Култура и туризам

Исхрана на древните Mакедонци – Теракотни и керамички садови (1 дел)

Ангелина Маркус

Низ цела Македонија се утврдуваат археолошки локалитети. Ги има околу 5.000 и уште којзнае колку други. Се ископуваат грнци, чинии, чаши, глинени бочви, украси и цели куќи и ѕидини. Се копа стотина години на тоа што во Македонија било во употреба 5-6 илјади години пред Христа. Од земја никнуваат парчиња на испокршени садови по нивите, ридовите и на секој чекор кога се копа, како археолозите ќе речат се наидува на случаен или осамен наод. Веќе и не се обрнува внимание на куповите цреп по орањето. Искршени садови, рачки, грла, дно во разни големини и бои, поголеми и помали. Понекогаш цели глинени бочви има во дворовите по селата низ Македонија.

Големи врчви се откопуваат насекаде низ Македонија

Ги има во Тополчани, Бела Црква, Лознани, Бучин, Кривогаштани. Со некој и се сликав заради нивната големина. Поголеми беа од мене. Во селото Бучин, во дворот на црквата тој ќуп како голема каца како и другите се затворала со капак. Се поткачив на еден камен како на скала и на убаво извртениот раб прочитав: Алкомена. Отидовме над селото над една мала височина на ритче да го видиме местото на ископувањето.

Непобитен доказ за локалитетот на градот Алкомена како и плочата со писмо за Алкомена, сега вградена во црквата во с.Бела Црква заедно со други десеттина плочи со писмо и ипрскани со цемент. Местото во Бучин се вика Тупало. Кога ќе тропнеш со нога се одзива екот како и од големите садови. На целиот простор на Тупало, на древната Алкомена безброј лузни од диви копачи и разна искршена керамика што никој не ја есапи. Во мода се мермерни статуи, по нив е потрага и трговија. И мермерот се наоѓа по дворовите. Најмногу одат паричките, украсите, бронзата иако тоа е дел од историјата на Македонија. Соседите стрвни по се` што е македонско ја потхрануваат стрноста и по европските земји.

Луѓе од сите тертипи сноваат низ Македонија проучувајќи до каде се реформите за пат во Европа. За Македонија се знае нема место во Европа, ни како држава, ни како народ. Се` е зафатено од нашите артефакти таму, можеби нема да не` примат за да не си ги препознаеме, да не си ги побараме. Железна завеса од визи за Македонците и слободен влез на сите сосе криминал и туѓи знамиња на држави што не не` признаваат. Лебот од уста им го земаат на Македонците. Се` распродадода и украдоа.

Ни ја собираат културата од предците што ни потврдува како живееле, што јаделе, во што верувале. Цивилизација никната на земја и од земја низ Македонија, а ништо не ни оставаат. И самата семја ни ја распродадоа. Ме восхитуваат искршените керамики со цртежи и писмо. И такви тие го испишуваат животот и опстанокот на Македонците од самиот прапочеток. Дека е така, ај нега ѕирнат по населбите како остаток по патот на Александар, ќе ги најдат истите македонски артефакти и теракотни садови цели и во секојдневна употреба, а не како каршеници што не` затрупуваат.

Украсување и писмо на садовите

Наследници од македонската војска што управувале со Александриите останале таму под Хималаите од Хиндукуш до Пенџаб и Памир како Калаши и Хунзи. Таму ништо не се крчка како овде. Таму во секоја куќа 2300 години се чуваат теракотните садови, везовите, симболите и почитување на предците Македонци. Го задржале и јадењето и готвењето и сите обичаи. Спомен за автентичност како жива битност постои насекаде каде што одат и живеат Македонците.

Поминувам по патот за Неготино и гледам во паркот на ресторанчето Црна Река таков ист ќуп како во Бучин. Се чудев и се прашував што чувале Македонците во толку големи и разновидни садови. Која храна, жито, масла или вино им служела како резерва за време на војни, прослави или непогоди. Ај нека се најде мајстор од земја да направи толку убави, големи земјени садови за милениумска употреба. Тропнав со нокт и од длабините на дното заѕвони темен, длабок звук на археолошка празнина. Стоев на прагот на предисторијата, се чудев и се прашував, сама си давав одговори за народот што живеел на овие простори, имал стил и дарба, со знаење да најде решенија и модел, да му понуди на светот примери за живеење. Сите македонски населби се во подножје на ридови, заплискувани од реки и пред себе поле за изобилство на храна. Кај да копнеш ќе скршиш грне и во него духот на предците не` вџашува да го објаснуваме и да го сакаме сопствениот ген.

Земјените садови, теракоти и керамика, започнале да се употребуваат уште од пронаоѓање на огнот. Од тогаш Македонија била центар на светот за кое ни зборува концентрација на крш во сите слоеви на археолошки наоди. Тоа е времето кога е направен највисокиот скок во развитокот на човекот, време во кое смислувал како да го употреби огнот. Ако човек сонува изгаснат оган почнувале обреди за не дај Боже тоа да се случи и огништето да се запусти. Огнот ги натерал да прават садови од глина и во нив да варат храна. Тоа ги натерало да ги употребуваат и металите за калење на орудија. Со нив подобар лов и повеќе храна и повеќе протеини за исхрана на мозокот, за подобро да мисли и да измислува до ланецот на гуша за украс на жената за убавина, за здравје, за привлечност и раѓање. Се` почнува со храната. Сите пронајдоци и војни се за храна. Затоа толкав концентрат на садови во Македонија. Тоа ни зборува за интелектуалниот развиток и богатствата од храна. Тоа значи прогрес преку садовите до различните технологии за производство и организација на живеење и повеќе време за култови.

Од рака на сето тоа им оделе климатските услови за земјоделие, лов, риболов, престиж. Изработката на садови за домаќинство диктирала изградба на поголеми живеалишта, куќи, палати, тврдини, ново оружје за заштита и раскош. Сето тоа одело преку исхраната за да се мисли научно и филозофски. Поинаку мисли оној што живее во колиба од оној што живее во палата. Колку подобро се живее толку подобро се мисли и се почитуваат редот, обичајот, законот. Гладните луѓе си го расипуваат мирот со гнев и разбојништво. Денеска тоа е професија на цели народи. Со храна ќе се реши геноцидот врз човештвото. Со призводство: вработување, плата, купување, потрошувачка, капитали, нови економски мерки за кружното движење и циклусите за богатење и осиромашување.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top