Култура и туризам

„АНГЛИСКО-МАКЕДОНИОТ ВЕТЕРИНАРЕН РЕЧНИК“ – ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО ВЕТЕРИНАРНАТА НАУКА (10)

1ovc12

1ovc12

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Подготовката на „Англиско-македонски ветеринарен речник“,е во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска – Гру­бо­виќ и д-р Нико­ла Јордановски. Во овој речник, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во вете­ри­нарската стручна литература. Рецензенти на ова дело се: Д-р Цветан Мицевски, д-р Михаило Зориќ и д-р Зозо Мургоски

Станува збор за термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на ана­то­мијата и физиологијата на домашните животни и заштитата, од­гле­­ду­ва­њето, производството, преработката на сточарските производи, репро­дукцијата и исхраната на добитокот, прерабоката на млекото, ме­со­то и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството, се вели во предговорот на овој речник, од неговите автори. 

Се знае дека  англискиот јазик зафаќа големо просторно подрачје и на него е напишан најголем број стручна и научна литература. Таков е случајот со бројни списанија и разновидни научни и стручни публикации од областа на ветерината, земјоделството и исхраната. Тој е еден од најзначајните јазици во светот. Англискиот јазик е јазикот на науката, техниката, кореспонденцијата, уметноста, бизнисот.

Во последно време во светот бројни научни и стручни дисциплини се развиле во таа мерка што обичните двојазични реченици не можат да ги задоволат нивните потреби. Затоа, речиси во сите земји се печатат посебни двојазични стручни и научни речници и друг вид литература од многубројни научни дисциплини. Во нашата земја, пак, на стручњаците од областа на ветерината и на сродните науки и служби им недостига речник кој ќе им ја олесни работата, пред се, во следењето на литературата и комуницирањето на англиски јазик.

Затоа, овој „Англиско – македонски ветеринарен речник“ е подготвен со цел да пополни една празнина во областа на лексикологијата на ветеринарната наука и да биде помагало на студентите по ветерина и на научните и стручни работници коишто го употребуваат англискиот јазик во областа на ветерината и другите сродни научни дисциплини. Во исто време, речникот може да биде користен во многу домови како потсетник, прирачник и помагало, бидејќи во него се застапени зборови, изрази, термини и поими сврзани со ветеринарната струка и другите блиски науки и области на англиски и на македонски јазик. 

„Англиско – македонски ветеринарен речник“, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.

На промоцијата на Речникот во Клубот на новинарите, рецен­зен­тите д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски, истакнаа дека оваа зна­чајна публикација на Илинка Грубовиќ, Славе Николовски – Катин и Ни­кола Јордановски, е резултат на нивната долгогодишна практика во пре­ве­ду­вачката, научно-стручната и публицистичката дејност, која тие ја оствару­ваат во земјата и странство. Она што е значајно, е фактот дека овој Англи­ско-македонски ветеринарен речник, во издание на ре­но­ми­раниот из­давач „Матица македонска“, е единствен во македонската ве­те­ринарна лексикографија, очекуван од многу стручни и научни ин­сти­ту­ции и поединци.

„Со оглед дека англиското јазично подрачје е едно од најголе­ми­те во светот, разбирливо е што и користената литература е од тоа под­рачје. Речникот ќе им биде значајно помагало на оние кои се за­ни­ма­ваат со двојазична лексикографија за изнаоѓање на семантички ек­ви­ва­лен­ти во македонскиот јазик,“ итакна д-р Зозе Мирговски, професор на Фи­ло­лош­киот факултет, на промоцијата на ова дело. 

Затоа и „Англиско-македонски ветеринарен речник“,во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска – Гру­бо­виќ и д-р Нико­ла Јордановски претставува значаен придонес во областа на ветерината, третирајки зборови, изрази и термини кои се употребуваат во англискиот јазик, да бидат достапни на македонски јазик.

Речникот е подготвен е со цел да пополни празнина во областа на ветеринарната  терминологија и да им помога на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазично помагало.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top