Култура и туризам

Битуше е село на чешми

bituse

bituseБитуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, во регионот на Долна Река. Оддалечено е 25 километри јужно од Маврово и на дванаесет километри северно од Дебар. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига планината Бистра со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Местоположбата, почвено – климатските услови, бујното зеленило и изобилството на чисти планински извори Битуше го прават привлечно место за живеење. И не само што речиси, сите, сто и дваесетина куќи се во добра состојба, туку се води грижа и за инфраструктурните потреби. До селото води асфалтен пат, а со изградбата и ставањето во функција на двата селски водоводи, еколошки чиста и здрава вода за пиење има во секоја куќа.

Битуше е поделено на две маала: Село и Ранчевци, а меѓу нив како спојка е третото маало Топузовци. Но, секој сокак си има и свое маалско име – од Била до Синџира. Селото е од збиен тип, а стрмниот терен и ограничениот простор за градба, на битушкиот неимар му дале можност до максимум да ја изрази својата креативност во искористувањето и обликувањето на просторот, изобилно користејќи го каменот, како основен градежен материјал. Куќите во Битуше обично се на два или три ката, а само три куќи во селото имаат по четири ката.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ… Битуше е село на чешми. Изградени се и уредени вкупно 22, во селото, ливадите, над селото и во битушкиот орман. Селото има пат црковни градби: едната сред селото е „Св. Архангел Михаил“, другата „Св. Илија“, е спроти манастирот „Св. Јован Бигорски“ во месноста Добје, третата „Св. Спас“ е на Покладишќа, две други цркви се изградени на Крчин. Навистина селото сега има нешто повеќе од шеесетина жители, но него постојано, а особено во летниот приод и за Водици, го посетуваат голем број иселени Битушани кои му го враќат вриежот на животот каков што бил некогаш.

Чешмите во Битуше:

-Дамчева чешма
-Никова чешма
-Пејчинова чешма
-Ташкова чешма
-Гинова чешма
-Бранова чешма
-Аритонова чешма
-Барев извор
-Триморска чешма
-Чешмата Студенече
-Чешмата Надрајкојче
-Галева чешма
-Бигришка чешка
-Бобарево чешмиче (познато за лекување очи)
-Бранкова чешма
-Чешмата Ѓуревече ( главна чешма на сред населеното место)

Црква „Св. Архангел Михаил“ – главната селска црква, се наоѓа сред село;
Црква „Св. Илија“ – манастирска црква;
Црква „Св. Спас“ – црква во месноста Дабје;
Црква „Св. Св. Архангел“ – мала црква на Крчин;
Црква „Преображение Христово“ – мала црква на Крчин;
Црква „Св. Кирил и Методиј“ – скит на Бигорскиот манастир.

Темел осветен на 31 мај 2001

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top