстот, со толку китчиња босилек колку што има куќи во маалото. На 18 јануари Водопост, кумот што го предава и кумот што го наследува крстот, котлето со крстот и босилекот со врвките кои претходно се сучени го носат во црквата Света Марија. Таму се осветуват сите 10 крста и со осветените крстови, најнапред одат во куќите што го даваат и земаат крстот, потоа во останатите куќи во кругот на нивниот крст. По традиција во секоја куќа најпрвин кумовите се послужуваат со топла зубовска ракија, а потоа и со веќе познатото јадење за водици: Посен грав, туршија , тазе месена погача од куќата, ореви, јаболка, црвено вино и на крај кафе. Кумовите со осветената вода од котлето ги рисаат (прскаат) членовите на семејството и собите со една цел- да биде куќата среќна и весела, годината родна, и им посакуваат долг живот.

Истиот ден после пладне жените се собираат во селската црква, каде што новите и старите кумови даруваа варена пченица, лепчиња и греана ракија.

19 јануари…Водици…ден кој сите го чекаат со возбуда…ден кој стариот кум го носи котлето заедно со крстот во црквата Света Марија. Крстовите се одврзуваат од страна на свештено лице и се предаваат на новите кумови. Новите кумови излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава, првите неколку чекори од влезот на црквата кои ќе ги зачекорат ги двои од полевањето со околу 100 литри студена вода на еден кум, од страна на група млади зубовчани. Така покиснати со вода до кожа, новите кумови ги носат крстовите во својата куќа. Доаѓањето на крстот дома се пречекува свечено и многу радосно. Сите членови на семејството го бакнуваат крстот. Крстот кај новиот кум останува дома се до идните водици.

Подоцна, сите жители од малото се собираат на одредено место во маалото, да го прослават кумството.

На отворено небо се поставува маса каде што стариот и новиот кум организираат заедничко славење со зубоски колбаси, топла ракила, пивтија, сирење, каскавал, туршија и др.

Овој древен и драг обичај на вакво оргнизирање прослава на маалското кумство единствен е во целиот регион.

Вечерта на Водици старите кумови ја организираат таканаречената Зубовска Кума вечера. На Кума вечера (кумова вечера) присуствуват само оние кои што се во кругот на крстот. Кума вечера секогаш поминувала и поминува во топла, ведра и срдечна атмосфера. Времето не е ограничено до кога треба да се седи, се седи дури и до утринските часови.

Нешто за Зубовце под шара

Ако те нанесе патот накај Гостивар убаво види и разгледај,само едно не заборавај, дојди да го посетиш местото каде што небото се смее, сонцето вечно грее, каде што птиците без престан пеат, и лица волшебни се смеат, каде има срца храбри лавовски, и души отворени…

Зубовце, село-сместено во подножјето на Шар Планина, стара селска населба која се споменува уште во 16 век. Село кое не го остава човека рамнодушен, село со исконска убавина.

Првобитната локација на Зубовце се наоѓала на три километри источно од сегашната локација, во месноста наречена Пилигринци.

Зубовчани, кои се вреден и трудољубив народ, успеале да опстојат во многу тешки времиња, успеале да го зачуваат своето село и својот идентитет, што е доказ на нивната цврста волја дека вреди да се бориш за она што вреди да го имаш, и докажале дека се горди на себе и задоволни, бидејќи, најважно од се е човек да знае да биде задоволен со себе и со она што го има.

Печалбарството, оставило длабоки траги врз севкупното живеење на селото уште во далечното минато, ”Каде и да одиш,дома да се вратиш”- реченица која била често пати споменувана од страна на зубовчани. Доколку не можеле да дојдат дома, тие наоѓале начин редовно да ги одржуваат врските со своите семејства.

Дури и да останеле таму, во туѓина, Зубовце не умирало за нив, останувало вечно запаметено во нивните срца.

На зубовчани секогаш на ум им се аманетите што им ги оставиле нивните предци, да ги негуваат традициите и обичаите.

Празниците отсекогаш биле израз на нивната искрена дружба, свадбите се вистински фолклорен мозаик, носиите, огледало на стројноста, на убавината… И, сите заедно: симбол на традицијата и продлабочен корен на опстојувањето во бурните историски ветрометија.

Зубовце денес е современо село, со идеална местоположба и поставеност на куќите во простор и со воспоставен современ начин на живеење. Денес, со својата изворност, интересот го привлекуваат повеќе стари градби кои ги зачувале белезите на старата македонска архитектура.

Овие куќи, со своите автентични фасадни решенија, со чардаци, со големи гостински одаи и слично, нагласено доминираат во просторот пркосејќи му на едно време што полека, но сигурно, одминува но останува запаметено. Спојот на старото со новото му дава посебна убавина и привлечност.

Да, го сакам, го сакам моето село -како рибата водата, како птицата слободата, како мајката детето…го сакам моето родно место, затоа што ниту еден човек нема две родни места.

Во моево срце има простор за цела една мала љубовна бесконечност наречена ЗУБОВЦЕ !!!

Витко Огњаноски- Зубовце

Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во ЗубовцеБогојавление Водици во Зубовце
Богојавление Водици во Зубовце

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top