Култура и туризам

Награда за македонскиот филм „Три дена во септември“ за најдобра музика на SEE a Paris 2016

prva-klapa-na-filmot-tri-dena-vo-septemvri

prva-klapa-na-filmot-tri-dena-vo-septemvri

Вчера заврши шестото издание на фестивалот SEE a Paris 2016. Во текот на фестивалските денови париската публика имаше можност да ја проследи богатата фестивалска програма која изобилуваше со интересни содржини. Покрај филмската програма, фестивалот имаше и музичка програма, во која се вбројуваат концертите на Alina Baba, ElinaDuni и VlashenSata.

Фестивалот отпочна на 31.05. во универзитетот INALCO, каде што покрај маратонот на документарни филмови, се одржа симпозиум на тема „Миграциите и филмот“, на кој зедоја учество бројни истакнати имиња, како  Фроса Пејоска, професор на Универзитетот Иналко, Фабрис Далмеида, професор на Универзитетот Пантеон-Асас, Љубен Тевдовски, директор на Музејот на Град Скопје,Јордан Плевнеш, ректор наУниверзитетот за аудиовизуелни уметности Скопје, итн. Покрај учеството на симпозиумот, познатиот српски режисер Желимир Жилник одржа работилница, додека неговиот филм „Log-Book Srbistan“ ,  ја доби наградата на студенското жири за најдобар документарен филм.Гостин на програмата во INALCOбеше и легендарниот Душан Макавејев.

Програмата во Le Palace се отвори со изложбата „Балканскиот Дон Кихот во Европа“ на истакнатиот македонски академски сликар Владимир Георгиевски.  Во продолжение беа доделени и специјалнитенагради на фестивалот. Наградата SEE Film Legend на Вељко Булајиќ му беше лично врачена од страна на Yves Boisset, за SEE Actor 2016 беше прогласен црногорскиот актер Бранимир Поповиќ, додека наградата Europa Prima 2016 за литература му беше доделена на Francis Combes. Покрај овие, беа им доделени награди на Ерхард Бусек (Europa Prima Politics Award 2016)и Трифун Костовски (SEE Personality 2016).

Жирито во состав: Ив Буасет(претседател),Зоран Живковиќ, Хазис Вардар, Макс Азуле,Саша Голдман и Емануел  Галабруе, ги додели следниве награди:

Најдобар филм – „Bota“ – Iris Elezi и Thomas Logoreci(Албанија)

Најдобра режија – TuncDavut – „Dolanma“ (Турција)

Најдобра машка улога – Горан Навојец  – „Svenajbolje“,(Хрватска)

Најдобра женска улога –FlonjaKodheli -„Bota“, (Албанија)

Најдобро сценарио – YorgosGkikapeppas – „Silent“, (Грција)

Најдобра музика – Александар Пејовски  -„Три дена во септември“ , (Македонија).

Фестивалот ги заокружува овогодинешните изданија во Нингбо, Кина,(CEE in Ningbo 08-12.06), со селекција во кoја се вклучуваат и  кратки и документарни филмови од земјите на источна Европа.

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top