Култура и туризам

Промовиран „Пирскиот дом на Ацо Шопов“

aco-sopov-1

aco-sopov-1

Минатата среда, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во организација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности беше промовиран неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – прв интернетски портал од ваков вид кај нас и содржински најобемен интернетски портал зад кој стои издавачката куќа „PHI“ од Луксембург. Салата за седници на Филолошкиот факултет во Скопје беше претесна за да ги собере сите почитувачи на големиот македонски поет коишто дојдоа на оваа свеченост со која најреномираната високообразовна институција за филологија во земјава го одбележа големиот јубилеј 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

Промоцијата започна со инспиративна поздравна реч на деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Славица Велева, по што слово за Шопов и за интернетскиот портал одржа проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. „Периодот од 1944 година кога се појавува неговата прва стихозбирка, па сè до 1950 година, критичарите го оценуваат како прв творечки круг на Ацо Шопов. Уште во овој прв период тој се манифестира како изразит лиричар, кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимна лирика во современата македонска книжевност. Ацо Шопов систематски го гради својот поетски израз, меѓутоа тој не станува жртва на ниту една литературна школа. Создава/твори со уверување дека осовременувањето на поетскиот израз претставува услов за неговиот опстанок и причината за неговото постоење. Вториот творечки период на Шопов се случува меѓу 1952 и 1957 година, и него го одбележуваат стихозбиркитe „Стихови за маката и радоста“ и „Ветрот носи убаво време“. Сепак, збирката „Стихови за маката и радоста“ (1952) се доживува како пресвртница не само во неговото творештво, туку и воопшто во македонската литература. Имено, таа, тогаш доживеана како контраверзна збирка, ја разгорува книжевната конфронтација меѓу ’реалистите’ и ’модернистите’/’интимистите’ околу природата на реалистичната уметност, како и за светското искуство на авангардизмот и модернизмот и нивната примена во литературата“.

Поопстојно, „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ го претстави Јасмина Шопова, носител на проектот, препејувач и ќерка на поетот. „’Лирскиот дом на Ацо Шопов’ е виртуелен простор во којшто отсега ќе живее поезијата на татко ми, препевите, аудио-визуелните интерпретации, оствртите кон неговото творештво, како и споменот за него“, изјави Јасмина Шопова. „Покрај просторијата посветена на неговиот живот, во неговиот ‘Лирски дом’ можете да ја посетите библиотеката што содржи избор од неговите книги, да навратите во читалницата за да прочитате или слушнете неколку песни, да ја разгледате галеријата на неговите ликовни и литературни портрети и да се потсетите или да ги откриете настаните што му беа посветени во последниве години. Постојат и други простории, но  најубаво е самите да ги откриете на www.acosopov.com. Порталот допрва содржински ќе се збогатува и ќе се развива и на други јазици“ – порача Шопова.

aco-sopov-2

aco-sopov-3

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top