Култура и туризам

Култови и религија – Античка македонска култура

kultura-reportaza

kultura-reportazaМакедонците негувале повеќе култови, кои биле поврзани со почитувањето на природните сили. Најраспространет бил култот на сонцето. Затоа сонцето го прикажувале на накитот, оружјето, особено на штитот. Тоа се среќава и на некои од монетите на македонските кралеви. Го почитувале култот на водата. Кон реките се однесувале како кон божества и им принесувале жртви. Македонците посебно ги почитувале лавот, јарецот, волкот и кучето. Нивни претстави можат да се сретнат на монетите од некои владетели или на други предмети.

Македонците верувале во повеќе богови. Врховно божество бил богот Диос, господар на небото. Покрај него ги почитувале Зејрена, божица на убавината, Дионис, бог на пролетта и други. Го почитувале и Херакле, кого го сметале за свој митски предок и родоначалник на кралската куќа.

Македонците имале свој свет град.

Тоа бил градот Дион, којшто се наоѓал на северните падини на планината Олимп.       Во Дион се одржувале македонските олимписки игри.

Начин на живеење

Македонците говореле на посебен јазик. Од јазикот на античките Македонци останале само траги: зачувани се само околу 150 одделни зборови, како и имиња на луѓе, места и реки.

Македонците имале календар од 12 месеци. Според него, годината започнувала во октомври. Со освојувањата на Александар III Македонски во Азија, овој календар почнал да се користи и таму. Македонците се разликувале од другите народи по начинот на облекување, по војувањето и по симболите што ги употребувале.

Македонците носеле посебна капа, наречена кавсија; македонските кралеви носеле врз неа и бела лента, или пак кралска дијадема. Тие имале и прстен- печатник и кралски жезол. Кралевите имале обичај да се прикажуваат со кожа од лав, по примерот на митскиот предок Херакле.

Остатоци од материјалната култура

Македонските кралеви ковале свои монети. Тие биле изработувани од бронза, од сребро и од злато. На нив биле претставувани ликовите на владетелите, но имало и претстави од митологијата, од растителниот и од животинскиот свет во Македонија.

Во Македонија било развиено занаетчиството. Со искористување на рудниците се овозможил развој на повеќе занаети. Се изработувале украсни предмети(накит) од сребро и злато и предмети за секојдневна употреба (облека, садови, оружје).

Била развиена и градежната дејност. Се граделе раскошни палати на кралевите и убави куќи за благородниците, украсени со ѕидни слики и скулптури. Нивните подови биле украсени со прекрасни мозаици. Остатоците од материјалната култура и архео- лошките наоѓалишта покажуваат дека културата кај Македонците била високо развиена. Значајно археолошко наоѓалиште од тоа време е престолнината Пела, како и кралските гробници од Кутлеш. Многу остатоци од материјалната култура од тоа време се пронајдени во Требениште (кај Охрид), Марвинци (кај Валандово), Вардарски Рид (кај Гевгелија) и на други места.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top