Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (10)

prespa10-1

prespa10-1

РАКОПИСНИ ТЕКСТОВИ ОД „ЖИТИЕТО НА БОГОРОДИЦА”

Варијанти со ракописни текстови за „Житието на Богородица“се срекаваат, меѓу другите, кај рускиот автор  И. Порфирев, украинските автори И. Франко и A. Јацимирски, бугарскиот  автор B. Јагич, српскиот автор Ст. Новаковиќ и други.

Митрополитот српски Михаил, меѓу мнозина други автори, го обработи животот на пресвета Богородица. Во делото веднаш го цитира искажувањето на цариградскиот архиепископ од 5-от век. свети Прокло, кој вели: „Сите спомени за светците се многу славни, но ништо не може да се спореди со славата на Богородица”.

Покрај сите други детали од животот на Богородица, посебно е апострофиран Назарет, каде што жителите веруваат дека пред постојниот длабок бунар во една христијанска црква од овој град се случило благовестието. Верниците доаѓаат по оваа лековита вода. Во овој град Исус Христос минал триесет години земен живот.

Во делото митрополитот Михаил посебно се запира врз деталите од патувањето на Богородица со свети Јован Богослов. Тие тргнале кон Кипар, кај владиката Лазар (четиридневниот Лазар). Бурата ги спречила да стигнат на Кипар, а ги одвела во Света Гора.

Михаил пишува: „Света Гора и припаѓа на Македонија и во тоа време беше полна со безбожни идоли, а најголем бил храмот Аполонов, каде што се вршеа многу врачбини”. Безбожниците ја пречекале по пристигнувањето на лаѓата, а Богородица им раскажала за Христовото раѓање. По нејзините раскази сите присутни се покрстиле.

Богородица оставила еден свој човек да ги поучува, а на присутните им рекла: „Ова место ќе биде моја имовина, која ми ја даде Синот и Богот мој. Неговата благодет нека го покрива ова место и сите оние кои овде живеат со вера и побожност… Јас ќе бидам застапница на ова место и топла преносница пред Бога”. По ова обраќање Богородица запловила кон Кипар.

Митрополитот говори за нејзината слава. Богородица спасува многу градови и прави големи чуда. Се смета дека евангелистот Лука бил талентиран сликар и прв ја насликал Богородица, а иконата се наоѓала во Антиохија, каде што е роден Лука, потоа во Ерусалим, во Цариград. Нејзиниот појас бил зачуван во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Цариград бил донесен и нејзиниот покров, како и ризите.

Императорот Лав Македонец изградил две цркви во чест на Богородица, во кои се случувале чуда. Во Влахерн се чувале ризите, а во другата црква имало живоносен извор, каде што се излекувал и царот Јустинијан. Богородица трипати го спасувала и Цариград.

prespa10-2
Света Гора

Во Света Гора има многу икони со ликот на Богородица. Во манастирот Хилендар се наоѓа иконата „Богородица Трорачица”. Свети Јован Дамаскин оздравел, молејќи се пред оваа икона. Еретиците му ја отсекле на Јована левата рака. Јован се молел пред иконата и раката му била вратена. По ова чудо Јован направил сребрена рака и ја обесил на иконата. Иконата ја однесол во Палестина, каде што починал. Иконата ја добил свети Сава во Палестина и ја однел во Србија. Оттаму, на чудесен непознат начин, се нашла во Света Гора.

Позната е повеста за чудотворната икона на благовеста, т.н. „Големоблагодетна” на островот Тинос во Грција. Пред самото грчко востание против Турците, во 1821 година, Богородица му соопштила на стариот градинар Михаил Полизоис дека нејзината благо-датна икона е закопана на одредено место пред 800 години. Следната година 1822 Богородица се појавила пред монахињата Пелагија од женскиот манастир со потекло од 10-от век и побарала на местото од закопаната икона да се подигне храм Света Богородица. Пелагија се плашела тоа да го открие, но на третиот пат Богородица изјавила дека ќе ја казни ако не ја послуша.

Веста допрела и до епископот, кој одобрил да се ископа местото што го одредила Богородица. Пронашле стар храм и на негово место бил изграден нов христијански храм. Потоа била пронајдена и ископана и иконата на Благовестието – Богородица со архангелот Гаврил. Co пронајдувањето на иконата исчезнале болестите на островот Тинос, а луѓето поверувале во победата над Турците. На денот на Благовестието пред таа икона се случувале многу чуда. Во главниот храм на островот Тинос сите овие чуда се запишани и се чуваат.

prespa10-3
Св. Богородица во Скопје

Богородица станала старешина на еден манастир каде што калуѓерите се карале. По нивните расправии иконата на Богородица се преместувала невидливо од олтарот на игуменскиот стол. Калуѓерите сфатиле дека Богородица треба да е старешина.

Литературата за животот на Богородица е присутна во сите христијански средини. Направени се и библиографски осврти за земниот живот на дева Марија, за иконите и црквите што и се посветени, како и за посебно чудотворните икони со нејзиниот лик.Чудата на дева Марија во хрватските глаголски збирки се постојана преокупација на Иванка Петровиќ, на кои им е посветен еден цел број од списанието на Старословенскиот институт во Загреб.

Меѓу бројните чуда што и се припишуваат на Богородица е и тоа со свети Јован Кукузел. Кога свети Јован го пеел акатистот на Богородица, пред иконата на Богородица, во светогорскиот манастир свети Атанасиј, заспал. Пред него се појавила дева Марија и му рекла: „Биди здраво чедо мое, пеј, пеј, и не престанувај да пееш, јас поради тоа нема да те оставам.” Притоа таа му оставила еден златник во раката. Јован се сепнал од сонот и во раката навистина имал златник. Заплакал од радост. Го приопштил златникот на иконата со ликот на Богородица. Таа икона правела разни и бројни чуда пред посетителите и страдалниците, кои ја барале помошта на дева Марија.

Меѓутоа, најубавата народна македонска легенда, цитирана во литературата повеќе-кратно, истакнува дека Богородица, по воскреснувањето на својот син Исус Христос, заминала со Јован Богослов во Македонија, што го потврдува и самата Библија.

Продолжува

Пишуваат:
Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ  и
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top