Култура и туризам

Нацијата и аспектите на културата

sarkanjac

sarkanjac
Бранислав Саркањац

Да запнеме да се негува литературниот јазик како во Германија. На германските телевизии често сум видел титл на правилен германски кога интервјуираат некој селанец, кој и не мора да зборува хохдојч. Што канали ќе се забранат во Македонија, особено оние со СМС-пораки на макароникс латинизиран македонски. Контактните емисии со јавувања на гледачи ќе се редуцираат стравотно. Собранискиот канал ќе остане без директните преноси.

Има еден своевиден спонтан мултикултурализам во Македонија. Пред се’, во медиумите. На радио ќе чуете музика од секаде. Кабелските куќи пренесуваат руски, турски, бугарски, грчки и српски канали.
Во Грција, на пример, не е така. Еден пријател од Грција ми потврдува и вели: апсолутно не е така.
И овој „мултикулти“ важи и за Македонците и за Албанците во Македонија. Во Охрид е особено интересно. На албанските канали може да гледате американски филм, синхронизиран на италијански, со албански титл. Многу јако.
Ова е спонтан или неконтролиран мултикултурализам. На Запад теоретичарите го викаат и дескриптивен.

Тој е производ на многу фактори и најверојатно затоа има многу малку истражувања кај нас кои се занимаваат со него. Воопшто, културата на овие простори, каква е последниве 50-60 години ретко кој ја истражувал. Сум налетал на неколку обиди од Македонци, Бугари и Срби, но тие добрите или се изгубиле во својата алтернативност или се направени со многу погрешни и површни импресии. Оние „понаучните“ се неатрактивни и заглавени во неинвентивно интерпретирани податоци од анкети и истражувања. Некој сигурно ќе се заинтересира за тоа дека Македонците одат повеќе на театар од Европејците. Мене не ми е толку интересно. Далеку поинтересно е да се истражуваат разликите меѓу Македонците и Бугарите, направени во тој период (од пола век). На пример, до 1990 година Македонците се гастарбајтерска култура, Бугарите се само емигрантска култура.

А за „охридскиот случај“ и за филмовите на албанските телевизии има многу да се зборува. Се работи за „фатени“ филмови од Раи Уно, Дуе, Тре… (А, знаеме, Италијанците ги синхронизираат филмовите). Потоа, филмовите се копирани и преведени – по правило во Албанија. Лесно се наоѓа преведувач од италијански во Албанија. И тука имаме цела културолошка студија. Албанија се отвори кон светот со помош на телевизиските антени. Таа радикална промена на перцепцијата на светот со помош на телевизијата е се` уште провокативна тема. Паѓањето на Берлинскиот ѕид го подготвија токму антените што ги пренесуваа информациите за еден друг и поинаков свет од комунизмот. Во Источен Берлин пред падот на ѕидот (бев таму) впечатливо беше да ги видиш сите тие ТВ-антени на покривите на зградите и куќите, сите свртени кон Западен Берлин.

Сето ова со медиумите има врска со националниот идентитет и култура. Зашто, таа не е зададена, туку е во постојана динамика.

Еднакво важно е и да се укаже на ваквиот мултикултурен контекст поради политичките импликации. Во Македонија нема национализам кој се присвојува или покрива, забранува однадвор или комуникациски „го национализира“. И тоа е порака која мора да се упати до ЕУ.

И тоа е наш белег и не можеме да избегаме од него. Не ни знаме колку сме среќни што Рамбо не е синхронизиран на македонски (како во Германија или како во една Бугарија и Полска). И кој може да го синхронизира Еди Марфи. И што е тоа со синхронизирањето. И зошто не одат до крај во културното приспособување на странските филмови и да фатат да ги ретушираат. За мене синхронизирањето е како на Мерилин Монро да и` ставиш шамија во сите филмови, зашто многу е слободна жената за да ја пуштиме пред конзервативна публика.

Дали и ние можеме да бидеме „понационалисти“ на овој план? Скептик сум.

Да речеме, да запнеме да се негува литературниот јазик како во Германија. На германските телевизии често сум видел титл на правилен германски кога интервјуираат некој селанец, кој и не мора да зборува хохдојч. Што канали ќе се забранат во Македонија, особено оние со СМС-пораки на макароникс латинизиран македонски. Контактните емисии со јавувања на гледачи ќе се редуцираат стравотно. И на крај, собранискиот канал ќе остане без директните преноси од Собрание, ќе ја изгуби смислата да се вика собраниски и ќе се укине. Најверојатно на големо разочарување на мнозинството гледачи.

Затоа е важно е да се истакнува дека наш белег е тоа дека ние немаме уплав од странско влијание… И тука сме можеби пред Европа.

Реномираниот исламист Басам Тиби, во својата книга „Европа без идентитет?“ зборува за растргнатоста на Европа меѓу панично бранење од се’ што е странско или странец и мултикултурен релативизам кој не може да им се спротивстави на фундаментализмите и радикализмите.

Еве неколку изјави на еден британски политичар што си ги запишав летово: „Би требало да им забраниме на имамите да проповедаат на кој било друг јазик освен на англискиот. Не можеме да продолжиме со овој мултикултурен апартхејд“. Или, „треба да им го вградиме британството на младите муслимани. Треба да подучуваме британска историја. И веројатно треба да ги баталиме верските училишта“. Минатата година истиот политичар изјавил дека „локализмот ќе води кон шеријатско право“ затоа што „големи делови од муслиманската популација не се чувствуваат како Британци“.

Претпоставувам како би поминал македонски политичар со вакви изјави. Само од прстите вперени од Брисел човекот ќе биде изрешетан како од Рамбо (второто продолжение, синхронизирано на германски).

Мора повеќе да им се дава простор на луѓе што се занимаваат со овие аспекти на македонската култура. Со неа ние се легитимираме и како нација и како држава, и како Македонци и како Албанци, и како Турци и Роми и како сите што живеат во Македонија.

И како култура вредна за почит.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top