Култура и туризам

Првата христијанска општина во Европа (3)

apostol-pavle-i-makedoncite

Св. Апостол Павле и Македонија

apostol-pavle-i-makedoncite

Апостол Павле се наоѓал во многу тешка положба на неговото престојување во Рим.Така, откако разбрале за тешката положба, во којашто се наоѓал апостолот Павле во Рим, филипјаните веднаш го испратиле градскиот првенец и прв филиписки епископ Епафродит, за да му биде поткрепа во тешките за него денови, при што по него испратиле и соодветна материјална помош за апостолот. Притоа Епафродит бил испратен кај апостолот Павле од името на целата филиписка христијанска општина што се гледа од зборовите на апостолот: “Најдов за потребно при вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои, бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, а не само него, туку и мене, за да не ми се натовари жал врз жал. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, a jac да бидам помалку нажален. Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте, бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот живот, за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене” (Филип. 2,25-30). Слична мисла искажува апостолот и кон крајот на своето Послание кон Филипјаните: “Добив се и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога” (Филип. 4,18).

Почитта, којашто апостолот Павле ја чувствувал кон филипјаните, постепено прераснала во љубов. Својата љубов кон нив тој ја изразува со карактеристичните за него длабоки мисли, велејќи: “Како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и го утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта. Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа” (Филип. 1,7-8). Апостолот Павле ги нарекува филипјаните “браќа мои возљубени и многупожелани, радост моја и венец” (Филип. 4,1).

Свети Јован Златоуст, зборувајќи за односот на апостолот Павле кон филипјаните, вели: “О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија!” И веднаш додава – “и на солунјаните им го соопштува истото, велејќи “А ние, браќа, откако се одделивме од вас за кратко време114 по лице а не по срце, со уште поголема желба се грижевме да го видиме лицето ваше. Поради тоа, ние, најмногу јас, Павле, и еднаш и другпат, посакавме да дојдеме при вас ; но не попречи сатаната. Оти, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та тоа не сте ли и вие пред нашиот Господ Исуса Христа за Неговото доаѓање? Да, вие сте нашата слава и радост” (1 Сол. 2,17-20).

Истакнувајќи ја љубовта на апостолот Павле кон филипјаните, св. Јован Златоуст сосем непринудено го заменува името на градот Филипи со името на целата земја кон којашто тој припаѓа, а имено Македонија. За св. Јован Златоуст, кој живеел во втората половина на IV в. и почетокот на V в. по Христа, да ги сакаш филипјаните било исто како да ги сакаш сите Македонци, додека да го сакаш Филипи било исто како да ја сакаш цела Македонија. Таа мисла на св. Јован Златоуст покажува дека во неговото време Македонците биле познати како одделна етничка група. Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон солунјаните, а тоа значи дека св. Јован Златоуст го однесува, исто така, и Солун кон Македонија, како и солунјаните – кон Македонците. He само св. Јован Златоуст, но и св. Поликарп Смирненски (II в. по Христа), индиректно сведочи, во едно свое писмо до филипјаните, дека Филипи и Солун се градови кои й припаѓаат на иста земја и на ист народ. Во тоа свое писмо до филипјаните св. Поликарп Смирненски, зборувајќи за дејноста на апостолот Павле во Филипи, меѓу другото го пишува и тоа дека апостолот на апостолите испратил до филипјаните посланија (epistolas). Недоумица предизвикува, притоа, употребата на именката послание во множина, бидејќи во текстот на Библијата фигурира само едно послание на апостолот Павле до филипјаните. Скоро сите истражувачи (Тилман, Мајнерц и др.) се на мислење дека св. Поликарп во овој случај ги имал предвид и посланијата на апостол Павле до солунјаните. За св. Поликарп Смирненски таквата констатација била сосем нормална, бидејќи и Посланието до Филипјаните, и посланијата до Солунјаните се пишувани и испратени до македонски христијански општини. Важното во случајов е тоа дека и во II в. по Христа, Македонците, и покрај повеќевековното римско ропство, се зачувале како одделна народносна група. #913; тоа било непосредно пред доаѓањето на Словените на Балканот и нивното населување на македонската територија, што значи дека кога дошле тука, Словените нашле старомакедонско население, кое етнички било разграничено од Грците и од другите етнички групи што ги населувале овие простори.

Во почетокот на своето Послание до Филипјаните апостолот Павле пишува: “Од Павла и Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите”. Од цитираниот текст се добива впечаток како да имало повеќе епископи во Филиписката христијанска општина. Имајќи го, меѓутоа, предвид фактот дека Посланието на апостолот Павле до Филипјаните е пишувано во првата половина на 63 год. по Христа и било испратено по Епафродит (Филип. 2,25) и дека самата Филиписка црковна општина била основана околу 51 год. од Новата ера т.е. 12 години порано, мошне тешко е да се прифати дека за еден толку краток временски период филиписките христијани станале толку многубројни што се појавила потреба да имаат повеќе епископи. По секоја веројатност Филиписката христијанска општина немала повеќе од еден епископ, меѓутоа, по се изгледа во тоа време епископи биле нарекувани и презвитерите (o presvuteros – постар, старешина; )
(episkopos – надзорник, раководител). Во времето на апостолите овие две хиерархиски степени се уште не биле потполно разграничени. За тоа сведочи и св. Јован Златоуст во своето толкување на Посланието на апостолот Павле до Филипјаните. Тука е местото да си го поставиме и прашањето: зошто апостолот Павле дојде да ја проповеда новата идеја првин во Македонија, а не во некоја друга европска земја!? Како да си го објасниме овој факт? Зошто апостолот Павле не отишол, на пример, во Тракија, во којашто тој многу полесно можел да дојде, поминувајќи низ Протоците (Босфорот или Дарданелите)? Co што македонскиот народ го привлекол вниманието на Христовиот апостол? Објаснувањето може да биде само едно: апостолот Павле бил извонредно мудар човек и тој многу добро знаел дека за да има успех новото учење, тоа треба да придобие на своја страна еден славен и достоен народ, кој ќе биде во состојба да се мери по силата на својот дух со Римјаните; а таков народ во таа далечна епоха бил народот на Македонија. Големиот познавач на древноста Ернест Ренан пишува: “Македонците се антички народ, кој најмногу личел на Римјаните”115. Освен тоа, апостолот Павле добро знаел дека во поголемите македонски градови тој ќе најде добра почва за својата проповедничка дејност. Во позначајните македонски градски населби се одвивала жива културна дејност, поради што проповедта на апостолот Павле тука би била слушана и правилно разбрана. Така и се случило. Во Македонија апостолот Павле за кратко време основал христијански општини, кои, судејќи според нивната активност и разнострана дејност, долго време ќе претставуваат образец за христијанските заедници во другите делови на Европа. Тоа посебно се однесува за филиписката христијанска општина. Во градот Филипи апостолот Павле ги напишал некои од своите посланија, а светиот апостол Лука овде го напишал своето евангелие, кое, заедно со другите три евангелија, претставува основа на христијанството. He случајно познатиот западен богослов Греднер, зборувајќи за прифаќањето на христијанството од страна на граѓаните на Филипи, истакнува дека “од Филипи Евангелието го победи светот”116.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top