Култура и туризам

Вардарски чифлик – вистински приказни од Тиквешијата

staro-kavadarci

(пишува: Александар Башмаков – 1899 година.)

staro-kavadarci…Поминавме по мостот на реката Вардар и продолживме по степата. Планините започнуваат понатаму.

– Челеби, да појдеме на чифлихот за да преноќиме, бидејќи ноќва нема ништо да направиме – рече Хасан.

– Што е тоа чифлик (фарма)?

– Тука живее челебијата од Алеманија, со својата сопруга. Одамна го има купено овој чифлик и живее мирно (го купил 1890 год.)

Се приближивме до чифликот, каде што трепереше светлина. Се слушна гневно лаење на кучињата. Кон нас се приближуваше еден вооружен човек, ама го препозна Хасан со кого започна срдечен разговор. Слегоа од седлата, и кон мене дојде самиот домаќин. Се преставив.

– Извинете – ми рече тој на француски – што ве примам без потребните удобности, јас само што се вратив од пат, а горе, жена ми се готви да отпатува во Европа.

Се утврдува дека „Челебијата од Алеманија“ е англиски рударски инженер, роден во Смирна, кој го купил „Вардарскиот чифлик“ со привилегирани поволности пред девет години. Освен земјоделието и сточарската фарма, тој под коцесија ги презел и рудниците на жива и антимон кој се наоѓале на најнепристапните делови од Мариовските Планини, на  границата од Тиквешијата. Тие рудници се експлоатираат со средствата на солунскиот еврејски трговец со презиме Алатини, а со помош на Лендербанка.

„Вие не можете да си претставите колку е богата таа земја- ми рече сопственикот на имотот г. Шарл Хаткинсон, кога седнавме во пријатната трпезарија, а неговата сопруга почна да не служи со чај, на традиционален англиски начион: во сребрен прибор и со големи чаши. Во аголот од собата лежеа коњите; на  ѕидовите висеа англиски слики; во соседната соба гувернантка – Англичанка, ги подготвуваше за спиење малите нагелчиња, чистокрвни „англисх бабѕ“.

– Овие стени, покажа со раката домаќинот –  се високи 800 метри, и се издигаат над живописна клисура. Насекаде има вода, а на врвот и снег во најтоплите денови од годината. Насекаде непреодна и со векови густа шума, која не е својствена за овој дел од Македонија каде што се е изгорено и пусто. Има дивеч во изобилство, прекрасни пастрмки во реките и многу диви ѕверови – мечки, волци. Во февруари осум Албанци биле изедени од волците. Тие биле нападнати од глутница, од околу 200 волци. Долго време се бореле и успеале да убијат околу 30 волци, но сепак биле распарчени. Волците им ја изеле облеката, обувките, кундаците од пушките, се. Останале само металните делови од пушките.

– Кажи ни, госпоѓо – прашав јас, – се случило ли некогаш престрелка во близина на вашиот имот?

– Не, ние овде живееме доста мирно, меѓутоа секогаш сме вооружани.

Притоа госпоѓата толку многу знаеше за репетиционите системи на пушките „винчестер“, „маузер“, „манлихер“ што веднаш разбрав до каков степен се на светот е релативно, па дури и идејата за мир.

Во собата влезе јунак, Албанец, со импресивна анатомска градба и опашан со реденик од стотина куршуми, со ременот стегнати низ целото тело. Тој со видлива „овчешка“ покорност дојде по наредбата од својот господар – внимателно го ислуша и излезе.

– Обратете внимание на нашиот слуга, – рече домаќинот. – Тој е тука наш главен војник, соборувајќи го рекордот и во натпреварување на сите атлети од Тиквешијата. Еве погледнете ја оваа фотографија, направена од празнувањата во Кавадарци.

Домаќинката ми ја подаде фотографијата на која се гледа дека се собрале многу гледачи околу арената, околу борците кои импресиорнираа со својата големина и сила, а имаше и многу муслиманки со „украсни камења“.

– Зарем жените кај вас учествуваат на ваков собир? – прашав јас. – Пред неколку дена на именденот на султанот во Битола гледав големо народно празнување, имаше повеќе илјади луѓе, ама ниту една турска жена.

– Не овде важат други правила – одговори госпоѓата Хаткинсон.

– Сакате да ви покажам портрет на муслиманизирана Словенка, сликана од мене за време на посетата на една свеченост во Кавадарци. И ми подаде едно плико.

Пред мене имав фотографија на карактеристична словенска убавина, која полна со самоувереност смело гледаше напред, без да има на себе некаков накит и скапоцени камења.

– Треба да знаете дека овде вистински Турци нема. Има само муслимански Словени (помаци).

(…)

Г-ѓа Хаткинсон се вмеша во разговорот. – Јас  пак од истите жени муслиманки дознав многу интересни работи, и од посетите на харемите каде разговарав со тамошните станари. Вие и не можете да сватите колку ум се крие зад тие решетки, колку талент, колку длабоко размислување за животот. Во прангите на турскиот харем, моќна и полна со талент го живее својот живот помуслиманетата Македонка.

– Кажете, го сметате ли муслиманството длабоко засеано во словенската почва? – прашав јас.

– Подобар одговор за тоа може да биде тоа, што тие самите мене ми го кажале, – ми рече на тоа господинот Хаткинсон.

Дискусијата премина во друга насока, т.е. што ќе биде во случај ако во Македонија биде воведен христијански поредок.

Го запрашав дали имаат намера да се иселат во Азија и да го напуштат својот имот. Тој ми одговори: „За ништо на светот не би го направиле тоа. Како ќе ги оставиме своите ниви? Ние подобро да останеме и брзо да го примиме дури и христијанството. Па, ние веќе еднаш сме ја смениле верата. Ако треба уште еднаш ќе ја смениме. А да заминеме одовде немаме намера“.

– Верувате ли во можноста за востание, – прашав јас.

– Мене не ми се верува. Ќе умре премногу раја. Тие дури не умеат да се служат ни со оружје. Но ако има востание, тогаш Турците ќе дадат се од себе. Тогаш може да се случи да бидат убиени многу христијани.“ Тогаш домаќинот ја дополни својата мисла изложувајќи го општоевропскиот поглед кон Турција, осудувајќи ја нејзината моралност, неспособност и фактичките противречја на стварноста.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945.)“ од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци  2010.

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top