Култура и туризам

РЕЦЕНЗИЈА: „ДО БАЛЧАK“, Македониjа 2014, режиjа: Столе Попов

do-balchak

Успешно кинематографско пенетрирање

do-balchak

Несомнено и за светската кинематографија, воопшто, е мошне редок случајот од првата средба со сценариото до премиерата на еден филм да поминат три децении. Македонската приказна на Горан Стефановски конечно преточена во филмот на Столе Попов „До балчак“ ја има токму таквата судбина. За среќа, оваа приказна го има среќниот крај и филмот е веќе дел од нашиот кинорепертоар.

И веднаш: по долги години откако заборавивме како изгледа еден достоен (читај: пристоен) филм од нашата кинематографија, конечно можеме да здивнеме, бидејќи пред нас е филмско остварување, кај кое преовладуваат добрите нешта: впечатлива режија, издржани актерски креации, прекрасна фотографија, музика што ве обзема…

Приказната не` навраќа во годините од првата деценија на минатиот век кога Македонија е дел од Отоманската Империја. Сценариото на Стефановски (Попов се појавува и како косценарист) ја носи вечно актуелната нишка на неопходност од самодокажување на ова парче земја, вешто дополнувајќи ја неговата судбина со богатството од харизматични карактери „искршени“ низ потрагите – по слобода, правда, љубов… Возот „Ориент експрес“ носи една самоуверена млада европска дама придружувана од млад македонски интелектуалец. Попатната станица ја нуди можноста да запознае еден турски офицер и еден бескомпромисен комита. На несекојдневниот љубовен четириаголник му се надоврзуваат уште цела плејада умешно осмислени ликови доловувајќи автентична слика на една епоха…

Столе Попов е еден од нашите водечки режисери („Среќна Нова 49-та“, „Тетовирање“, „Црвениот коњ“, „Џипси меџик“). Радува што паузата од повеќе од 15 години откако го сними својот претходен целовечерен игран филм, воопшто не влијаела врз застарување на неговиот авторски печат. Справувањето со огромниот продукциски товар е во манир на голем мајстор и единствено што може (иако и не мора) да му се забележи е неискористената можност да отфрли неколку од сцените (особено тие со повторено случување, како „комитското безделничко заседнување во кафеаната“) без кои динамиката од дејството во првиот час од филмот би се задржала и во вторите (евентуално) 60-ина минути, со што (можеби) комплетниот ефект би бил посилен.

Радува и работата на кинематограферот Апостол Трпески, кој по „Џипси меџик“ повторно соработува со Попов и дава значаен придонес со прецизното функционирање на камерата „која знае што сака“. Суптилно супериорни се моментите во рацете на креативците за визуелни ефекти од веќе светски афирмираните, а наши ФХ/3Х. Безмалку жив лик се и костимите на Емилија Ивановска-Атанасовска, а прецизно осмислена – сценографијата на соработникот на Kустурица, Миленко Јеремиќ. Музиката на Дуке Бојаџиев едноставно не сакате да престанете да ја слушате…

И конечно, улоги што заслужуваат да бидат посебно поздравени. Словенечката актерка Инти Шрај е уверлива и автентична носителка на нештата што судбински се испреплетуваат околу неа. Сашко Kоцев докажа дека може многу кога има соодветна партнерка покрај себе. Мартин Јорданоски плени со сигурната интерпретација на учтивата невиност и идеализам. Тони Михајловски е во својот полнокрвен актерски елемент. Просторната ограниченост е единствената причина што само со пофалба ќе минат впечатливите епизодни улоги на Драган Спасов-Дац, Владо Јовановски, Предраг Манојловиќ, Kамка Тоциновски, Искра Ветерова,…

„Е.ати животот ако не си спремен да умреш за него“ е мотивот на „До балчак“, што по подолго време во македонската кинематографија потсетува дека вреди жртвата за да се направи добар филм.

Антонио Цифро

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top