Култура и туризам

Наречници

narecnici

narecnici

Меѓу многуте верувања на човекот во постоење на разни натприродни суштества спаѓа и верувањето во наречниците. Имено народот верува дека на третата вечер од раѓањето на детето доаѓаат наречниците и му ја одредуваат судбината. Според верувањето наречниците се секогаш три жени или девојки и доаѓаат точно на полноќ, како што се вели во глуво доба. Во некои краишта се врувало дека тие се жени, во други дека се девојки, во охридско уште дека се облечени во бела селска облека. Она што ќе го каже третата, последната, во некои верувања најстарата, во други најмладата се смета за конечно и другите две се согласуваат со тоа. Во некои верувања најстарата обично барала смрт, средната некакви телесни недостатоци, додека најмладата по чии желби обично се постапувало била најмилостива и таа зборувала колку детето ќе живее, кога ќе се ожени (омажи) каква среќа ќе има во животот и се друго што ќе му се случи. Според верувањето наречниците нареченото го пишувале во тефтери (книги), а според верувањето што го забележал Цепенков на коскста од главата. И во зборнкот на браќата Миладиновци среќаваме запис за наречниците: „Кога детето се рожат, таја вечер идат три жени, кои нар’чват колку и како ќе живјат роденото, и што ќе нар’чат това ќе бидит. Тије три жени се викајат нар’чници“.

Се верува дека наречниците не може да ги види никој освен во ретки случаи мајката на новороденото дете или некој просјак или патник кој тука случајно ќе се најде.

Народот верувал дека тоа што е наречено од наречниците не може да се менува, а ако некој се обиди тоа да го направи ќе биде казнет. Сепак во народот постојат некои обичаи што имаат цел да ја придобијат наклонетоста на наречниците или нив да ги избегнат. Во Дебарца (Охридско) забележавме еден обичај што има цел да го заштити детето од лоштото наречување на наречниците. Имено на третата вечер од раѓањето, значи кога се очекува доаѓањето на наречниците, една постара жена, обично бабата на детето, зема пепел и растура од печката или од огништето до вратата. Потоа го зема детето и со стапалото прави трага во пепелта кон вратата велејќи: „Биро, ко ќе дојдат да ми те барет наречниците, еве го патов ти си ми појдено на кошара, таму да те барет, овде да не идат“.

Верувањето во наречниците нашло одраз во целото македонско народно творештво. Пословиците најчесто го содржат верувањето дека тоа што е наречено не може да се менува: „Така му било речено“ или,: „Така му било писано“, или: „Што му е наречено од наречниците не може да куртулиса макар во волов рог да се пикни“, или: „Што му е пишано на третата вечер на глаата од чоека, сето ќе му врви преку глаа“.

Во другите народни умотворби, приказните и песните, овој мотив е проширен со многу поединости што е резултат не само на широките можности за уметничко обликување на фантазијата на луѓето, на оние природно потенцирани многубројни чувства и очекувања, желби и надежи, неизвесности и неспокојства што новороденото дете секогаш ги предизвикува кај неговите најблиски, туку и на контаминирањата на овој мотив со други фантастични мотиви, како и на позајмувањата на елементи, епизоди и цели творби со оваа тематика од други народи особено од турскиот народ.

Овој мотив, наречувањето на наречниците го среќаваме и во една позната песна за раѓањето на Марко Крале. Бидејќи со овој голем јунак се поврзани низа фантастични елементи и митолошки суштества на народниот творец не му било тешко да го поврзе и со наречниците.

Трудна била млада Евросима, трудна била, дете си родила.
Волкашин се многу израдува, дека му се машко дете роди,
си го прати на крштење в црква, да го крстат уште недојано
на детето името му дале, чесно име Марко Кралевиќе.
Волкашин ми гости поканило, повојница на дете да сторат,
треќа вечер со слатка вечера.
Гости дошле и си вечерале, по вечера што си полегнале,
полегнале и сите заспале, Волкашин ми саде не спиело.
Време било токмо на полноќе, на полноќе, време глуа доба,
што му дошле до три наречници, на детето кжсмет да наречат.
Двете кжсмет на Марка нарекле, треќа рекла – Марко да е јунак,
кога момче оно да порасти, на татка си коски да му скрши…

(Фрагмент од народна песна – Подготви: Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top