Култура и туризам

Сагата за Есма

esma1

esma1

Деновиве излезе од печат монографијата посветена на едно од најпознатите естрадни имиња на македонската музичка сцена и многу пошироко, Есма Реџепова Теодосиевска и на нејзиниот животен сопатник и музички соработник Стево Теодосиевски. Автор на ова мошне интересно издание е истакнатиот публицист Славе Катин, воведот е на министерката за култура д-р Елизабета Канческа Милевска, издавачи се „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Монографското дело со наслов „Есма“ , кое излезе овие дена, е посветено на македонската музичка легенда и едно од најпознатите естрадни имиња кај нас и во низа земји на повеќе континенти – Есма Реџепова Теодосиевска. Тоа е сага за вистината на блескавата кариера, сублимат на животекот, биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на оваа доблесна дама, истакнат уметник, потврден хуманист, донатор, и човекољубец. Монографијата е хронопис и веродостоен приказ за угледната музичка ѕвезда и патриот, возљубеник во својата татковина Република Македонија и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот музички уметник Стево Теодосиевски. Со илјадниците гостувања и концерти, со успешните настапи и мисии, Есма и ансамблот „Теодосиевски“, го пренесоа името на Македонија низ десетици и десетици земји низ сите меридијани на светот, афирмирајќи ја убавата македонска и ромска песна на нивен специфичен начин.

esma2
Министерката Канческа, Есма и Катин

Наречена дамата со божествен глас и голем музички талент, таа е откриена како надарено младо девојче во 60-те години на минатиот век, кога за прв пат запеа пред микрофонот на Радио Скопје. Натаму низ годините, направи голема кариера, стекна интернационално име и помина илјадници и илјадници километри со Стево и неговиот оркестар, крстосувајќи ја планетата од Америка до Австралија, од Канада до Индија, од Африка до Јапонија, од Русија до Нов Зеланд, од Европа до Азија.

Во воведот на оваа монографија, министерката за култура д-р Елизабета Канчевска – Милевска, меѓу другото напиша:

„Сагата за Есма Реџепова – Теодосиевска е славопис за едно големо човечко возљубие, за дамата со ангелски глас, која поседува ретка естрадна виртуозност и специфика, и пред која се поклонија милиони луѓе во најпрестижните светски концертни сали на сите четири страни од светот…

Есма стана препознатлива, прифатена и призната со песната, темпераментот, оригиналноста, музичкиот ритам и сензитивниот линк со публиката. Со својата дарба, труд и упорност, со истрајноста и квалитетот, го почна искачувањето по естрадните скалила од родното Скопје, и натаму низ децениите стана популарна музичка дива… Нејзините континуирани успеси се и нејзиниот неизбришлив амблем кој останува во аналите“.

esma3
Стево и Есма во млади години

Есма повеќе од 55 години е истакнато музичко име. Станува збор за голем јубилеј во кој, таа е овенчана со слава, а и натаму е неуморна и активна на естрадните подиуми. Поради својата оригиналност и музичка виртуозност, е нарекувана и ја доби титулата Кралица на ромската песна во интернационални рамки.

Во обемната биграфска приказна сместена во книгата едноставно насловена „Есма“, на 410 страници авторот Славе Катин, со многу умешност, знаење, имагинација и со моќта на убавата мисла, композиција и збор, ја овековечува Есмината одисеја, во трезорен, документариум и за времето идно. Инаку, да споменеме дека Славе Катин чиј творечки опус е педесетина книги, објавил и над три илјада текстови за иселеништвото, македонскиот јазик, религијата, културата, литературата и други области, а еве, најновото издание е за Есминиот живот и дело.

За афирмативните блесоци на Есма за својата Македонија, за големите музички дострели, за хуманоста и филантропската активност, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во 2010 година ја одликува познатата естрадна уметничка со Орден за заслуги за Македонија. Таа тогаш, само скромно ќе рече, дека тоа високо признание не го добива Есма, туку граѓаните на Македонија. Исто така, е првата жена која во 2013 година ја доби престижната титула „Национален уметник на Република Македонија“.

esma4
Во домот „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“

Монографијата чии издавачи се книгоиздателството “Македонска искра“ и асоцијацијата “Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а рецензенти се проф. д- р Васил Тупурковски и проф. д-р Јордан Плевнеш, несомнено дека е вредно, доста луксузно опремено дело на македонски, англиски и ромски јазик, со неколку прилози и на други јазици е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. Извонредно е илустрирано со десетици и десетици прекрасни фотографии, кои, и сами за себе, и во контекст на текстовите и хронологијата, доловуваат автентична слика и заокружуваат една вистинска животна и уметничка приказна за познатата естрадна ѕвезда Есма Реџепова – Теодосиевска.

Книгата се очекува да биде промовирана во Скопје, Кочани, Белград, Брисел, во Америка, Канада и Австралија.

fidanka-tanaskova
Пишува: Фиданка Танаскова

Дел од фотографиите во монографијата „Есма“ од Славе Катин:

esma5

esma6

esma7

esma8

esma9

ESMA10

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top