Култура и туризам

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква

mpc1

ПРВИОТ ЧЕКОР ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ

Од нашата Црковна историја

mpc1
На 21 октомври 1943 година  во штотуку ослободената Дебарца се одржа првиот собор на македонското
православна свештенство на слободната територија

На намерникот што се упатил кон Охрид преку општина Дебарца, речиси и неможе да му се случи на една од крајпатните табли да не го забележи името на селото Издеглавје. Но, малкумина знаат за настанот што се случил во селото, поточно во куќата на Јонче Николовски, на 21 октомври 1943 година и кој сосема ја обезвредни фашистичката пропаганда, според која комунистичките безверници ги беселе, ги убивале и ги малтретирале свештениците, ги уривале и ги поганеле црквите на сопствениот народ.

Во сè уште тешките и несредени услови на штотуку ослободената Дебарца, во Издеглавје, се одржал Првиот собор на македонското православно свештенство на слободната територија, на кој присуствувале тринаесеттина свештеници и претставници на повеќе народноослободителни одбори. Иницијатор за свикување на соборот било Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ  и ПОМ, формирано десетина дена пред тоа.

Пред да кажеме малку повеќе за значењето на соборот во Издеглавје и за одлуката на Главниот штаб за формирање на Верското поверенство, само накусо да потсетиме на заедничкото бреме на ропските страдања и на денационалиторската политика што подеднакво го чуствувале народот  и чесното народно свештенство во годините на фашистичката окупација, како и на условите во кои дојде до тие настани.

 Крстот како оружје

Откако по распаѓањето на кралството Југославија, речиси истовремено, се распаднала и Српската православна црква во Македонија, црковната власт во источна Македонија ја превзеле бугарските фашистички окупатори, формирајќи своја  егзархиска организација, воведувајќи го во црквите, како во администрацијата, така и во проповедите, бугарскиот јазик како задолжителен. На сите функции и во сите поважни места на Македонија, Егзархијата обезбедила дури 280 одбрани мисионери од „старите предели“.  Со привилигиран статус и со богато стумулирање во материјален поглед, тие требало доследно да ја спроведуваат  денационализаторската политика што ѝ ја доверила државата на црквата. „Неблагонадежните“ домородни свештеници биле разместени по пасивните парохии или далеку од местата на дотогашното службување, а помошта или симпатиите за НОБ повлекувале драстични репресии и за свештенството.

mpc2

Колкава надеж полагала во својот потег Егзархијата, сведочи и повикот кон „благонадежните“ свештеници, во кој меѓудругото, се вели: „Ние со крст можеме да го постигнеме она што со други средства неможе да се постигне. Имено да го разрешиме националното прашање во Македонија во полза на Бугарија“. Истовремено, тоа покажува и во колкава мера Егзархијата и нејзиниот апарат во Македонија биле вклучени во борбата против Народноослободителното движење на македонскиот народ. Западниот дел од Македонија, што го окупирала Италија, како што е познато, административно им било предоставен на албанските фашистички квинслинзи. Албанската црква спровела реорганизација на црквите во тој дел од Македонија, а во рамките на општата политика од неа се барало да превземи мерки што ќе ја поддржеле и зацврстеле италијанско-албанската власт и денационализација на народот. Сите превземени мерки на Албанската црква не придонесле за нејзиното влијание, пред сè, поради отпорот на народот против окупаторите , кој особено бил нечовечен во однос на немуслиманското население. На народниот отпор, кој, меѓу другото, се должело и на неразбирањето на јазикот, му се придружил и отпорот на свештенството. Благодарение на тоа, како јазикот, така и целокупниот црковен живот што го воделе домородните свештеници во македонските цркви не примил никакво влијание Албанската црква. Разгорувањето на вооруженото востание и неговото спонтано ширење во западна Македонија, сосема ги истиснало и последните форми и обиди на Албанската црква во Македонија.

mpc3

Заедничка судбина

Со почетокот на вооруженото востание во октомври 1941 година, се отворила најзначајната страница од новата историја на македонскиот народ. Најнапредните негови синови предводени од Комунистичката партија, влегле во непоштедната борба за осамостојување од фашистичката чизма, која го најавила пресудниот револуционерен пресврт што довел до национална самобитност и до конституирање на државноста на македонскиот народ.

