Култура и туризам

Промовирана монографија за пајонската престолнина Билазора

bilazora1

Оваа монографија на нашиот ценет проф. д-р Драги Митревски несомнено ги промовира богатството и слоевитото културно наследство на овој регион и на Република Македонија воопшто, но публикацијата јасно ги афирмира и нашите заложби за ревитализација на културното богатство што го поседуваме и за откривање нови наоди, нови културни добра кои се одраз на историското траење на овие простори …

bilazora1

Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“, која беше промовирана денеска на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе кој е издавач заедно со Народниот музеј од Свети Николе.

Автор на книгата, објавена на македонски и руски и на македонски и англиски јазик, е проф. д-р Драги Митревски. Тој ја предводи истражувачката екипа која во изминатите осум години интензивно работеше на локалитетот на кој од 7 до 2 век пр. н.е. постоел античкиот Билазора – најголем град во Пајонија кој бил и нејзина престолнина во 5 и 4 век пр. н.е. Во истражувањата на локалитетот учествуваа и студенти од Државниот универзитет Тамбов во Русија.

– Оваа монографија на нашиот ценет проф. д-р Драги Митревски несомнено ги промовира богатството и слоевитото културно наследство на овој регион и на Република Македонија воопшто, но публикацијата јасно ги афирмира и нашите заложби за ревитализација на културното богатство што го поседуваме и за откривање нови наоди, нови културни добра кои се одраз на историското траење на овие простори – истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата на книгата.

bilazora2

Авторот Митревски рече дека целта на изданието е секој да знае барем основни работи за градот Билазора кој, како што рече, имал репрезентативна архитектура и техника на градење и украсување какви што нема ни денес. Освен за промоција на Општината, книгата ќе биде корисна за археолозите кои, рече тој, нема да чекаат 10-20 години за публикација од истражувањето, а со неа ќе се избегнат шпекулации и неточни информации за овој локалитет, како, на пример, неговото погрешно поврзување со Велес.

– Книгата не е најважната работа, туку најзначајно е тоа што се отвора нов пристап кон културното наследство, нов начин на соработка на повеќе институции и тоа што сите ќе имаат бенефит. Порано археологијата и културното наследство се доживуваа како потрошувач кој троши, а не носи пари. Целта на оваа книга е да го каже спротивното – рече Митревски.

Како што истакна градоначалникот Зоран Тасев, се очекува по целосното истражување локалитетот да стане туристичка атракција за домашни и за странски посетители. За таа цел, Општина Свети Николе направи асфалтиран пат до локалитетот. Јордан Ѓорчев од Славјанскиот универзитет додаде дека откривањето на локалитетот за јавноста ќе донесе многу луѓе како што Билазора, рече тој, била топ-дестинација во антиката.

bilazora3

На промоцијата се обрати и аташето за култура во Амбасадата на Русија Михаил Лушин, кој подвлече дека учеството на руски студенти во истражувањата уште повеќе ја продлабочува соработката меѓу двете, како што рече, братски и духовно блиски земји. Тој посочи и на тековните „Денови на духовната култура“ кои во Македонија ги организира Амбасадата на Русија, нагласувајќи ја и несебичната помош од Министерството за култура на РМ во нивото организирање.

bilazora4

На локалитетот Билазора континуирано во фази постоеле четири града еден врз друг, а како престолнина на независните Пајонци опстојувала во 5 и 4 век пр. н. е., како и во 3 век пр. н. е., но тогаш веќе била урната владетелската палата. Од 5 до 3 век пр. н. е. била независна пајонска држава со своја династија и владетели што ковале свои монети, имале своја политика и ритуално се крунисувале во водите на Брегалница.

bilazora5

Локалитетот е истражен околу 60 отсто и досега се откриени остатоци од пет градби со богата фрескодекорација – владетелската палата, култен базен што служел за водоснабдување, фортификациски систем околу акрополата и објект од јавен карактер кој бил стоа, храм или имал друга намена и кој засега е најзагадочен. Откриени се и питоси во кои се складирало жито.

Сите пронајдоци се ислустрирани во монографијата, заедно со фазите на истражување и откривање. Најдени се над илјада артефакти, луксузни керамички садови и накит, парчиња алат, монети кои се презентирани во Народниот музеј во Свети Николе.

Покрај книгата, денеска беше промовирана и веб-страницата bilazora.mk со сите информации поврзани со овој локалитет.

bilazora6

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top