Култура и туризам

Македонски артефакти (5 дел)

artefakti1

artefakti1

Тупаев, етногенородниот момент го согледува преку “древното буквено фонетско (гласовно) писмо и современото било употребувано во континуитет дваесет милениуми пред Христа”, и аргументите на Рускиот научник Дитјакин велат “Словените на Балканот не дошле од зад Карпатите и ‘карпатската теорија’ е неоснована”, кое мислење го има и рускиот академик Гриневич, додавајќи “предците на современите Словени биле Пелазги и прататковинскиот јазик иако егзистирал на далечни растојанија се наоѓа со исти негови зборови”, а исто така и полјакот Lehr Splavinski, Босанецот Srevan Verkovič, Словенечките венетолози Savli, Tomazič, Bor, Италијанецот Devota, востановиле дека “Венетите биле предци на Словените; ставовите на овие автори се идентични со античките автори”.[1]

Најстарата сочувана јазична база или средина се одредува според живите архаични јазични норми, стандардизирани низ говорните сведоштва кои се во сооднос со сочуваните сопствени архаизми и јазичната зона, која егзистира со влијанијата на сопственото осовременување и развој на писменост, книжевност и литература, заснована врз денес живите лингвистички древномакедонски корени.

Судбината на тие состојби добива частично-основна ревизија со текот на стојалиштата низ времето, и со жалење можеме да констатираме дека се прескокнува древнонаследното и живо македонско-говорно писмено-јазично постоење, кое денес современо егзистира и во литературен македонски јазик, и може да послужи за разврска на сите досегашни дилеми.

Еврејскиот крал Agripa, Македонците ги претставува како етногенороден народ; истото го вели и историчарот Plutarh; иста потврда даваат хроничарите Arrian, Polibius, Strabon, Titus Livius, Siculus, Isokrat, Thukidid, Атинскиот оратор Demosten… Сите зборуваат за Македонците како засебен род, “македонските цареви ги ословувале со етниконот Македонец, Македонци, и јазикот и писмото македонски”;[2] а “истото го прави и Herodoth, употребувајќи ги истите термини за посебната држава Македонија”, со етногенороден македонски народ”. [3] [4]

Титуларните називи цар и крал во областа Македонија датираат од времето на македонскиот цар Македон и неговиот син крал Европ, кога започнува првата светска генеалогија (династичко владеење),  што покажува дека Македонија аргументирано со артефакти од 11-от до 7-от милениум п.н.е. е територија на организирани општества со сите атрибути, а државата Македонија започнува пред 5.620-та година п.н.е. со “Зетот Пир Македонски”,  и откога македонците создавајќи вредности (постулати),  се зачуваа и опстојуваа како Македонски народ одликувајќи се со свест за посебен народ, востановувајќи духовни, световни и културни темели, кои и денес живо сведочат преку круцијалните ракописи на плејада умови како Херодот, Вајгал, Фалмераер, Хеичелхем и уште дваесетина други светски авторитети.

Со својата местоположба помеѓу 40 и 42 степен северна географска ширина со излез на Егејско море, Македонија била крстопат на светските патишта, епохи и трендови од милениумското живеење-владеење на суштеството човек, а траги од цивилизациски живот од најстарата неолитска еволуција со Пелазгиско-древномакедонско население кое ја создаде првата светска држава на чие чело бил македонскиот цар Пердика I, кого Херодот го означил основоположник на македонската држава, и владеел во VII век (707-645 година п.н.е.).

“Легендите од митологијата се преземени од современиците на Хомер, кои и нивните дела ги пишувале на пелазгиски јазик, служејќи се со пелазгиско писмо“[5] кои примери говорат до која крајност одат фалсификаторите, а до исти сознанија дошол и Diodor Сицилијанецот кој укажува дека кралот на Феникијците(Венетите) Кадмо (1391-1313 година п.н.е.) уште пред два милениуми се служел со Венетско(Феникијско) древномакедонско писмо, наречено ‘црти и рески’, односно Античките Македонци имале свое гласово (фонетско) писмо повеќе од единаесет милениуми п.н.е., за што говорат несоборливи артефакти и безброј епитафи од надгробни споменици.

“Сродноста меѓу македонските глоси и старофригискиот јазик ја потврдуваат 250 натписи, имено, сите имаат словенско потекло”,[6] “зачуваните македонски глоси, називи, лични имиња и патроними се содржани на натписи од Бригите (Фригите) ”,[7] но најновите епигравски артефакти се врзуваат со современиот македонски јазик, бидејќи Бригите се супстрат на античко-македонскиот јазик, и добро е што голем број лингвисти ги отфрлаат етимолошките измислици разоткривајќи ја вистината за древните Антички Македонци.

Еден дел од Древномакедонската племенска група Бриги со свој крал Мида син на Гордион во периодот меѓу 2.700 и 2.500 година п.н.е. преминале на азискиот континент на територијата наречена Фригија, односно Мајонија, и соседната област исто така била населена од древномакедонската племенска група Венети на територијата Пафлагонија, кога Феникијците (Бригите) т.е. “древните Македонци на азиските простори формирале две држави, Сидонија во Персија и Тиреја во Либан”,[8] во кои држави живеело еднородно и еднојазично древномакедонско население, и “значајно е тоа што учествувале во сите битки на царот Александар III Македонски”,[9] а Herodoth ни открива и дека “Бригите-Фригите” биле постар народ од Египќаните кое го потврдува и Египетскиот крал Psametih I (654-609 година, п.н.е.).

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ

[1] Види пошироко: Д-р. Петар Поповски. “Украдена Историја”, 2009.

[2] Herman Konder and Werner Hilgemann, The Penguin Atlas of World…, vol.1.p.111.

[3] Х.Џ. Велс, Историја света, Београд 1932, 18, 24 и 187.

Библија. Стар и Нов завет, Скопје, 2001, 413.

[4] Harold Albert Lamb, Alexander of Macedon: The Journey world’s, New York, 1946.

[5] Diod.., Siculi, lib.III.pp.67,4.

[6] Jost Gippert, Thesaurus indogermanischer Tedzt und sprachmaterialen, Frankfurt,2001.

[7] P. Kodderitzsch, Brygisch, Paonisch,Macedonisch во Ling, Balc, Vien,1985.pp.16-37

[8] Homer,Illiad…

[9] Квинтиј Куртиј Руф,Историја на Александар Македонски,Скопје,1998,276.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top