Култура и туризам

Петковден 1992 година во домот на Манојил Јаковлески во Зубовце

1 petkovden 92 5

1 petkovden 92 5

Зубовчани со векови, традиционално ги празнуваат големите верски празници: Божик, Велигден, Илинден, Марена, Духовден, а на многу семејства, куќна слава им е Петковден. И фамилијата Јаковлески го празнува Петковден (27 октомври).

Манојил од своите родители ја презеде домашната слава и продолжува да ја слави со сите обичаи.

Секое празнување на Петковден за семејството Јаковлески беше и е исполнето со посебности, со неповторливи настани, кои остануваат за паметење. Во 1992 година, на Петковден, со своето присуство чест му направија и прославата ја збогатија видни гости, великодостојници на МПЦ, уметници, стопанственици и блиски пријатели и роднини на семејството.

На празнувањето во 1992 г. присуствуваа тројца владици на МПЦ: г. Петар, митрополит на Преспанско-пелагониската епархија, г. Тимотеј, митрополит на Кичевско-Дебарската епархија и г. Стефан, митрополит на Брегалничката епархија, Александар Ристовски, вујко на Манојил, поранешен претседател на Општина Гостивар; Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ; Симеон Гугуловски, првенец на скопската опера и балет; Јонче Христовски, легенда на македонската народна песна; Стефан Доневски – Мајка, бизнисмен од Берлин; Ставре Џиков, судија; Стојан Карајанов, директор на Домот на култура „АСНОМ“ – Гостивар; членови на оркестарот „Бисери“ од Демир Хисар и Киро Кипроски.

1 petkovden 92 1

1 petkovden 92 8

1 petkovden 92 13

1 petkovden 92 25

1 petkovden 92 24

1 petkovden 92 7

1 petkovden 92 91 petkovden 92 10

Фотографиите се од Киро Кипроски

Преподобна мајка и Чудотворка Параскева

Во спомен на маченицата и чудотворка Преподобната Параскева Петка Трновска, светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27/14 октомври и што во народот е познат како Петковден. Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Аранѓел, Св. Никола и др.

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води.

Света Петка низ рај шета

Света Петка низ рај шета,

ми ги фати двете раце,

света Петка по рај шета,

ми ги фати двете нозе.

Света Петка по рај шета,

ми ги ослепе двете очи.

Па ме фати за десна рака,

ме одведе посветена црква,

ми ги пушти мене двете раци.

Ме одведе посветен манастир

ми ги пушти двете нози.

Ме одведе на посветен камен,

Ми ја пушти мојата сила.

Ме одведе посветена вода,

Ми ги изми двете очи.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top