Култура и туризам

Свети Спас Гевгелија

sv-spas-gevgelija

sv-spas-gevgelija

Како што запишал историчарот на уметност д-р Димитар Ќорнаков, манастирската црква Вознесение Христово Свети Спас, за сега не е познато во кое време е подигната. На почетокот Првата Балканска војна, неколку пати била доградувана и обновувана, но според преданијата била изградена во 1842 година. Манастирскиот комплекс зафаќа голема површина со манастирска црква, камбанарија, новоизградени конаци и уреден двор со лозје. Зад манастирските ѕидини се старите и нови градски гробишта. Во минатото имало повеќе маслинови дрва, а околу манастирот бујна шума. На манастирскиот празник Свето Вознесение Христово – Спасовден се одржувал голем традиционален панаѓур, кој траел два дена. Тогаш доаѓале многу гости од околните села и поблиските градови, за чие сместување во минатото црковната управа во минатото изградила неколку анови. Во текот на 50 тите и 60 тите години на 19-иот век, гевгеличани отворено воделе антипатријаршиска и антифанариотска борба, што особено ја разгорувале и ширеле архимандритот Хаџи Павел Граматиков Бохигропски, полјанскиот, дојранско – кукушкиот епископ Партениј Зографски и кукушките преродбенски учители Кузман Шапкарев и Венјамин Мачуковски. Денешната манастирска црква е петокорабна со дрвени рамни таваници. На источната страна е полукружната олтарна апсида, најверојатно сочувана од постарите градби на црквата за време на турското ропство. Главниот влез во црквата е на западната страна, каде се наоѓа и отворениот трем, а на северната страна високо се издига камбанаријата. Првобитно манастирската црква била мала еднокорабна засведена, и по се` изгледа зачуваната до денес апсида. Најновите сознанија укажуваат дека манастирот егзистирал и во 18-иот век, а каква била нејзината архитектура сеуште не е познато. Во текот на 19-иот век, манастирската црква била проширена и имала облик на трокорабна градба со отворен трем на западната страна. Во поново време храмот е проширен на северната и на јужната страна и таа го има денешниот изглед. Старите фрески не се сочувани, а во поново време во 1983 година на западниот ѕид се насликани Вознесение Христово над влезната врата, јужно и северно од оваа композиција се Оплакувањето Христово, Симнувањето Христово од крстот, Богородица со 12-те апостоли, Рождество на Пресвета Богородица и Претставата на Свети Јован Крстител. Овие фрески се копии од нашите средновековни цркви и манастири. Во црквата се сочувани две стари икони од 1767 година и тоа Вознесение Христово и Исус Христос Содржител. Овие две икони најверојатно биле на иконостасот како престолни на црквата од 18-иот век. Икони од 19-иот век и понови се наоѓаат во наосот на црквата и олтарниот простор. Иконостасот во црквата е од понов датум со престолни и празнични икони. Во октомври и ноември 2002 година иконостасот е обновен со нови декорации и премази кои трајно го заштитуваат. Покрај овој зафат, на старешината на црквата Прота јереј Миле Штрбевски, негова значајна заслуга е што ги извади од депоата на црквата запуштените 59 икони од постарите векови и ги презентира во галерија на икони во наосот на манастирската црква. Денес внатрешноста на храмот има сосема друг изглед и секој посетител на храмот со восхит ги разгледува старите икони и обновениот иконостас. Западно од црквата е изграден конак на кат во 1992 година со средства на црквата, а конакот има трпезарија со кујна, парохиски канцеларии, библиотека, сала за состаноци, простории за дневен престој и слично. Во наредниот период се предвидува да се изврши целосна промена на ламперијата во манастирот и целосно глетување на храмот со што истиот ќе се подготви за цртање на фрескоживописот. Вредно е да се спомене дека сите реконструктивни зафати во манастирот се извршени со средства од манастирот и од верниците. Како алтернативен извор на средства е манастирското лозје кое веќе 2 години се обработува, а средствата од произведените ракија и вино исто така се користат како дополнителни средста за опстојување на манастирот. На старите гробишта е погребан Војводата Леонид Јанков, од село Мачуково, легендарен по песната Трба Трби Гевгелиско. За големината и значењето што го има овој манастир говори фактот дека истиот во минатото бил посетуван од голем број митрополити, архимандрити од Цариградската Патријаршија. Најголема посетеност манастирот има за празнувањето на Успение на Пресвета Богородица, на Преображение, на Свети Спас-Вознесение Христово. Посетата на манастирот е секојдневие на верниците од Гевгелија.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top