Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (24)

СЛИВНИЧКИ КАЖУВАЊА, ПРЕДАНИЈА И ЛЕГЕНДИ ЗА МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА

Во август 2002 година го посетивме Слимничкиот манастир Света Богородица откако бројни написи кај нас и во светот го објавуваа живото присуство на Света Богородица во манастирот, видена од сливничани. Мошне интересен настан беше посебно одбележан и во весникот „Македонија денес” од 14-15 октомври 2000 година.

Екипата на весникот направи репортажа за манастирот и за нејзиниот чувар Божин Нечовски. Откако новинарите заминале, при развивањето на филмовите направени од црквата кон конаците, забележале појава на фигура на света Богородица пред прозорецот од кој се фотографирало. Тој фотос, заедно со репортажата, беа објавени и достапни до широката јавност.

Интересно е дека од повеќе сливничани слушавме за нивната верба дека во манастирот мнозина од нив ја виделе света Богородица во живо. Овој религиозен куриозитет за нив, при раскажувањето, е обична појава, на која тие свикнале низ вековите. Меѓу нив се раскажува дека и постарите сливничани ја гледале света Богородица. Вакви појави во светот се одбележуваат како свети реликвии.

Така, во 1830 година Катерина Лабурс паднала на колена пред Богородица во Париз. Познато е местото Фатима во Португалија каде што се појавила Богородица во 1917 година, потоа во Гарабандал, во Шпанија, во 1960 година. Вакви светилишта се подигнати и во земјите: Јапонија, Кореја, Руанда, Венецуела, Франција, Словачка, Холандија, Бразил, Австралија, Малта, Швајцарија, САД, итн.

Во случајов Македонија не заостанува со појавата на вакви настани, во што предничи Слимничкиот манастир. Познато е колкав интерес предизвика појавата на Богородица во Меѓумурје во Босна и Херцеговина. Неодамна беше објавен податокот дека во светот се регистрирани 108 вакви свети места. Постојат и записи кои го регистрираат појавувањето на Богородица веднаш по нејзината смрт, во 1-от век по Христа. Ваквите појави се нижеле во светот, а во 20-от век ескалираат.

Во врска со фотосот од весникот „Македонија денес”, на кој се појавува тиркизна Богородица, направена е лабораториска анализа со што случајов се објаснува како еден од ретките фото-феномени, за кои не е пронајдено децидно толкување.

          

Навистина бевме изненадени од бујноста на планинскиот масив и ненарушената тишина во манастирот Света Богородица. Од селото Сливница до манастирот води планински пат, меѓу густите шумски дрва, во здрава летна свежина. Појавата на камбанаријата и црквата со конаците е ненадејна и воодушевувачка. Тишината ја зголемува свечената атмосфера на прекрасните фрески и икони во овој манастир.

Божин бил иницијатор за изградба на патот од селото Сливница до манастирот во должина од пет километри. Потоа собирал доброволен прилог од населението и во 1996 година биле обновени градбите на манастирот, посебно 50 соби од старите конаци. Населението било многу дарежливо за оваа цел. Тој ја знаеше и историјата на несреќното семејство Петкови од Битола, најголемиот донатор на манастирот. Михаил и Стојна Петкови од Битола имале единец син наречен Купен.

Момчето било болешливо и починало во 1599 година, осум години пред започнувањето на градбата на манастирот. Се смета дека градбата започнала 1607 година. Таткото решил да ја помогне градбата со 9.000 златни гроша. Во знак на благодарност свештениците решиле да го насликаат ликот на Купен во црквата.

Во дворот од манастирот има чешма и кладенче. Луѓето од овој крај веруваат во лековитоста и чудотворноста на водата од чешмата и од кладенчето. Бошко Нечовсли раскажа многу случаи на излекувани луѓе, посебно на стерилни жени кои потоа забремениле. Бошко раскажа поголем број примери на случаи кога луѓе од селото Сливница лично ја сретнале или виделе во дворот од манастирот света Богородица.

Поголем број кажувања забележавме од Панде Ефтимов, пензионер, а поранешен новинар родум од Претор. Тој одлично го познаваше преспанскиот регион и ги забележал следниве случаи: „Манастирот Света Богородица Слимничка бил подигнат врз темели од постар храм и откако се памети бил центар на сите преспански манастири. Во него работело манастирско училиште, потоа и егзархиската семинарија за подготвување свештеници. Во училиштето се школувале и возрасни луѓе од околните села.

Бошко (Божин) Нечовски пред Манастирот

Манастирот бил познат и по големата винарска визба. Располагал со голема површина винови лози. Владиката Мелетиј наредил да се изгори манастирската библиотека, која горела две седмици. Во предилинденскиот и илинденскиот период во него се собирале комитски дружини. Од 1945 година манастирот запустувал. Сточниот фонд и инвентарот биле пренесени во Ресен. Манастирската црква Света Богородица го зачувала прекрасното фрескосликарство. Денес манастирот е обновен со конаците.”

Панде Ефтимов ни раскажа дека култот кон пресвета Богородица во Претор и Преспа е многу развиен. Се случува да дојдат во манастирот болни луѓе и здрави да си одат. Многу верници од околината раскажуваат дека ја виделе света Богородица во манастирот. Тие веруваат во нејзината сила и смирено и се преклонуваат. Познато е дека посетителите на манастирот со голема леснина ја искачуваат планината кога се упатуваат кон манастирот. Во него постои чудотворната вода по која доаѓаат постојани страдалници.

Во врска со написот во „Македонија денес” за појавата на света Богородица во манастирот, и Панде Ефтимов ни раскажа еден ваков случај: „Јас го посетував манастирот многу често, од дете. Пред две години забележав еден феномен, за кој до денеска немам објаснување. Еден ден го снимав манастирот од страната на конаците кон камбанаријата.

Беше попладне кога сонцето е на запад. Додека снимав, наеднаш почувствував некаква светлост, но не од вообичаената страна, туку од спротивната. Но, кога го развив филмот испадна камбанаријата да биде осветлена од источната страна, а не од западната од која осветлуваше сонцето. И денеска ја имам таа фотографија која чува една мистерија, една необјаснивост. Јас сум со фотоапаратот од дете. До денеска немам одговор за овој феномен. Ова ми остави силен впечаток што ми остана неразјаснет.”

Продолжува

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top