Култура и туризам

Свети Ѓорѓи Неготино

sv-gjorgi-negotino

sv-gjorgi-negotino

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи. Манастирот е изграден во периодот  од 1860 до 1866 та година. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишано 1860/1866 година но истотака стои и дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помош на жителите од градот Неготино и Тодор, Тоше и Коце. Градител на овој манастир бил Андон Китанов од селотот Тресонче-Мала река, Дебарско. Манастирот е типична градба од преродбенскиот период кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделена на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови. Главни иконописци биле Штипјани а зографи Крушевчани кои ги насликале Македонските пустиножители Св. Гаврило Лесновски, Св. Отец Прохор Пчински, Св, Јоаким Осоговски, како и ликовите на сесловенските учители и просветители браќата Кирил и Методиј. Иконата на патронот на црквата Св. Ѓорѓи е дело на Велешкиот зограф и иконописец Хаџи Константин (Хаџи Косте Крстев). Зографисувањето на манастирската црква го извршиле браќата зографи: Вангел, Никола и Коста Атанасовци од Крушево. За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога гермаците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него. Во манастирот до неодамна постоеле стари манастирски конаци од 19 век а денес има реконструиран конак кој може да прими 150 луѓе. Во склоп на манастирот постои винарија, во која неготинските винари имаат свој изложбен дел. Камбанаријата на манастирот е изградена во 2006 година. Најголема посетеност на овој манастир има за време на празникот Ѓурѓовден, за манастирската вечер на 21 ви септември и на зимен Свети Ѓорѓи на 9 ти декември. Во манастирот постојат фрески насликани во 2008 година и голем позлатен крст со Исус Христос а на почетокот на 2009 та истите се осветени.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top