Свеста за грандиозноста  на битката што се водела, навлегла во сите структури на македонското општество, а надвор од овој процес, не останале и бројните свештенички кадри.

  • На еден или друг начин, преку редовните отпори кон окупаторските државни и црковни власти, до најдирекно учество во народната револуција, најнапредните македонски свештеници активно се определија за НОБ. Црквите, особено манастирите, како во минатото, така и во НОБ, станаа сигурни засолништа и бази на НОД и на народните борци. А, свештениците од амвонот и на друг начин го упатуваа народот на подршка и помош на НОБ,

пишува Доне Илиевски во книгата „Автокефалноста на МПЦ“.

mpc4

Формирање на Верското поверенство

Кога во најголемата жештина на борбата, особено по капитулацијата на Италија, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија пристапил кон организирање на првите народноослободителни одбори, првите органи на новата револуционерна власт, во западна Македонија, активно учество зеле и свештениците. По создавањето на првата слободна партизанска територија во Дебарца , Охридско, меѓу другите мерки за организирање на општесвениот живот биле превземени и такви што значеле средување и на црковните состојби и на верскиот живот. Веќе рековме дека Главниот штаб на НОВ и ПОМ, чие седиште било во селото Црвена вода, Охридско, донело одлука за формирање на Верското поверенство, набрзо потоа командантот на Главниот штаб за прв верски референт го назначил свештеникот Вељо Т. Манчевски од Дебар. Со истата наредба, сите негови одлуки и решенија биле прогласени за задолжителни за целото свештенство и за црковните општини на ослободената територија. Со тоа, практично, за македонското православно свештенство престанала секаква туѓа црковна јурисдикција. Или, како што истакнал прота Нестор Поповски, претседател на Сојузот на здруженија на македонските православни свештеници: со спомнатите одлуки на револуционерните органи почнува почетокот на решавањето на македонското црковно прашање на македонска основа и почеток на крајотод вековната борба на македонскиот православен народ  да си ја врати својата слободна православна црква. Уште еднаш народот и црквата ја споделуваат заедничката судбина.

mpc5

mpc6

Што се случуваше во Издеглавје?

На Првиот свештенички собор на ослободената партизанска територија, со чија работа раководел верскиот референт, свештеникот Вељо Манчевски, покрај одлуките што се однесуваат на организацијата на црковната управа и на вршењето на службата на свештениците, биле донесени и одлуки и заклучоци и за учеството на свештенството и на верниците во НОБ, за обнова на Охридската архиепископија и за создавање на Македонска православна црква. така, сето православно свештенство од Македонија, а посебно од Дебарца, се повикало да стапи во редовите на партизанската војска, да се вклучи во нејзиното помагање со оружје, храна, облека и друго; да откаже каква и да е соработка со окупаторот и со неговите слуги; да работи со своите верници за обнова на Охридската архиепископија и за создавање на слободна МПЦ, на чело со избрани архиереи  од средината на македонскиот народ; во сите цркви и манастири да се воведе македонскиот јазик и проповедите да се извршуваат на тој јазик; да се изградуваат здрави односи со луѓето од муслиманска народност ориентирани кон НОБ.

mpc7

Исто така, на Соборот било истакнато дека партизанските единици и народноослободителната војска на Македонија не водат борба против верата и верниците, туку против  окупаторот и домашните предавници и дека македонското свештенство и верниците никогаш до тогаш не биле така слободни во проповедта, служењето и извршувањето на верската слобода, дека свештенството никогаш до тогаш не било толку блиску до својот народ и народот до него, како на слободната територија во Дебарца.

Со еден збор, како што забележал Доне Илиевски, според составот, карактерот и според донесените акти, Свештеничкото собрание од 1943 година во новата историја на Македонската православна црква со право се зема како основа врз која единствено може да се решава македонското црковно прашање. Неговите акти се и првите документи на патот кон конечното осамостојивање на Македонската православна црква.

mpc8

mpc9

mpc10 

На овие непобитни факти Издеглавје ќе се потсети овие денови, кога ќе биде домаќин на јубилејната прослава по повод 75 годишнината од одржувањето на Првиот собор на македонското православно свештенство на слободната територија во Дебарца.

mpc11

mpc12

mpc13

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top