Култура и туризам

Театарот во Скупи собирал повеќе народ од арената „БорисТрајковски“

teatar-skupi

teatar-skupi

Kамени блокови – седишта од гледалиштето открија археолозите на античкиот театар во Скупи. Станува збор за најголемиот објект кој во првите неколку века по Христа бил изграден на територија на денешна Македонија. Театарот бил огромен по површина. Зафаќал 22.500 квадратниметри и во него можеле да се сместат меѓу 8 и 10 илјади гледачи (повеќе отколку што денес собира скопската арена „БорисТрајковски“).

Пред речиси 2.000 години луѓето во ова поднебје имале ваков театар. Kолку жители требало да има Скупи и околината за да изградат граѓаните ваков монументален објкет? И како живееле тие пред два милениума?

Раководител на ископувањата е д-р Антонио Јакимовски од катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Заменик-раководител е д-р Ленче Јованова од Музејот на град Скопје, која со години го истражува Скупи. Kоординатор на тимот е Љубица Kондијанова, директорка на градскиот музеј.

Изграден во чест на Хадријан

– Театарот бил поголем и од театрите во Стоби, Охрид и во Битола. Се претпоставува дека површината на Скупи била огромна, околу 44 хектари. Местото кое го ископуваме нема ниту 10 отсто од вкупната локација. Навистина е голем просторот кој допрва треба да се истражува. Скупи имал статус на колонија воРимската Империја – вели Јакимовски.

Има податоци дека во тоа време во Скупи живееле околу 50.000 жители, но според Јакимовски, тие не се потврдени.

– Во секој случај, театарот не им служел само на жителите на Скупи, туку бил за целата околина – вели Јакимовски.

Најстарите материјални докази за живеењето на Скупи датираат од железното време, во 8 век пред новата ера. Истражувајќи го театарот археолозите во ѕидовите на објектот пронајдоа пајонски гроб од тоа време. Животот продолжил во римско време, во доцната антика, се` до средниот век. Тоа го потврдуваат гробовите од 11 до 13 век, богати со прстени, обетки, ѓердани. Под нив деновиве излезе и средновековна населба.

Театарот бил изграден околу 125 година и функционирал најдоцна до 330 година. Според археолозите, изградбата на објектот се поврзува со поминувањето на римскиот император Хадријан на овие простори. Бил изграден за да му се направи чест и да се покаже дека и тука има римска култура.

– Ги откопавме коридорите. Тие биле целите засведени, а врз нив биле поставени седиштата. Пошироките лакови служат да се распоредат луѓето, како денес во партерите. Пронајдовме само две седишта и уште една половина, на која има и натпис, но се` уште не е прочитан. Овие блокови се многу важни, бидејќи според нив ќе се прави целата реконструкција и конзервација. Сценската зграда е истражена. Дел од неа е под денешните гробишта. Одлучено е тој дел да не се работи. Се` уште немаме потврда дали се одржувале гладијаторски борби во театарот, но најверојатно се користел, исто како и другите антички театри – вели Јакимовски.

Големите промени се случиле по 313 година, не само во овој регион, туку во целиот свет – императорот Kонстантин Велики го прогласил христијанството за официјална религија.

– Претходно христијаните ги фрлале на животни, ги убивале спектакуларно во театрите. Потоа тие биле прогласени за маченици. Луѓето ги разградувале театрите, а камените блокови ги користеле како свет материјал и го вградувале во црквите. Речиси цел материјал од театарот е изнесен, освен тие два и пол блока засега – вели Јакимовски.

Домашните археолози долги години сметаа дека седиштата и другиот градежен материјал од театарот бил вграден во скопското Kале. Според Јакимовски, сеуште е рано тоа да се потврди.

– Треба да се направи и анализа на каменот, дали е од Бразда, Матка или од друго место. Треба истиот да се користи и за изработка на реконструираните седишта – вели тој.

Империјалниотпериод е слабоистражен

Археологот Иван Станчевски се приближува со ново откриени предмети.

– Ете врв од стрела. Овие предмети се од доцно антички период. Во тоа време театарот веќе не постоел – врз него биле изградени куќи. Тоа е населба која егзистирала од 330 година до околу 550 година. Има најмалку два културни слоја. Третиот е многу плиток и тешко можеме да го „фатиме“. Имало лозје, било орано до 70 центиметри во длабочина – објаснува Станчевски.

Според Ленче Јованова, во различни временски периоди, Скупи различно живее – поинакви објекти се во функција, се менува лицето, димензиите, урбанистичките решенија на градот. Во времето кога бил користен театарот урбаниот живот во градот е на највисоко ниво.

– Тогаш се најголемите урбанистички и градежнички дострели. Тоа не значи дека во подоцнежниот период не се повториле овие фази – вели Јованова.

Скупи прераснал во колонија во времето на Домицијан, во 80 години од првиот век. Тогаш била поставена урбаниситичката мрежа на градот, со две вкрстени главни улици (кардо и декуманус) и низа паралелни улици во чии пресеци се наоѓаат градските квартови.

– За жал, од тој период и од времето на Хадријан нема многу објекти, освен театарот, делови од уличната мрежа, остатоци од една градска вила – домус за живеење и мали сегменти од други станбени објекти во централното подрачје. Има индиции дека од вториот век е големиот термален објект каде што пред неколку години беше пронајдена скулптурата на Венера Пудика. За останатите градби од тој период сеуште немаме сознанија. Тие сигурно постојат, но повеќе сме го истражувале доцноантичкиот период – вели Јованова.

Археолозите се сигурни дека имало најмалку две фази на обѕидување на Скупи. Во империјалниот период градот бил многу поголем, а се стеснил во доцната антика.

Ќебидереконструирандо 2017 година

Македонските археолози веќе две години го истражуваат театарот. До 2017 година објектот треба да биде сосема истражен, конзервиран, реконструиран и предаден во употреба како летна отворена сцена на која ќе се одржуваат многу културни настани. Околу 200 луѓе се ангажирани на ископувањата. Од нив 35 се стручна екипа. Во моментот ова е еден од најголемите археолошки проекти што се работат во Македонија. Финансиран е со 49 милиони денари, како капитален проект на Владата.

Весна И. Илиевска

http://dnevnik.mk/?ItemID=86F13708C1E74144BB6657C80C465717

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top