Култура и туризам

Најстарите жители во Овче Поле

ovce-pole

ovce-pole

Најстари познати жители во Овчеполската Котлина секако се Пæонците. Во првото илјадолетие пред нашата ера со Пæонци било населено целото подрачје помеѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма). Во постаро време пæонските населби допирале до Егејско Море, но подоцна со експанзијата на античките Македонци, особено во времето на македонските кралеви Филип Втори и неговиот син Александар Македонски (4 век пред нашата ера), кога македонската држава се проширила на север, јужната граница на Пæонија се наоѓала кај Демир Капија. Во 217 година пред нашата ера, од политички и безбедносни причини Македонскиот крал Филип Петти (220-179) за да ја обезбеди северната граница на Македонија од нападите на Дарданците, ја освоил Билазора (BylaZora), најголемиот пеонски град според Полибиј. Со завземањето и обезбедувањето на Билазора, Филип Петти се обезбедил од нападите на агресивните и воинствени Дарданци, што значи дека Пæонија целосно паднала во рацете на Македонија. Филип Петти Пæонија ја претворил во протекторат на Македонија, на чело со посебен стратег (генерал). Стратег бил Дида – Пæонец по потекло, кој подоцна во 181 година пред нашата ера бил замешан во убиството на Филиповиот син Димитриј. Бидејќи Овчеполската област била најсеверниот дел на македонската држава и непосредно се наоѓала на границата со Дарданија, најверојатно седиштето на стратегот било во Овче Поле (Пробата). Од 217 година пред нашата ера, Пæонија се поистоветува со Македонија.

За Пæонците малку се знае. Некои ги сметаат за Илирско – Тракиска мешавина. Некои ги издвојуваат од Илирите и Тракијците. Некои претпоставуваат дека имаат грчка припадност. Најблиску до вистината е тврдењето на М.Будимир дека Пæонците припаѓаат на Пæонско – Македонската група, која е пелазгиско – индоевропска. Познати се повеќе пæонски племиња кои ги споменуваат античките автори: Херодот, Тукидит, Страбон и други. Во изворите можат да се најдат: Агријани, Дерони, Иори, Сиропеонци, Лајаи, Пајопли, Добери, Астраи. Најверојатно Овчеполската Котлина била населена со племето Астраи.

Во 168 година пред нашата ера Македонија конечно паѓа под римска власт и е претворена во римска провинција. Со поделбата на Македонија на четири мериди – области (републики) во 167 Пæонија исчезнува не само како политичка заедница, туку и како етнички и географски поим. Натамошната судбина таа ја споделува со Македонија, во чии рамки егзистира до крајот на антиката.

Во Овче Поле (Пробата) во античко време постоеле и градски населби, како:

– Астраион – подоцна преименуван во Еусаполис, за кој се претпоставува дека бил центар на пæонското племе Астраи

– Билазора – најголемиот пæонски град според Полибиј пред Римјаните, која била утврдена со одбранбени бедеми и најверојатно престолнина на Пæонската држава. Хамонд претпоставува дека во пределот на реката Астибо (Брегалница) се наоѓала кралската куќа на пеонската држава.

– Примана, Алмана, Запара и други.

Елијан споменува и река Астрај и се претпоставува дека во горното течение на оваа река лежел градот Астраион. Исто така и Примана и Алмана најверојатно биле лоцирани по течението на оваа река. Овие градски населби со исклучок на Билазора егзистирале и во раните средни векови.

Лазар Серафимов, учител

(1933 – 2013)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top