Култура и туризам

Македонски артефакти (4 дел)

artefakti1

artefakti1

„Македонија е постојана населена територија во Европа од 6.620 година п.н.е“,[1] и претставува јадро на најстарата светска цивилизација, која со плејада македонски умови  и “со своите цивилизациски вредности, култура, писмо, јазик“[2] ја облагородува Европа.

Македонија, благодарение на автентичниот еднороден народ “во неолитот имала свое организирано автохтоно еднородно население, со длабоки корени во најдалечното минато“[3] и била ”место на многубројни еднородни кралства“.[4]

Пелазгиските гранки на народите Анти, Венети и Древномакедонци, биле познати градители на Европа, Азија, и Северна Африка и културно го облагородиле тогашниот свет, а од таму и термините-Античка култура, “Антички свет…, кои ја изградиле Вавилонската кула“,[5] која претставувала симбол на култот кон сонцето кон универзумот и го носела името Зигура, со значење на древномакедонски Ѕвездена, и на современ македонски со исто значење Си-гура пат кон ѕвездите, и спаѓа во седумте светски чуда.

Хомер (IX век п.н.е) споменува Ематија (Матија) име за Македонија, и вели ”Македонецот Tukidid, не ги користел етниконите и на други народи“, македонецот Stefan од Бизант запишал ”Матија прво име на Македонија“, лингвистот Autenrieth, што го дал првиот речник на Хомеровите зборови (глоси) вели “Ематија е античко име за Македонија“, T. Livius вели ,,пред појавата на името Матија, територијата на Македонија била нарекувана Пеонија“, во античкиот  период имаат древномакедонска лексичка форма, етимологија и карактер.

Легендарниот древномакедонец Хомер (Homer) заслужува особено внимание, бидејќи своето епохално дело „Илијада“ (Iliad) го напишал на Пелазгиско-Античко-Венетско-Древномакедонски јазик, каде дава драгоцени податоци за древномакедонската популација која оставила свои неизбришливи вредности во развојот и осовременувањето на тогашниот свет во најширока смисла на зборот, основајќи ја првата прочуена Егејска култура во Европа и светот, што покажува  дака древномакедонците ги поставуваат и темелите на светската цивилизација.

Современата македонска наука за етимолошкото толкување на “епосот Хомеров „Илијада“ зборува дека терминот Илијада е од изворно Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенски зборови, од коренот ‘Илиј’ со значење ‘Сонце“[6] и придавката ‘ада’ со значење ‘земја’ заедно ‘Сончева земја’ со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, затоа Сонцето денес за современите македонци е симбол за етногенородот и потврда за идентитетот македонски во ‘Сончевата земја’ Македонија, со артефакт 8 крако сонце старо 4.000 години најдено на карпа во Кратовско, а денес симбол на државното знаме на Република Македонија.

Стотици лингвисти од целиот свет научно докажуваат дека прасловенскиот јазик е протословенски, односно древномакедонско-пелазгиски, а”феникијско-етрурското писмо во целост е идентично со древномакедонското-пелазгиското фонетско (гласовно) писмо“,[7] за што Diodorus вели ”соларно-космографската оставштина, епиграфско-нумизматичките извори, древната митологија, древната религија и легендите се пишувани на пелазгиски јазик“,[8] односно древномакедонскиот.

Со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо се служел Македонецот Хомер и неговиот учител Пронапид, поради што поемата „Илијада“ обилува со зборови кои денес во современиот литературен македонски јазик живо егзистираат во своите архаизми,  древните историчари Тамир и Лин пишувале на истото писмо и јазик, а  и сета древна митологија од тлото на Македонија била напишана на фонетско (гласовно) пелазгиско-древномакедонско писмо и јазик.

Словените како етногенородни потомци на Пелазгиско-Древномакедонската етнија и во јазична смисла биле поврзани, од каде во подоцнежен период пелазгиско-древномакедонскиот јазик добива име илирски или словенски јазик со ”пелазгиско-древномакедонски фонетски (гласовен) систем на писмо од знаци со “црти и рески” факт кој го потврдуваат историчарите Tacitus и Diodorus констатирајќи дека творци биле Венетите (Феникијците)“,[9] но зачудува и фактот дека денес во Македонија постои лингвистички и друг доказен материјал  стар најмалку 25 000 години кој претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, што го содржи кодот за дешифрирање на минатото, и токму тоа денес го чинат  современите македонски научни дејци Аристотел Тентов и Томе Бошевски.

Познатите авторитети Ramberti; Fresne-Canay; Lichtensten; Nelezschitz; Burnoff; Hammond, со одбрани зборови го величат древномакедонското царство,  додека  името Тракија Herodoth  и други го третираат како географски, а не етнички поим, бидејќи на целиот тој простор живеело еднородно древномакедонско население од родот на Венети, Анти и Пелазги.

Откриените наоди на македонско тло од времето на неолитот зборуваат за: македонска форма на државно уредување наречено зетување (организиран систем на најстар светски облик на државно уредување); јазични (фонетски) и знаковни (графиски) натписи, ”македонско автохтоно население со длабоко регистрирани корени во најдалечното минато“,[10] и артефактот керамички печат од 6.000-та година п.н.е. најден во село Говрлево – Скопско и денес на територија на Р. Македонија, каде е пронајден натписот “Сл с Бо с`м”, што значи “сал со Бога сум” – со истото значење и денес во современиот македонски јазик кој укажува на државност со свој печат, свое писмо и свој јазик…

Античките наративни извори можат да се потврдат со артефакт oд тлото на Македонија, за што пример е натписот од селото Осенчани од периодот помеѓу 7-от и 6-от милениум п.н.е. каде стои: “Еа зет е Трак”, што значи “Овој зет е Тракиец” и укажува дека Пелазгите, Антите, Венетите, Древномакедонците, Бригите, Мизите, Пајонците, Пелагонците, Илирите, Траките, Дарданите, Трибалите, Сарматите… И уште повеќе од дваесетина истородни еднојазични групи биле нарекувани со заедничко име Македонци.

Државата Мaкедонија е посведочена на артефакт од македонскиот археолошки локалитет село Градешница, периодот од 5.862-та година п.н.е. каде “Зетот Пир Македонски” се титулирал (назначувал) со назив кој читан од десно на лево, начин на кој пишувале и читале древномакедонците што покажува дека македонското фонетско (гласово) писмо од раниот неолит значајно не се разликува од денешното современо македонско писмо, така наречено ,,кирилично” туку е осовременето од Св. Кирил и Методија и егзистира како во Македонија исто така и кај останатите древномакедонски народи во VI-от век од н.е. преименувани во Склавини (Робови), кованица (измислица) за Словени со толку навредливо име.

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ


[1] R.J.Rodden. Proceedings Prehistory Soc.,28.1962.p.267

[2] Prof.d-r Harald Haarman, Early civilization and literacy in Europe –edit.: Mouton de Gruyter-Berlin-New York, 1996

[3] Fritz M. Heichrlheim A. Yeo, History… p. 480

[4] Prof. Harold Albert Lamb. Alexander of Macedon: The Journey world,s , New York, 1946

[5] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae vetustate et amplitudine, Venetis, MDCCL, во,, Desertatio historiko-chronologico-critica’’ , Venice , 1754.p.IX.

[6] Херодотова историја…,т. I, стр. 419.

[7] Diod., Siculi, Lib.V.p.7

Tacit, Anallji. Lib.XII.p.14

[8] Diod., Siculi, Lib.III.p.67,4.

[9] Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста…, 84.

[10] Fritz M. Hichrlheim and Cedric A. Yeo, History…, p. 480.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top