Култура и туризам

Манастир „Св. Ѓорѓи“ во село Старо Нагоричане, Куманово

sv-gjorgji-nagoricane

sv-gjorgji-nagoricane

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во кумановското село Старо Нагоричане се смета дека е едно од најзначајните и највисоките места во историјата на средновековната византиска уметност во Македонија. Црквата датира од 11-от век и се смета дека била во форма на базилика за која не постојат пишани документи и записи од што е срушена. Како прв градител на црквата се спомнува името на Роман IV Диоген кој што бил византиски цар а значајно е да се напомене дека истата била и фрескоживописана но по нејзиното рушење зачуван е само еден дел. Станува збор за фрагментот од северниот ѕид на наосот кој што е зачува од 11-от век додека денес се она што е во црквата датира од крајот на 13-ти и почетокот на 14-ти век. А истотака од првата црква од 11-от век зачувани се и ѕидовите на фасадите од тесани камени блокови до сводовите. Денешната црква која плени со нејзината убавина е обновена од страна на српскиот крал Стефан II Милутин во 1313 година што може да се забележи по камениот натпис кој е поставен на западната влезна врата во црквата. Црквата која што ја обновил цар Милутин и која што до ден денес е во селото по својата архитектура претставува монументална, трокорабна, петокуполна базилика во форма на впишан крст со издолжен травеј кон источниот и западниот дел. Куполите и сводните површини се украсени со богата керамопластична декорација. Внатрешниот крстообразен изглед е формиран со полукружните сводови преку столбовите и пиластрите. Над централниот дел се издига голема осмострана купола а во аглите се распоредени четири помали кубиња. Олтарната апсида од внатрешната страна е полукружна а однадвор во горната половина петострана. Јасно се забележуваат пиластри кои се остатоци од постара црква а на западната страна зачувани се урнати ѕидови и отвори за греди од постоењето на некогашната припрата. Кога се обновува црквата се возобновува и фрескоживописот во 1313 година кога како игумен на манастирот бил Венијамин. Живописот на манастирот е работен од страна на најпознатите средновековни солунски зографи во Македонија, Михајло Астрапа и Евтихиј. Овие двајца познати зографи ја цртале црквата 5 години и истата била насликана од темелот па се до кровот. Значајно да се напомене за живописот во манастирот е тоа што преку него може да се забележи развитокот на стилот од 14-от век во кој што циклусите се претставени на наративен начин запазувајќи го реализмот кој што опстојувал во тоа време. Интересни се фигурите кои се изведени во живо движење и динамика се со цел да се диференцираат ликовите. На прв поглед иако композициите изгледаат пренатрупани со ликови тие се јасни со правилно сместување во просторот. По ѕидовите на манастирот се распоредени циклусите од Големите празници, Страдањата, Чудата, Параболите Христови, сцените од животот на Св. Ѓорѓи, на Св. Никола и на Св. Богородица а календарските сцени се во горните зони на нартексот. Во централната купола за првпат во византиската уметност е насликан Христос Седржател (Пантократор) заедно со Небеската литургија која подоцна ќе стане составен дел од сликарството. Во олтарската апсида е насликана Богородица со Христос на трон фланкирана со два архангели а под неа се претставени Причестувањето на апостолите и Литургиската служба на архиереите. На олтарската преграда северно е насликан Св. Ѓорѓи патронот на црквата а јужно Богородица Пелагонитиса кои се допојасно прикажани и се единствен пример на фреско икони на камен во Македонија од 14-от век. Над главниот влез на западниот дел во нартексот е претставена вообичаената композиција Успение на Богородица. Ктиторската композиција кралот Милутин со модел на црквата во рацете и неговата сопруга Симонида, ќерка на византискиот цар Андроник II Палеолог, заедно со Св. Ѓорѓи кој во левата рака држи меч како подарок наменет за кралот е насликана на северниот ѕид на нартексот но денес истата е видно мошне оштетена. Истотака забележителна е композицијата на двајцата од четворицата браќа кои живееле испоснички живот а тоа се Прохор Пчински и Јоаким Осоговски. Календарските сцени се издвојуваат по тоа што на нив се претставени казните кои биле изрекувани додека некој нешто згрешел. Истотака претставено е мачењето на Св. Ѓорѓи и мачењето на Исус Христос. Од третиот ред па се до пантократорот било нацртано целото детство на Исус Христос но со рушењето на црквата голем дел од фреските биле уништени. Голем дел од фрескоживописот е уништен и при течењето на црквата затоа што истата била покриена со олово кое турците го украле а потоа била покриена со керамички плочи кои биле причината за течењето на водата. Пред 15 години сменет е покривот на црквата која повторно е покриена со олово и сместени се крстови на покривот. Фрескоживописот во црквата е автентичен и истиот само е конзервиран и исчистен. Посебноста на црквата е во тоа што е зачувана првобитната олтарна преграда односно иконостасот кој што е изработен од камени столбови, паралелни плочки и орнаментира архитраф. Чувството на светост се доловува и во дворот на манастирот каде сеуште постојат гробовите на црковните луѓе и на селаните. Во дворот поставена е камбанаријата која е во поново време изградена и ако во минатото манастирската црква не била отворена за црковните обреди, денес таа е отворена и во неа се изведуваат кршевки, венчавки и слично поради фактот што истата е предадена на црквата. Со еден збор сите оние кои што немале можност да го погледнат овој стар храм, пропуштиле да видат богата и неповторлива галерија од фрески кои се ремек дело на византискиот класицизам во 14-от век од палеологовската епоха и воопшто од средновековната уметност во Македонија, Балканот и во светот.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top