Култура и туризам

Штип – традиција

pastrmajlija

pastrmajlijaКако град со долга и богата историја Штип отсекогаш гаел посебен однос кој традицијата – одредени обреди или манифестации, независно во кој период или степен на човековит развиток настанале. Некои од нив датираат уште од паганско време, дел имаат верски, религиозен карактер, а некои се резултат на културниот растеж на градот. Поголемиот дел од нив одамна го имат надминато локалниот призвук и редовно го привлекуваат вниманието на туристи од државата, но и од странство. Во секоја од нив се открива генијалноста на нардонит творец: со огромна љубов изработени носии, ракотворби, ора, песни, кулинарски специјалитети. Штип е познат како град каде со векови постои култ кон негувањето на виновата лоза и црешата. За Штип е карактеристичен штипскиот говор или според дијалектната класификација говорот кој што спаѓа во штипско – струмички. Инаку секој 7 жител добро ги владее англискиот или некој од светските јазици.

8-ми ноември е Празник на градот

Секоја година 8 ноември се обележува со мноштво манифестации, традиционална ноќна трка, изложба на ДЛУШ, книжевни вечери, свечена седница на Советот и сл.
Долгата традиција на празнување на Митровден веројатно било причина на овој величествен ден за штипјани, место едниницата на НОВ да влезат и во 1944 година да го ослободат од последниот окупатор кој влегол во Штип. На тој начин вековната традиција и бележитите настани од најновата историја во градот се слеале во едно.

Коледе

Стар пагански обичај со долга традиција прифатен и од христијанството. Редовно во сите маала се палат огнови ококу кој се игра, пее и благословува. Целата церемонија е проследена со фолкорни елементи.

22 март Свети 40 маченици

Редок обичај кој е карактеристичен за Штип гледано во пошироки рамки поврзан со христијанскиот празник Свети 40 маченици, но и со постари пагански верувања поврзани со брдото Исар. На 22 март илјадници луѓе од утро до мрак се искачуваат на Исарот од каде кон реката Брегалница секој за себе фрла по 40 камчиња и секој се ракува со 39 луѓе, а 40 треба да го бакне.

Богојавление – Водици

Традиционално се врши осветување на водите на реката Брегалница и фрлање на светиот крст. Целата манифестација е пропратена со пригодна црковна церемонија со која чиноначалствува митрополитот Брегалнички.

Превземено од Убава Македонија

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top