Култура и туризам

Великомаченичката Ирена: Првиот христијански маченик од Македонија

velikomacenicka-irina-1

velikomacenicka-irina-1Прогоните против христијаните од страна на римската власт, кои започнале во времето на императорот Нерон и со извесни прекини траеле се до Миланскиот Едикт во 313 г. кога христијанството било признато за рамноправна религија во Римската Империја, повеќе или помалку, ги засегнале христијанските црковни општини на целата територија на Римската Империја вклучувајќи ги оние во Македонија.

За прв христијански маченик од Македонија се смета Великомаченичката Ирена (Ирина) која живеела кон крајот на I век. Како што соопшува анонимниот автор на нејзиното житие, Ирена пред да го прифати христијанството го носела името Пенелопа и потекнувала од благородничко семејство; Татко и Ликиниј бил управник на градот Мигдонија кој се наоѓал во Македонија.

Според црковната традиција Ирена била покрстена лично од Тимотеј, ученикот на апостолот Павле и придружник за време на првото и третото патување на Апостолот во Македонија, а подоцна лично од Павле поставен за епископ на Ефес, на која функција останал се до неговата смрт. Покрстувањето на Ирена од страна на Тимотеј се датира за време на првото или третото патување на Павле во Македонија кога Тимотеј единствено  имал можност лично да ја покрсти Ирена.

Она што збунува во врска со сето ова е фактот, дека, иако се работи за голема и важна светица, сепак, во Новозаветните текстови, во делот каде што сведочат за ширењето на христијанството во Македонија, воопшто не се споменува нејзиното покрстувањето од страна на Тимотеј. Меѓутоа тоа не значи дека податокот во нејзиното Житие не е точен. Напротив, Ирена не е спомната во Делата на светите апостолите зашто во време кога ,,Делата” биле напишани од страна на евангелистот и апостол Лука, Ирена сеуште била млада и непозната за авторот – една од мноштвото христијански преобратеници во Македонија. Во прилог на оваа претпоставка оди фактот дека во Делата на светите апостолите поименично се спомнати само повидните членови на новоформираните христијанските општини во Македонија, додека пак останатите христијански преобратеници (конвертити), меѓу кои била во тоа време сеуште младата Ирена, поради нивната голема бројност не било можно сите поименично да бидат спомнати во текстот.

velikomacenicka-irina-2Веднаш по примањето во христијанските редови Ирена започнала со нејзината проповедничка дејност најпрво меѓу мнозинското паганско население во градот Мигдонија и во неговата околина. Како што соопштува авторот на нејзиното житие благодарение на нејзината мисионерска дејност, а потпомогната од локалниот христијански свештеник Апелијан, во редовите на христијанската Црква биле примени нови 3.000 верници. Набрзо нивниот број се искачил на околу 10.000 христијани. Ова е уште еден податок кој оди во полза на претпоставката дека христијанството многу брзо и речиси незапирливо се раширило во сите делови на Македонија.

Соочен со ваквиот голем подем на христијанското учење сред жителите на Мигдонија, римската власт, на чело со новиот градски управник Седекиј, превзела енергични мерки против повидните членови на локалната црковна заедница. Како резултат на ова властите успеале најпрво да го уапсат Апелијан, а потоа и Ирена.

Останувајќи непоколеблива во христовата вера Ирена одбила да им жртвува на римските богови, што било причина да биде изложена на жестоко измачување. Според нејзиното житие, таа најпрво била фрлена во ископана јама полна со змии отровници, но откако останала неповредена Седекиј ја изложил на дополнителни измачувања. Издржувајќи ги храбро и достоинствено сите маки на кои била подложена, иако не се кажува како и под кое образложение, Ирена била ослободена од затворот, ја напуштила родната Мигдонија и заминала во градот Калиполис, каде продолжила да го проповеда христовото учење.

Тоа била причината што Ирена повторно била уапсена од страна на тамошната римска власт на чело со Бабадонос кој ја извршувал функцијата управник на Калиполис. Тој ја подложил Ирена на нови измачувања, меѓутоа восхитен од нејзината храброст Бабадонос и самиот поверувал во христовото учење и според црковната традиција заедно со голем број на нови верници бил воведен во христијанството.По успехот во Калиполис, Ирена ја продолжила својата мисионерска дејност во другите приморски тракиски градови меѓу кои се спомнува Месембрија.Според преданието таа се упокоила во градот Ефес кон крајот на И или можеби почетокот на II век.

Дејан Донев

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top