Култура и туризам

Македонија се поатрактивна за странските гости

turizam skopje

turizam skopje

Годинава за субвенционирање на туризмот се предвидени 49 милиони денари, а намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на пет отсто за туристичките услуги што треба да стартува идниот месец, ќе ги намали цените за домашните гости и ќе обезбеди дополнителни средства во Буџетот.

– Туризмот има оргомно влијание врз економскиот развој на државата, игра активна улога во креирањето нови работни места и во привлекувањето инвестиции, го зголемува девизниот прилив и поттикнува развој на мали и средни претпријатија, напомена Сарачини.

Според хотелиерите, владините мерки веќе даваат резултати. Македонија успеа да се промовира како туристичка дестинација. Освен Охрид и Струга кои досега беа најпосетувани, во турите за странските гости сега се вклучени и Струмица, Неготино, Кавадарци, Штип, Демир Капија, …

– Премиерот Никола Груевски покажа огромно разбирање за проблематиката и прифати 90 отсто од нашите предлози. Тие се веќе имплементирани на терен и даваат резултат. Приливот на странски туристи особено во Охрид и Струга е огромен, истакна Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ.

Ефектот од субвенциите, додаде, е евидентен. Тоа се очекува и од втората мерка, намалување на данокот. – Затоа минатиот месец потпишавме тригодишни договори со странски туроператори, рече Таневски.

Со оглед дека еден странски турист само за ноќевање и појадок троши 15 до 16 евра, по основ на ДДВ за екстра услуги во Буџетот, велат хотелиерите, ќе се слеат девет милиони евра.

– Во Охрид моментно има пет авионски летови од Холандија што не било случај во најдобрите времиња. Најавите за следната година се најмалку шест лета, а во наредните три години целта на нашите партнери е фреквенцијата да достигне до минимум еден лет дневно, информира Таневски.

Сезонава преку охридскиот аеродром се очекува да дојдат најмалку 15.000 холандски туристи и уште 1.600 гости од Финска.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top