Култура и туризам

Еванѓелие по Јоана (6. дел)

p001

Кониково, Беломорска Македонија- 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите…

НЕДЕЉА. 9.

От Матеа.

НА тоа времи. Анагкаса Исус Учениците му да флезат уф корабут, да заминат понапрет утаде, дури да испушти људиту. И ка испушти људиту, са качи на планината сам да са пумоли, и кату да замракна, беше самичок таму. И корабут беши насрет мориту, и са задеваше ут таласиту зашто беше ветар насреште. И на читвертата стража [стр.055] ут ноќјата утиде Исус на Учениците, и одеши узгоре наврас мориту. И ка гу видоа Учениците, дека одеши узгоре наврас мориту, са сигисаа, и велеа: оти е видение: и ут страхут му викнаа. И уф часут му збурува Исус, и рече имајте гајрет: јази сам, ним са бојајте. И Петар му Отвешта, и рече: Господи аку си ти, повели ма да дојдам на тебе узгоре на водата. И он му рече: ела, и ка слезе ут корабут Петар, одеши наврас водата, да дојде на Исуса. Ами ка виде ветарут силен, са уплаши, и ка фати да потонува, викна и рече: Господине, откини ме. И уф часут Исус ка спрустре раката му, гу фати: и му веле, о маловерне, оти кладе шубе. И ка флезе он внатре уф корабут, ветарут павса. И тие што беа внатре уф корабут, дујдоа и му са пуклониа, и велеа: [стр.056] истина Син Божиј си. И ка заминаа, дујдоа на земљата Генисарецка.

НЕДЕЉА. 10.

От Матеа.

На тоа времи, един чувек дуближи на Исуса са кланеши на негу. И велеши, Господине: пожалај син ми, оти на нова месичина беснува, и лошу са мачи, и многу пате паѓа уф огенут и уф водата. И гу дунесох на Учениците ти, и не можеа да гу лекуват. И отвешта Исус, и рече: о род бизверне и расвратении, ду кога ќи бидам сос вас, ду кога ќи ва тарпам, дунесејти ми га туа. И пувеле Исус сос љутина бесут, и излезе ут негу, и са излекува детиту ут тоа саат. Тогај утидоа Учениците на Исуса сам бидејќе, и рекоа: зашто ние не можехми да истераме негу. Му веле Исус: зарди [стр.057] неверствуту ви: истина ви велем, аку имате вера колку идно з’рну син’пуву, ќи кажите на ваа планина: премести са уттуа таму, и ќи са премести, не ке биде никуе работа неможна на вас. Ами воа род не испаѓа, салде сос молба и сос поштени. И таму дека живуваа они на Галилеа, му рече Исус: Синут чувечки има да са придаде уф раци чувечки. И ќи гу утепат. И на третиут ден ќи војскресне.

НЕДЕЉА. 11.

От Матеа.

РЕче Госпот приказната ваа, омиаса царствуту небеснуту, един чувек цар, тоа што сака да чине исап сос езмиќарите му. И ка зафати да слага, му дунесоа един што му длажуваше десет хилиади таланте. И ка немаше да и плати, пувеља Господинут му да [стр.058] са прудаде, и он, и жената му и децата му, и сату што имаше, и да са плате борчут. И падна убо езмиќарут тоа му са пуклонуваше, и велеши: Господине, потрапи ма, и да ти дадам сите. И са умилостиви Господинут езмиќарут тоа, и гу пушти, и му ариза и борчут му, и ка испанна надвор езмиќарут тоа, најде един ут дружината му, тоа што му длажуваше сто динаре, и ка гу фати му даде зор, и велеши: дај ми тие дека ми длажуваш. Падна убо другарут му на нозите му, и гу молеши, и велеши: потарпи ма, и сите да ти и платам. И он неќеши, ами утиде и гу кладе внатре уф хафаната, дури да плати борчу му. И ка видоа дружината му тие што са чиниа, са нажаљаа многу, и дујдоа, и и кажаа на Господинут му, пудробну сите што са чиниа. Тогај гу викна Господинут му, и му веле: шијрет езмиќарин, јазе ти аризах сат тоа борч зашто [стр.059] ми са моли. Не требуваше и ти да да пужаљаш дружината ти, кату ка та пужаљах и јазе: – И са наљути Господинут му, и гу придаде на мачниците, дури да даде сат му борч. Така и Татку ми Небеснијут, ќи чине на вас, аку не просте ут сарце секуј грeшбите на брат му, што му греши.

НЕДЕЉА. 12.

От Матеа.

НА тоа времи, млат некуј дујде на Исуса са кланнеши на негу, и му веле: Дидаскале благии, што дубро да чинам, да имам живот вечни. И Исус му веле: што ми велеш благ, никуј не е благ, салде един бог, ами аку сакаш да флезиш уф животут, чувај нарачбите. Му веле, кое? И Исус веле, кату да не убиеш, да не скурвиш, да не уткрадиш, да не лажовну мартирисаш. Тимисувај Татку ти, и [стр.060] мајка ти, и да милуваш кумшиата ти кату себеси. Му веле он, вие сите и чувах ут младуста ми: што ми лифа ошти. Му веле Исус, аку сакаш да са чиниш сфаршен, оди, продај сату што имаш, и и дај на сирумаситу: и ќи имаш имани на Небуту, и ела оди пу мене, И младијут, ка чу лакардијата, си утиде нажаљан: зашто имаше многу имане. И Исус веле на Учениците: истина ви велем, зашто зенѓинин мачну ќи флезе на царству Небесну. И пак ви велем, полесну е камилата да пумине низ иглени уши, а не зенгинут да флезе уф царству божие. И ка гу чуа Учениците му, са зачудиа многу: и велеа, кој убо може да са спасе. И ка виде Исус, му веле: воа е неможно на људиту, ами на Бога са сите можни.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top