Култура и туризам

Смрдеш, село вo Eгејскиот дел на Македонија

smrdes

smrdes

Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија со 573 жители (2001). Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од град Лерин и на 38 километри северозападно од Костур, во подножјето на планината Корбец во областа Корешта. Смрдеш е на три километри од грчко-албанската граница. Според месни преданија почетното место на селото било во месноста Селиштето, но по голема чума било изградено на новото место. Селото се споменува за прв пат во османски дефтер од 1530 година под името Исмирдеш со 53 домаќинства. По 1900 година жителите на селото, заедно со жителите на село Дмбени играат водечка улога во борбите на ВМОРО. На 8 спрема 9 мај 1903 година редовна турска војска го напаѓа селото. Причина за тоа е, дека пред повеќе од месец во селото е видена четата на Борис Сарафов. 87 жители (45 мажи, 36 жени и 6 деца) се убиени, 300 куќи се изгорени, заедно со 2 училишта и 19 дуќани. 50 души се ранети, силувани се 35 жени. 1500 души остануваат без покрив. Во 1903 година учителка во селото е Викторија Михајлова од Прилеп. За време на Илинденското востание селото одново е ограбено, мнозина негови жители се претепани, а на други им се отсечени ушите.
Сеќавање на еден жител:

„турците го изгореа, го изгореа два пати зашто селото беше комитцко. Оттаму имаше многу војводи – Васил Чекаларов, Пандо Кљашев и други имаше… Имаше многу отепани, над сто души. “

Во 1903 година во куќата на смрдешкиот жител Иљо Истанин, Лаки Поповски создава нелегална леарница и склад за бомби, преместена по опожарувањето на селото во Дмбени. 1911/1912 година во Смрдеш има 209 куќи со 989 жители и функционира училиште со 3 учители. За време на Балканската војна 42 души од Смрдеш се вклучуваат како доброволци во Македоно-одринското оолчение. Во војната селото е окупирано од грците. По Првата светска војна многу жители на Смрдеш се селат во Бугарија, САД, Канада и Австралија. Во 1906 година во Медисон, Илиноис преселените од Смрдеш создаваат свое благотворно и просветно друштво наречено „Пандо Кљашев“. Селото страда за време на Втората светска војна, а за време Грчката граѓанска војна сите жители се селат во Југославија и другите социјалистички држави. В преброяването от 1951 година е обявено за запуснато. Покасно грчките власти населуваат номадски влашки семејства.

Пописи:

• 1913 – 1 488 жители
• 1920 – 718 жители
• 1928 – 598 жители
• 1940 – 624 жители
• 1951 – 0 жители
• 1961 – 364 жители
• 1971 – 309 жители
• 1981 – 265 жители
• 1991 – 213 жители

Превземено од Aegean Macedonia – Егејска Македонија

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top