Култура и туризам

Порака до сегашните и идните поколенија

lazaropole

lazaropole

Од книгата
“Лазарополе во подалечното и поблиското минато”
од Сотир Шошкоски и Васко Поповски,
стр.129-131, Скопје, јуни 2003 година

Од како постоел човекот, света чест била да си ја сакаш, чуваш, браниш и одбраниш татковината во која што живееш. Тоа било најголемата среќа во еден човечки живот. Најголемиот несреќник секогаш бил туѓинецот, а најголемото проклетство било издавањето или продавањето на татковината. За татковината не постои цена. Така било и така останало за оние кои што се вистински синови на својата земја на светата татковина.

Што е тоа татковина? Ова го знаеле луѓето и пред да постојат држави. Тоа го знаеле и кога немало устави, ниту пак некакви закони во кои се утврдувале обврските кон неа.

Едноставно, знаеле дека татковината е пред се она што таткото му го остава на синот. Тоа било куќата, нивите, ливадите, планината, таму каде што си роден, таму каде што си пораснал. Се знаело чија е куќата, а нивите ливадите и планините се препознавале по меѓниците. Сето тоа, човекот едноставно го нарекол татковина и без пишани устави и неразбирливи закони.

lazaropole-kniga
“Лазарополе во подалечното и поблиското минато”,
Сотир Шошкоски и Васко Попоски, Скопје 2003

Кога се оставала татковината од таткото на синот, животен аманет била таа да се сочува. Немал право никој и никогаш поинаку да се однесува. Така била сватена татковината, така се пренесувала и чувала. Ако се јавел некогаш некој колебливец, кој не ги почитувал овие непишани правила, нему сите му го вртеле грбот. Таков бил непшишаниот устав и закон, кој што влегол длабоко во крвта на сите Мијаци.

Така се чувала и сочувала татковината од дедо, прадедо на овие простори. Се чувала и сочувала за еден образ и за едно име. За едно достоинство кое што со ништо не може да се наплати.

На тој што ја преземал врз себе татковината не му било лесно. Од него се очекувало, старата куќа што ја наследил од татка си, да ја поправи и редовно да ја одржува. Ако се имало можност до старата куќа или пак на нејзините темели се градела нова, поубава и поголема. За да се има, за да им се остави во наследство на поколенијата што доаѓаат. Куќата од таткото не смеела да згасне.

По ливадите и градините, по котарите и кледовите, се гледало каков домаќин е наследникот. Продавањето на “татковото” на туѓинец, значело продавање на себе си и предавање на татковината. Тоа биле непишаните мијачки закони, кои што опстојале и останале посилни  од пишаните.

Да се достои на татковината не било лесно. доаѓале и си оделе и полесни и потешки времиња. Но, во сите овие времиња,  татковината се бранела, чувала и сочувала. Таа секогаш зборувала со јазикот на својот стопан. Само тој знаел како да ја брани и одбрани од секакви прогони и посегања.

Постоеле секакви обиди, но на гнасните уште во помислата рацете им се сушеле. Така било со векови во Мијачијата. Така било кога немале брашненце во мешарката и кога тропале со кундаци на врата. Татковината секогаш се бранела по секоја цена и токму затоа татковината во Мијачијата останал нечепната до ден денешен.

Оваа татковина на Мијаците и денес се наоѓа на своите меѓници. Моите ја знаеле која е и до каде е. Јас со врзани очи можам да Ве однесам на нејзините меѓници, а мојот пород ниту во соне не помислува поинаку.  Таа и таквата татковина во сите времиња и низ сите искушенија била привлечна како магнет, таа и останува да привлекува се до крајот на животот.

Разни странци и туѓинци се надевале дека со суво злато ќе ја купат оваа наша татковина. Шетале такви по селото и си оделе засрамени и зачудени. Некои туѓинци сакале и со сила да ја зграбат татковината. Тоа го правеле не еднаш, туку повеќе пати, но никогаш и по ниедна цена тоа не им успевало. Неможело, ниту пак некогаш, ќе им успее, затоа што оваа татковина има свои длабоки корени, таа неможе да се откорне. Таа не може да се купи, ниту пак да се украде и украдена да се однесе. Не постоеле, ниту пак некогаш ќе постојат такви сили низ вековите, што ќе можат неа да ја откорнат. Таа секогаш останува своја на своето, да векува во вечните времиња.

Оваа и ваквата татковина влегла длабоко во духот и дамарите на своите стопани. Таа од генерација на генерација се пренесувала во крвта.

Постоеле времиња кога се одело за корка леб во туѓина ама на туѓинет, татковината не се оставала. Се одело и зиме и лете и дење и ноќе. Се одело и поблиску у подалеку, по суво, по вода дури и по небото се летало… но, мислата за татковината секогаш останувала скриена длабоко во срцето на секој Мијак.

Се одело во Европа, по Америка, по Африка дури и во Кина. Многумина уште како деца оделе во туѓина, но сепак секогаш се враќале во своите мијачки огништа.

Љубовта и верата кон татковото огниште биле сила што никогаш не згаснувала кај луѓето од овие мијачки предели. Немало сили што можеле неа да ја надсилат. Кога ништо не се имало, од татковината ниту шајка не  се продавало.

Така се чувала и сочувала оваа татковина со векови.  Така ќе биде чувана и сочувана и од помладите што доаѓаат. Тие си ги знаат и меѓниците и аманетите на своите татковци и дедовци. Било каде да се, на Илинден, Петровден, Петковден, Пречиста и преображение, тие се тука сите заедно. Секогаш горди и достоинствени на своето. Вака е сочувана татковината и во другите предели на оваа убава земја.

Да бевме сите вакви, ќе имавме ли некакви проблеми?

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top