Култура и туризам

Свадбени обичаи од село Баница

Banitsa

BanitsaКај момчето свадбата започнува во среда. Кај момата во петок. Кај момчето го шијат знамето – го шијат золвата (сестра или братучетка) и 4 моми. Бајракот – црвена крпа со срмени телови прекрстени и во средината изрезана книга. Врз книгата китка невен. Значаење: да се како китката, црвени и млади. По краевите шијат листови од бршлен, со памук меѓу листовите. Знамето се зашива на прачка (стап) најгоре има крст, врз него се става црвена волна, за да изгледа црвено. Утрото се праќа момче (шафер) девер да сече дрва (сачки) за готвење. Потоа момите одат кај него со леб и вино во чутура, а по патот пеат:

Керо ле, мари Керано!
Заспала е Керана,
На мајчини и скутове.
Мајка и ја будеше:
Стани ми, керко, Керано,

Ато свадба да иде!Малку поигруваат и се враќаат. Шаферот ја носи чутурата, а момите се натоварени со сачките. Во средата наутро свекрвата облечена во невестинска облека, оди да го кани целото село при што вели: „Да дојдете да си грабнете костење“! Тоа е поканата. Тие што одат носат жито, пченица, грав, јаболка, ореви, лешници, костени. На земјата има послана нива черга на чардакот, секоја што доаѓа го носи во решето подарокот и вика: „И-ху-ху“. И го префрлува високо. Момите, невестите и децата се грабаат да фатат орев или нешто друго.
Кога момите ќе се вратат од сачки, си избираат машко дете, го ставаат во вреќа и врз него го сеат донесеното жито и го носат на воденица. Свекрвата ги префрла момите со јаболка и ореви. Ги гоштева со манџа, леб и вино. Јадењето е прјапорско зелје и грав – посно јадење. Играат на следнава песна:

1. Срден баба, не срди се, дос, дос,
Снаа ке ти дојде, бабо, пита ке ти меси.
Кора изгорена, среда непечена.
Риза ке ти пере в кокошерника,
Глава ке ти мие, дето свина рие.

2. Добила баба до две аспри, дос дос,
Чудила се де да ги даде,
Купила си горко старче,
Та му купи и лажица,
И лажица и паница,
Надроби му брканица,
Та че вел, отговарја:
„Сркај дедо, насркај се,
Та че стани да се борим,
Кој ша баба да надбори“!
Скркал, дедо, насркал се,
Та же стана да се борат
надборила горка баба,
Та го хврли на полица,
Де го виде пусто мише,
Изгризала му дјасно ухо,
Дјасно ухо, лјаво око.
Викнала баба, писнала,
Па го грабна пуста баба,
Та го хврли на пизулја,
Хвркна искра, изгоре го.Четврток. Кај момата одат свекорот, свекрвата, девери, јатрви, и носат јадење – рибник со ориз, вино и пита леб. Кај момата готват: зелка со месо, грав со пастрма, баница со ориз и јајца. Обичајот се вика: „д’ска ша секат“ – ќе договараат кој што ќе даде за свадбата, кој што ќе троши, кој ќе ги дарува свадбарите и др. Момата ги дарува сите: престилка на свекрвата, шамија на свекорот, на деверите – шалови, на золвите – крпи. Дарувањето се прави вака: таа зема во раката стафиди, кој ги става во рака на тој што дарува, тој и` дава бакшиш, таа го дарува врз рамото. Даровите ги носи мајка и` во решетото или во табла.

Во петок наутро една мома оди да кани кај страната на момата. Таа вели: „Да дојдете да си грабнете костене“. Поканетите носат жито и пченица, грав, мисир. Кај момата и кај момчето месат фурни леб и 7-8 тепции со колачиња. Ги шарат со замба или со мисурка (колку белези толку деца ќе има невестата). Ги разнесуват на сите куќи по 6 моми од двете страни.

Во саботата кај момата нема ништо. Кај момчето колат брави (12 или 4). Готват за ергени, роднини, комшии. Шаферот кани со паур ракија од калај, врзан со китка и црвен копринен конец. Свират свирки: зурла и тапан. Играат оро.

Во недела рано во мрак засвирува свирката и мажите го бричат зетот: паднатата коса ја крие мајка му во сандак, за да не направат магија (да не останат бездетни или да не може да се соберат). Не го пуштаат надвор да излезе, исто и момата, за да не се сретнат. Кај момама друшките преспале и утрото кога се мие и пеат:

Мари са уми, Јанке, уплети,
Невестински дребни плитки,
Дето ти, Јанке, прилегат,
Прилегат, мори приличат,
Та хајде мари да идем,
У Голешево на гости,
У Долно Броди на свадба.
Јанке си му говори:
– Иди си, Михо, самичек,
Јанке е болна лежала,
Бело е лико загрозила,
Црни е очи замрежила,

Тешки вежди повенала.Косата и ја плетат на една плетенка со 6 делови. Врз косата стават црвен конец-копринен или богасија со два три реда мониста, и прочелник со сребрени крупни пари. За конецот закачуваат ушинки (убетки) со висулки. По крајот на конецот има широк ширит – уја. За ујата се зашива подмет – бело парче платно, опшиено со пари, кое минува под шијата за да го држи конецот. Врз конецот се става туљпан, бело тенко платно, „за да се гледа косата“ – вели баба Митра. Краиштата се врзуваат под брадата. Ја закитуваат на главата со две китки, од двете страни по една, да гледаат на горе, летно време со китки, а зимно време со шимшир со сончогледови семки, расцепени и заводени на листовите. На средијата туљпанот се прицврстува на главата со сребрена кокупка (игла со топче). Пред очите на невестата се става превез долг до појасот, црвен и врз него златен направен од момите. На рацете носи голем прстен со „шапка“ од свекорот. Кога ја облекуваат и пеат:

Мари кој ти ле рече, девојку,
Да са премениш,
Голо црвену, девојку,
И купринено.
Мајка ми рече, мили друшки,
Да са премења, голо црвено
И купринјано.
Кога момчето се облекува му пеат:
Сина е мајка гиздала,
Од вечера дор до први петли,
Од први петли до втори,
Од втори петли до трети,
Пак не го е нагиздила.
Рукнала е стрикови му,
Стрикови му има две дештери,
Тија са го догиздали.

Од записите на Евгенија Несторова. Од почетокот на 20 век.

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top