Античкиот македонски календар бил календар во употреба во Македонија во I милениум п.н.е. Имал 12 синодскимесеци (т.т. 354 дена во годината), на кои им требале престапнимесеци за да се придржуваат кон годишните времиња.
Во времето кога овој календар се користел, вкупно 7 емболими (престапни месеци) биле додавани на секој 19-годишен метонски циклус. Годината започнувала со месец Октомври.
- Дион – октомври
- Апелај – ноември
- Авденај – декември
- Перитиј – јануари
- Дистер – февруари
- Ксандик – март
-
- Ксандик Емболим, престапен 6 пати на19-годишен циклус
- Артемисиј – април
- Даисиј – мај
- Панем– јуни
- Лој, јули
- Горпиај – август
- Хиперберетај – септември
Хиперберетај Емболим, престапен еднаш на19-годишен циклус