Култура и туризам

Славка Динкова за дејноста на Димитрија Миладинов во ширењето на просветата во Македонија

D_Miladinov

(март 1868 година)

D_Miladinov“Ете што ми велеше многу пати еден мој сонародник и соотатковинец (се однесува на учителот Димитрија Миладинов, н.б.) со воспомнувањето на неговите многукратни полни со мудрост разговори, кои имав чест да ги слушам…“

“Образованите и просветените народи рече еднаш тој, откако ги виделе добрините на учењето, како што беа известени од расчетите кои ги правеле, дека лошотиите се намалуваат, колку што повеќе се распространува учењето на народот, се умножувал и се умножува бројот на воспиталиштата, училиштата и учебниците, па така секојдневно се намалуваат  лошотиите”.

Затоа и уверен за таа вистина и мудрост тој наш еднороден чист ученик и следбеник Кирило Методиев, беше презел секаква друга слава и се натоварил со исполнувањето на ова мачно дело, кое што го исполнил точно во текот на 29 години, ширењето на учењето по народот, за да го води еден ден својот народ, како што го видел, да се откинува од инородното враждебно на општото добро духовенство, слободно од лошотиите на невежеството, од кое извираат сите зла. Но за негова несреќа, ја оставил таа радост на своите чеда, од кои сега предвидуваат, па нека да ги излажат присмртните добри за нив надежи за татка си. Таа вистина како што ја спознале и мнозина од нашите еднородци, јуначки се впрегнале во распространувањето на народната просвета; жално е само што машкиот пол од народот… Лошо ја толкувал целта на учењето со тоа, што мисли дека учењето е назначено само за да ползува себе си со трговските искуства, или за неговото обогатување, или за каква и да е општествена служба без да му текне дека општетсвото не се состои само од мажи; жените го составуваат половината туку-речи дел од луѓето, тие ги раѓаат граѓаните, тие ги хранат и тие им го всадуваат во кревките срца првото семе на добрите и лошите науки; тие им го клаваат во нивниот ум првите погрешни или вистински мисли… Тие ги споделуваат, намалуваат или зго-лемуваат несреќите, стравовите и надежите на мажите; тие слу-жат со чашата болкина или сладчина во гушите на малечките општества, од кои се состои големото човеково општество”.

Славка К. Динкова, За в’спитанието на девоиките, “Македонија”, II, 14, 2.III.1868;

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top